Никита, преподобен монах и презвитер на Светата студиска обител


Дејствителни глави
(прва стотица)



75.  Ако сакаш да се удостоиш да ги видиш благата, кои ги подготвил Бог за оние што Го љубат, всели се во пустината на одречувањето на својата волја и бегај од светот. Што е светот? - Светот е похотта на очите и на телото, гордоста на помислите и прелестувањето од видливите работи. Ако избегаш од тој и таков свет, „тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути“ (Иса. 58,8), преку гледањето на божествениот живот и исцелението на твојата душа и ти ќе бидеш изменет од десницата на Севишниот (Псал. 76,10), и раната на страстите „нема да Ти се приближи на телото твое“ (Псал. 90,10). На тој начин, ти ќе живееш во светот и среде луѓето, но ќе бидеш таков како да живееш во пустината и како да не ги гледаш луѓето. Ако на овој и ваков начин не избегаш од луѓето и од светот, тогаш бегањето од видливиот свет никако не може да ти послужи за преуспевање во добродетелите и за соединување со Бога.


7

6.  Не е монах оној што живее далеку од луѓето и од светот, туку оној што, откако се откажал од себеси, е далеку од желбите на телото и се оддалечил во пустината на страсните, односно во бестрасноста. Ако на светиот Арсениј Велики му било реченоː „Бегај од луѓето, и ќе се спасиш“, треба да знаеме дека тие зборови му биле кажани токму во оваа смисла. Зашто, го гледаме како и по оддалечувањето се настанил меѓу луѓето, одел по населените места и живеел со своите ученици. Но, притоа грижливо го запазувал своето внатрешно бегство за време на телесното заедничко живеење со луѓето. Ова истото го рекол и еден друг од големите отци, извикувајќиː „Бегајте браќа!“ И кога го прашале од што треба да бегаат, тој покажал кон својата уста.


Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ, Том V.

 

 Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

28-ми јуни  2018 лето Господово

 

Друго:

 

 

  • Поуки од Светите Отци