логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
Сеќавај се на две помисли и плаши се. Едната ти вели: „Ти си свет човек“, а другата: „Нема да се спасиш“. И едната и другата доаѓаат од ѓаволот и не се вистинити. Ти мисли вака: „Јас сум голем грешник, но Господ е милостив и ги сака луѓето и Он ќе ми ги прости гревовите“.

Така верувај и Господ ќе ти прости. Немој да се надеваш на твоите подвизи, дури и ако многу се подвизуваш. Еден подвижник ми велеше: „Сигурно ќе се спасам, зашто секој ден правам толку метании“. Меѓутоа, кога дојде смртта, ја растргна кошулата која ја имаше на себе.

Според тоа, Бог нас не нè милува поради нашите подвизи, туку единствено по Својата благост. Господ сака душата да е смирена, незлобива и на сите со љубов да им простува. Тогаш, и Господ ќе прости со радост. Господ сите ги сака и ние треба да Го подражуваме, и сите да се сакаме. Ако сме немоќни, да Му се молиме на Господ и Он нас нема да нè одбие, туку ќе ни помогне со Својата благодат.

Уште кога бев како послушник, ја спознав љубовта Божја. Таа е неопислива. Душата чувствува дека е со Бога и во Бога. Духот се радува во Господа, иако телото изнемоштува од Божјата благост. Но, оваа благодат може да се изгуби и за само една нечиста помисла.

Со нечистата помисла во нас влегува демонската сила, и душата се помрачува, па ја мачат зли мисли. Човекот тогаш ја чувствува својата погибел и согледува дека без благодатта Божја, тој е грешна и немоќна земја.

Душата која Го спознала Господа преку долг опит, сфаќа дека човекот, макар и во мала мера, сепак ја чувствува благодатта во себе и има слобода во молитвата, доколку живее по заповедите. Меѓутоа, ако, макар и со една помисла згреши, а нема да се покае, благодатта ќе се сокрие и душата ќе тагува, плачејќи пред Господа.

Душата води борба со помислите цел живот, но ти немој да го затскриваш духот поради таа борба, зашто Господ ги сака храбрите борци.

Горделивата душа ја мачат зли мисли. Сè додека човекот не стане смирен, нема да има мир од нив. Кога нечисти помисли ќе те нападнат, повикај кон Бога, како Адам: „Господи и Создателу мој, Ти гледаш како нечисти помисли ја растргнуваат мојата душа… Помилуј ме“. И кога стоиш пред Владиката, запомни дека Он ќе ги исполни сите твои молби, доколку се полезни за тебе.

Надојде бура, го сокри сонцето и падна мрак. Така и поради една горда помисла, душата ја губи благодатта и ја обзема темнина. Но, исто така, заради една смирена мисла, повторно доаѓа благодатта. Ова сам на себе го почувствував.

Знај дека се работи за гордост, доколку помислата те влече да сознаеш како другите живеат.

Внимавај на себе. Посвети внимание и ќе видиш: штом твојата душа се вознесе над братот, веднаш доаѓа нечиста помисла, која Му е неугодна на Бога, заради што треба да се смириш. Ако не се смириш, на тебе ќе дојде едно мало искушение. Ако повторно не се смириш, ќе поведеш борба со блудот. Ако пак не се смириш, ќе паднеш во некој мал грев.

Потоа, ако ниту тогаш не се смириш, ќе надојде голем грев, и така ќе грешиш сè додека не се смириш. Штом се покаеш, милостивиот Господ ќе ти даде мир и умиление. Тогаш ќе замине сè што е нечисто и ќе исчезнат помислите. Меѓутоа, потоа чувај го смирението со сите сили, зашто повторно ќе паднеш во грев.

Господ и ја одзема благодатта на душата, тогаш кога ќе види дека не е силна во смирението. Меѓутоа, ти не паѓај со духот, зашто благодатта е во тебе, само е скриена. Научи се веднаш да ги отсекуваш помислите. Ако понекогаш се заборавиш и не ги отсечеш веднаш, покај се. Потруди се во ова за стекнеш навика. Ако се навикнеш, така ќе правиш цел живот.

Кај добриот човек и мислите му се добри, а кај лошиот се лоши. Но, секој е должен да се научи на борба со помислите и тогаш од лоши ќе постанат добри. Ова е карактеристика на искусните души.

Прашуваш како се случува тоа?

Еве како: како што секој жив човек чувствува кога му е ладно, а кога топло, така и оној кој со опит Го спознал Светиот Дух, чувствува кога во неговата душа е благодатта, а кога се злите духови.

Господ и дава разум на душата да Го спознае Неговото доаѓање и да Го љуби, извршувајќи ја Неговата волја. Така и мислите кои доаѓаат од ѓаволот, душата ги спознава не по некој надворешен знак, туку по нивното дејство во душата.

Ова се сознава преку опит, а кој нема опит, ѓаволите го прелажуваат.

Демоните паднаа поради гордост и се трудат и нас да нè вовлечат во гордост, уфрлувајќи ни помисли на пофалба. Ако душата ја прими пофалбата, благодатта ќе се повлече од неа, сè додека не се смири. Така човекот целиот свој живот се учи на Христовото смирение. Ако не се научи, душата нема да има спокој од помислите и нема да биде во состојба да се моли со чист ум.

Оној кој сака чисто да се моли, не му се потребни никакви знаења за новостите од весниците. Тој не треба да чита недолични книги, ниту, пак, љубопитно да го претресува туѓиот живот. Сето тоа донесува во умот нечисти мисли кои сè повеќе и повеќе ја збунуваат и ја раскинуваат душата, дури и кога човек посакува да се разбере во нив.

Откако ќе се научи на љубовта Божја, душата тагува за сета вселена, за секое Божјо создание, и се моли сите луѓе да се покајат и да ја примат благодатта на Светиот Дух. Но, ако душата ја изгуби благодатта, љубовта заминува, зашто без благодат не може да се љубат непријателите. Така, од срцето излегуваат злите мисли, како што рече Господ (Мат.15,19; Мк.7,21,22).

Доколку те мачат нечисти мисли, знај дека не си се смирил доволно. Господ рече: Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши. (Мат.11,29)

Без Христовото смирение, душата никогаш нема да биде спокојна во Бога, туку постојано ќе биде вознемирувана од разните помисли, спречувајќи ја да Го согледува Бога.

Блажен е оној кој се смирил, зашто нашол совршен спокој во Бога. Еве, јас сè до сега, секојдневно барам смирение од Господа. Светиот Дух ја научи мојата душа што е Христово смирение, и затоа брзам да го стекнам.

О, Христова смиреност! Кој тебе те почувствувал, постојано копнее за Бога ден и ноќ.

О, колку сум немоќен! Малку пишував и веќе се уморив и душата бара одмор. И Господ за време на Својот овоземен живот во тело, почувствувал човечка немоќ. И Он се заморувал од патувањата, спиејќи на бродот за време на бура. Кога учениците Го разбудиле, им заповедал на морето и ветрот да се стишат и настанала голема тишина.

Така е и во нашата душа. Кога Го повикуваме светото име Господово- настанува голем мир.

О, Господи, дај ни нам да Те фалиме до последната воздишка.

Човекот паѓа во прелест или од неискуство или поради гордост. Ако е поради неискуство, Господ брзо ќе го исцели човекот, но ако е поради гордоста, има долго да се мачи, сè додека не се научи на смирение, и дури тогаш Господ ќе го исцели.

Во прелест паѓаме, кога мислиме дека сме мудри и поискусни од другите, дури повеќе и од духовникот. Слично, од неискуство си помислив и јас, па затоа се мачев, но многу сум благодарен на Бога, што со тоа ме смири и ме вразуми, не одземајќи ја Својата милост. Сега знам дека без исповед кај својот духовник, човек не може да се сочува од прелест, зашто на духовниците Господ им дал власт да врзуваат и разрешуваат.

Доколку видиш светлост во тебе или околу тебе, немој да веруваш, ако со неа не почувствуваш и умиление и љубов кон ближните. Но, немој да се плашиш, туку смири се и светлоста ќе исчезне.

Ако имаш било какво видение, или видиш некој лик или сон, не верувај. Ако е од Бога, Он ќе те вразуми. Душата која не Го спознала Светиот Дух, не може да разликува од каде доаѓа видението. Ѓаволот и дава на душата некоја посебна наслада, помешана со славољубие, по што се распознава и прелеста.

Отците велат дека во моментот на демонското видение, душата чувствува некоја конфузија. Меѓутоа, само смирената душа која се смета себеси за недостојна за видение, при ѓаволското дејство чувствува конфузија и страв, додека суетниот човек не чувствува ниту страв, дури ниту збунетост, зашто тој и сака да има виденија и се смета себеси достоен за тој дар. Затоа ѓаволот лесно го прелажува.

Небесното се спознава преку Светиот Дух, а земното -преку умот. Кој сака да Го спознае Бога преку наука, во прелест е, бидејќи Бог се спознава единствено преку Светиот Дух.

Ако со умот видиш демони, смири се и потруди се веќе да не ги гледаш, и што поскоро отиди кај духовникот или старецот на кого си се предал. Кажи му сè на духовникот и Господ ќе ти се смилостиви и ќе ја избегнеш прелеста. А, ако помислиш дека имаш повеќе знаења во духовниот живот од својот духовник и престанеш да му се доверуваш, Бог, поради гордоста, сигурно ќе допушти да паднеш во прелест за да се вразумиш.

Против демоните бори се со смирение.

Кога ќе почувствуваш дека со твојот ум се бори некој друг ум, смири се и борбата ќе престане.

Ако ти се случи да здогледаш демони, немој да се исплашиш, туку смири се, па тие ќе исчезнат. Ако те опфати страв, сигурно ќе претрпиш некаква штета. Биди храбар. Сети се дека Господ те набљудува дали се надеваш на Него.

Ако паднеш во прелест и посакаш да се избавиш од неа, немој да очајуваш, зашто Господ ги сака луѓето и ќе ти даде да се поправиш и да се ослободиш од помислите кои ти ги подметнува ѓаволот. Но, душата за да најде мир од демоните, човекот треба да се смири и да вели: „Полош сум од сите, полош сум и од стоката и од ѕверовите“, и искрено да се исповеда кај свештеникот. Тогаш ќе ги победиш злите духови.

Како што луѓето влегуваат и излегуваат од куќата, така и лошите мисли доаѓаат и повторно си заминуваат, доколку не ги прифатиш.

Ако мислата ти шепоти: „Кради“, и ти ја послушаш, со самото тоа на демонот си му дал власт над тебе. Ако помислата ти каже: „Јади многу, до наситување“, и ти јадеш многу, повторно демонот завладеал со тебе. Така, ако со тебе завладеат помисли за разни страсти, ќе станеш живеалиште на демоните. Ако, пак, се покаеш како што треба, тие ќе се исплашат и ќе бидат принудени да си одат.

Кога плачеме за своите гревови и ја смируваме душата, немаме виденија, ниту, пак, душата сака, а кога ќе го оставиме плачот и смирението, почнуваме да се занесуваме со виденија.

Долго време не можев да разберам зошто треба да бидеме скрушени, кога веќе еднаш Господ ни ги простил гревовите. Подоцна сфатив дека без скрушеност, човекот не може да се одржи во смирение, зашто демоните се горди и сакаат нас да нè научат на гордост. Господ нас нè учи на кротост, смирение и љубов, и преку нив душата стекнува спокојство.

Во нашата борба потребно е да се биде храбар. Господ му рекол на пророкот Еремија: „Кажи им сè, што ќе ти заповедам; не биди малодушен пред нив, за да не те поразам пред очите нивни“ (Ерем.1,17)

Господ ја сака храбрата и мудра душа. Ако го немаме ниту едното, ниту другото, треба да бараме од Господа и да го слушаме духовникот, зашто во него живее благодатта на Светиот Дух. Уште повеќе, човек, чиј што ум е ранет од ѓаволските дејства, не треба во себе во ништо да верува, туку треба да го слуша духовникот.

Душевните неволји доаѓаат поради гордоста, додека телесните неволји, Бог често пати ни ги дава од љубов, како што беше случајот со многустрадалниот Јов.

Многу е тешко да ја откриеш гордоста во себе. Но, еве ти знак: Ако те нападнат зли духови или те измачуваат нечисти мисли, значи дека не си смирен. Ако, ти и не ја сфаќаш својата гордост – сепак смирувај се.

Ако си раздразлив, или, како што денес се вика, нервозен, ти си во голема неволја. Ако некого го измачува страв, нека знае дека таа болест се лечи со смирен дух и покајание и уште со љубов кон браќата и непријателите.

Извадок од книгата: Архимандрид Софрониј, Старец Силуан, Велес 2014, 461-468

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-pomislite-i-za-prelesta/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная