Едно чудо на преподобниот Димитриј, за кое сведочи Алексиј И. (53 години), специјалист хирург и гинеколог, и ја објаснува чудесната интервенција на светителот во неговиот живот.

„Јас сум хирург-гинеколог околу две децении и голем дел од мојот живот го поминав мирно и богато! Од 1999 година мојот живот одеднаш тргна во поинаква насока и потполно се измени…

Една ноќ сонував мноштво новороденчиња. Новороденчињата како да се бањаа под вода, во еден џиновски аквариум, кој се наоѓаше пред мене и ми се чинеше дека се дават, бидејќи го фаќаа безнадежно стаклениот ѕид на аквариумот, барајќи излез. Никогаш нема да ги заборавам тие очајни и големи очи кои гледаа кон мене! Од следниот ден во мојот живот влезе голема грижа, која ме доведе до голем очај.

На мојата сопруга ѝ беше диагностициран рак во градите и беше подложена на операција којашто ја беше обележала за цел живот без никаква гаранција дека ќе преживее. По некое време мојот син, кој тогаш беше во гимназија, ми призна на еден чуден начин дека должи многу пари на некого и дека неговиот живот може да биде во опасност ако не го врати неговиот долг. Наскоро по ова дознав дека станал зависен од наркотици и позајмувал пари уште повеќе, бидејќи не му стасувале за да си ги исполни дневните дози.

Не помина ни една недела и ми го украдоа автомобилот (потполно нов Пасат фолксваген), којшто не успеав ни да го осигурам од кражби. Сета оваа црна слика се дополни со еден пожар кој ја зафати внатрешноста на нашата викенд-куќа. Бев потполно истоштен! Бидејќи бев христијанин, без да се црквувам често, одеднаш ми дојде мисла да се искачам до Патријаршијата, бидејќи границите на моето очајание се совпаднаа со 27 октомври, денот во кој се слави празникот на свети Димитриј, и кога се поклонуваме на неговите мошти.

Додека чекав ред за да се поклонам на моштите на светителот, тивко се молев на светителот, прашувајќи го пред неговиот ковчег пред кој требаше да клекнам, каде сум згрешил та одеднаш да ми дојдат толку несреќи врз мене и што да правам сега. Кога се најдов пред кивотот со неговите свети мошти, не можев ниту да помислам што…

Ми дојде да плачам и не можев да престанам сѐ дури не се симнав од височинката на Патријаршијата. Сега верувајте ми дека уште наредната ноќ свети Димитриј Новиот (Басарабов) ми се појави во сон и ми проговори со многу љубов и добрина, претставувајќи ми ја вистината која ја имав потполно заборавено, бидејќи бев неблагочестив!

Ми кажа дека оние новороденчиња кои ги сонував во мојот сон се оние 187 дека кои не успејаа да дојдат во овој свет, бидејќи јас им направив киретажа на нивните мајки, кога тие го бараа тоа од мене и добивав огромна сума од пари од нив како награда за тие злодела, пари кои не ги заслужив.

Светителот продолжи да ме просветлува со истата добрина, велејќи ми дека ако треба да продолжам така, да извршувам толку детеубиства, несреќите кои ќе доаѓаат врз мене ќе бидат поголеми. Понатаму побара од мене да крстам толку деца, колку што имам убиено неродени со моите раце, велејќи ми: „Ќе видиш каков резултат ќе имаш ако до крајот од животот правиш такво добро дело! И не греши повеќе…“

Од тој ден немам правено ниту една киретажа и живеев само од лекарските испитувања, бремености или хируршки интервенции кои им помагаа на некои деца да дојдат во овој свет. За брзо време тргнавме со мојата сопруга во детските домови заедно со нашиот парохиски свештеник, крштевајќи барем едно дете во месецот. Ви признавам дека, без да бидам свесен работите зедоа сосема поинаква насока во мојот живот.

Денес, после 5 години, мојата сопруга се чувствува добро, и покрај тоа што ја изгуби едната града, и мојот син, откако заврши средно образование, ме замоли да го однесам во една клиника за наркозависници. Сега е потполно излечен. Испитувањата на мојата сопруга покажуваат дека опасноста од ракот помина. Домот ни се прероди со тешкотија, но добро е, за еден грешник како што сум јас.

Нашите приходи не се намалија и покрај тоа што не правев киретажи. Јас станав навистина верник, којшто се освести барем во 13-от час, дека во животот сѐ се плаќа согласно лошите или добрите дела кои ги вршиме. Гледате како дејствува Бог преку Неговите светители! Преподобниот Димитриј Басарабов не ми направи едно „вообичаено“ чудо, не ми го спаси животот на еден посебен начин, на пример, од една сообраќајка, но ми го отвори умот и ми помогна да се спасам, преку моите дела!“

Преподобниот Димитриј има извршено многу чудеса, кои не се запишани овде. За жал, поголемиот број чудеса не се запишани од страна на отците од храмот. Се надеваме дека понатаму отците кои служат во храмот на свети Димитриј ќе ги запишуваат чудесата кои се случуваат кај моштите на светителот, за укрепување на оние кои немаат толку силна вера.

 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: Π. Βικεντίου Κουρελάρου, „Βίος και θαύματα του Οσίου Πατρός ημών Δημητρίου του Νέου, πολιούχου Βουκουρεστίου“, έκδοση Ιεράς Μητρόπολης Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως, Θεσσαλονίκη 2009.

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2017/11/08/chudo-basarabov/

 

Друго:


Тропар на преподобниот

отец Димитриј Бесарабов
26 октомври / 8 ноември

7.Vselenski.sobor

Моштите твои целебни, сведочат за подвигот пред Господа

и ангелите принесен, и благодатта со која Спасителот ја украси душата твоја

и освети срцето, за кое се молиме денес и за нас да биде отворено,

за преку тебе о, Димитрие пред Господа милост да најдеме.

https://preminportal.com.mk/verski-kalendar/tropar/20786-tropar-na-svetiot-hristov-velikomachenik-dimitrij-26-oktomvri-8-noemvri-2019