Свети Теофан Затворник

Воведна напомена за даденото ветување дека ќе води преписка за духовниот живот. Користа која од тоа се очекува

Откако воочи Вашето заминување за Москва се договоривме дека нашиот разговор ќе го водиме преку писма, за работи кои што Вам Ви се неопходни, за мене беше природно да очекувам дека ќе се јавите по доаѓањето, дека ќе кажете нешто за себе и за новите околности во кои се најдовте. Чекав и чекам, еве веќе колку време, и не дочекав ништо. Што се случи? Здрави ли сте? Ве чува ли Мајката Божја? Или ја сменивте намерата?! Сешто се случува – и тоа е можно. Заради тоа и Ви пишувам, дека ако е така, и ако постои некое притеснување заради мене – дека не треба да ме оптеретувате иле слично – исфрлете си го тоа од глава. Нема да ми бидне тешко да Ви пишувам, особено за такви предмети, напротив – тоа ќе ми претставува не мало задоволство, оти ќе внесе извесна разноликост во моите вообичаени работи. Ќе кажам и нешто повеќе: ако не се оствари она што го замисливме, ќе се чувствувам како некој кој претрпел штета или изгубил нешто. Нема да Ви објаснувам како, но повторувам дека ќе биде така и дека така и треба да биде. Затоа и сакам не да Ви дадам совет, туку да Ве замолам: пишете. Иако од мене не можете да очекувате некоја голема мудрост, уште едно преиспитување на се ќе Ви биде од корист, оти во Вашето сеќавање ќе ја оживее целата таа ситуација и ќе го восредоточи вниманието на неа, можеби и со ослободување на посебна енергија. А ова последното е навистина добро! Бидејќи ако во животот ни се случи некаков неуспех, тој скоро секогаш потекнува не толку од глупост или од тврдо срце, туку од недостаток на срдечност и ревност за она што е потребно. Значи, пишете.

* Светителот Теофан Затворник (во светот Георгиј Василевич Говоров, 1815-1894) бил епископ Тамбовски, потоа Владимирски, за на крај да се повлече од епископската катедра и да живее како затворник во Вишенската пустина. Како истакнат духовен писател, светителот Теофан ги составил толкувањата на неделните евангелија, на посланијата на апостол Павле и на 118 псалм. Значајно место во неговото наследство заземаат и делата од моралното богословие. Книгата „Што е духовен живот и како да се оспособиме за него?“, позната кај неколку генерации православни читатели, наменета им е на луѓето во светот, на оние кои бараат спасение во Христос.

Подготви: Б.Ѓ

Посети:{moshits}