sovet-sv-siluan-atonski

Гордоста не ѝ дозволува на душата да зачекори по патот на верата. Еве еден совет за неверникот: нека рече – Господи, ако постоиш, просветли ме, и ќе Ти служам со сето мое срце и душа. Поради ваквата смирена мисла и подготвеноста да Му служи на Бога, Господ ќе го просветли…

А тогаш неговата душа ќе Го почувствува Господа; ќе насети дека Он ѝ простил, дека ја љуби, и сето ова ќе го познае од опит, а благодатта на Светиот Дух ќе ѝ посведочи на душата за нејзиното спасение, и тогаш човек ќе посака на сиот свет да му објави: „Колку многу нѐ љуби Господ!“

Св. Силуан Атонски

Извор: http://pravoslavie.mk.

13-ти јануари 2018 лето Господово