Христос го измина својот земен пат во постојани страдања. Само што се роди, луѓето намислија да Го убијат. Он ги повикува своите ученици на страдање, а на оној кој несака да страда му говори:

,,Кој не го земе крстот свој и не појде по Мене, не е достоен за Мене"(Мат. 10, 38).

Разгледај ги житијата на сите апостоли: сите тие во страдања го поминаа и завршија животот. Разгледај ги житијата на мачениците: тие со крв и неброени маки си го купија за себе небото. Разгледај ги житијата на преподобните: не е ли целиот нивен живот едно долготрајно невидливо мачеништво?
,,Скитаа по пустини, по ридови, по пештери и земни бездни, во сиромаштија, во маки, во срам" (Евр. 11, 37-38), според зборовите на апостолите а според зборовите во Требникот, ,,преку многу крв и смрт" ја наследија вечноста.
,,Никој не се искачи на небото со леснотија",
- говори светиот Исак Сиријски, -,,напротив, човекот кој се наоѓа под особена Божја Промисла, се познава по тоа што му се праќаат постојани неволји".
Значи, благодари, смирувај се, верувај и предај се на волјата Божја и моли се за оние чие што срце не е мирно. Само во ова можеш да најдеш утеха и исцеление.

Свети Игнатиј Брјанчанинов

ХРИСТОС НАШИОТ НЕБЕСЕН ЛЕКАР

Библиотека Свети Гаврил Лесновски