Свети Филарет Московски


sv.filaret.moskovski.jpgНавистина е пријатно да се споменат во молитва душите на оние за кои знаеш дека очите им се секогаш свртени кон Господа и дека во Него се зближуваат со нас. Само Сезнајниот Бог знае кој му прави поголемо добро на другиот: оној кој се моли или оној кој барал молитва.

Молитвата не приближува кон Бога и наспроти тоа средиште на суштества и светови, не се гледа  она што го гледаме во овој променлив свет. Душата која постојано Го бара Господа и која Му се моли, Му припаѓа на Господа, без оглед на тоа што нејзиниот, понизок, сетилен дел, понекогаш и против нејзина волја, станува вознемирен заради близината и делувањето на силите кои не и се сродни на душата на човекот.

Како што премудро не учи светата Црква: во мир да Му се помолиме на Господ и за еден и за сите. Душата на оној кој се моли во смирение, дури и ако се распламти, гори со тивок и чист пламен. Гори, но не согорува. Врие, но не зоврива. Се излева, но никогаш не се испразнува.

Зар душата на човекот кој усрдно се моли, зар таа не стапува во заедница со оној за кого се моли? Зар во тоа единство таа не дава јак поттик на снагата на душата на која и е потреба помош?

Најдобар начин на дружење и заедница помеѓу луѓето е да се молиме едни за други. Ако молитвата не е совршена, нејзините недостатоци кон можностите треба да се исправаат, а никако да се очајува заради нив. Треба да се разликува активната молитва од состојбата кога некој се насладува со молитвата. Активната молитва човек треба да ја твори секогаш и неуморно, секако според своето пропишано молитвено правило, а утехата ја дарува Господ според Својата благодат, тогаш кога тоа е потребно за да го привлече и крепи човека , и тогаш кога човек може да ја прифати. Исто така, ако почувствувате дека во вас нема сила, нека заради тоа не ве обзема немоќ и очајание, туку првин престанета да се потпирате на себе и молете се, потпирајќи се само на Господа.

Ако од човек барате да ве научи како да се молите, ќе добиете одговор: Не знаеме како да се помолиме.

Ако кажете: Господи, научи на да се молиме—ќе добиете одговор што неброени луѓе го добиле пред вас.

Треба да се трудиме да стекнеме трајна стравопочит кон светињата. Ако стравопочитта кон светињата дојде и си замине, таа сепак во душата би требало да остави смирена и топла желба за заедница со Господа.

Треба да се трудиме во молитвата секогаш да бидеме постојани и да не дозволиме на некои моментални ситуации да не поколебаат. Исто така во молитвата треба да бидеме и тивки и смерни, и да не и дозволиме на вообразбата да се распламти.

На оној кој од восхитување преминува во студенило на срцето, и кој доволно не го зацврстил мирот во неговата душа, потребно му е да вложи уште многу труд.

Ако човек цела година Му служел на Бога и понатаму останал во таа желба, тој труд нема да му пропадне без оглед на тоа ако околностите се промениле. И во семејниот живот секој може да најде време за молитва и тихување. Тогаш кога нема можности да се отиде во храм на богослужба, Господ ќе ја прими и домашната молитва ако таа е искрена и длабока. Никој од вас не бара да им служите на двајца господари. На Господ може да Му се служи и во самотија исто како и во семејство. Ако видите дека семејниот живот сепак ќе ве попречува во служењето на Бога, тогаш одлучете се за самотија.

Тоа што не сте во можност да одите во храм, не примајте го само со тага, туку и со смирено послушание кон волјата Божја. Нека во вашето срце постојано престојува Името Божје и нека од вашата душа кон Бога се вознесува миомирисот на молитвата, и тогаш ќе бидете како во храм Божји.

Ако ви се дадат солзи, бидете му благодарни на Бога за тоа и користете ги со нив да ја чистите својата душа. Но, како што во ништо не треба да претеруваме, така понекогаш треба да поставиме границе, та нашиот ум ќе го восредоточиме кон некое друго корисно дело.

“И се простуваат гревовите, оти таа имаше голема љубов“. Кај научила така да љуби? Таа наместо елек имала солзи на покајание. Божјата љубов кон оние што се кајат, како небесен огин, падна на неа и се распламти нејзиното кандило.

 Подготви: Б.Ѓ.

 

Посети:{moshits}