логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

169.

1.     Вие сте Христови војници; вие треба непрестајно да бидете под оружје, - еве во какво. – 2. Коренот на секое зло е гордоста, но ние треба да се бориме против она, со што сме напаѓани во тој час, зашто не е секогаш една и иста борбата. – 3-16. Разни мисли за духовната борба.

1.    Вие сте Христови војници; војникот треба да размислува за тоа што му е потребно за војната, и да го пази во ред своето оружје, за да може да го употребува секогаш во борбата со непријателот. – Затоа гледајте дали сте подготвени, во каква состојба е вашето духовно оружјеː дали е изострено, исчистено и светнато. Имено, вие треба да ги иматеː мечот на послушноста, оклопот на верата, шлемот на спасителната надеж, штитот на смирението, лакот на добрите помисли и, најпосле, колесницата – вашето чисто тело, кое е истовремено и коњ, кој треба да биде добро обучен за сѐ, - и да не биде многу дебел, зашто нема да биде погоден за трчање, ниту премногу слаб, зашто ќе биде немоќен за потребните движења, добро да ја поднесува уздата на стравот Божји, кога ќе биде употребувана, за да не се оддалечува од потребниот правец на патот и за да не го исфрли јавачот – незаузданиот ум со своите скокови. Ете, Словото Божјо сака секогаш да бидете вакви, зашто вашата војна е непрестајна, вие сте напаѓани секој час и секој миг имате престрелки.

2.    Кој е меѓу вас храбар и силен борец, кој е воинствен, кој ги посечува илјадниците спротивни помисли, победувајќи го најнапред гордиот ум, како некогаш божествениот Давид што го победил гордиот Голијат? – Што настанува од ова? – Натерување во бегство на духовите на злобата, а тоа сеː многубројните и разновидни гревовни страсти. Гордоста на умот, првото и последно зло. Преку неа паднала од небесните височини аждајата, која сега нѐ искушува нас и од неа, како од некаков корен, израснале илјадници илјади гревовни лози. Но, ние треба да се подвизуваме и да војуваме против она, што нѐ напаѓа во овој час, зашто секој час еден е напаѓан од една страна со страст, а друг – од другаː еден боледува од страста на блудот, друг – од чревоугодие, трет – од мрзливост, четврти – од завист, петти – од гнев, шести – од неверување, седми – од непокорување, осми – од самољубие, девети – од неработење, десетти – од жестокост. А сето ова го прави еден единствен дух – сатанскиот.

3.    Нашиот подвиг е голем и разновиденː отсекаде треба да имаме очи, од една страна – да набљудуваме, од друга – да се оградуваме, за да не навлезе непријателот, да не нѐ зароби, да не стави рака на нас и да не почне да нѐ тепа и да нѐ убие.

4.    А потребно е и да предвидувамеː и ние да ги почнуваме нападите и да војуваме. Се случува да се добие еден удар, а да се дадат десет, да се добие мала рана, а да се отплати – со задавање смрт.

5.    Кој има рането тело, тој бара лек. Исто така, кој има ранет дух, и тој треба да бара соодветен лек за својот ранет дух. Овој лек е исповедта со епитимијата. А кога ќе се направи тоа, пак треба да се излегува на борба.

6.    Кој ќе победи во телесната борба, тој добива една награда, а кој ќе победи во духовната борба, тој добива венец – одликувањаː секојдневните борби донесуваат секојдневни награди и венци.

7.    Блажени сте, ако победувате и, ако не се предавате. Крепете се и не бидете малодушни сѐ додека не заврши за нас војната со нашето преселување од земјата.

8.    Бидете храбри, чеда мои возљубени и  браќа, бидете храбри, зашто Го имате Бога за свој помошник и закрилник на вашиот живот, го имате вашиот ангел пазителː ги имате за закрилници светиите, чии имиња ги повикувате на помош, го имате и непобедливото оружје – знакот на Христовиот крст.

9.    Да не се плашиме од илјадниците невидливи непријатели, кои нѐ напаѓаат преку лошите помислиː да не ги свиеме колената пред Ваалот на телесните страсти и сласти, да не им го предадеме на нашите непријатели нашето целомудрие, кое го зел за Своја невеста Христос за да биде свето, членовите на нашето тело да не ги направиме членови на блудот и садови на нечистотата, кои се членови Христови, Кој е пречист и бесмртен Младоженец.

10.    Да не го примаме за советник сатаната, кој замислува како да нѐ изгони од нашата рајска киновија – од нашето манастирско братство; да не ги отвораме вратите на нашата душа пред крадците – пред демоните и да не им дадеме да го украдат сокровиштето на нашата душа.

11.    Колку е добро да живееме во градот, кој го изградил нашиот Господ Бог за нас од разновидни добродетели! Колку е блажено да го запазиме достоинството на нашата душа незаробено од гревот! Душата, која не е заробена од страстите „целата е слободна, боговидна, господствена, светловидна, израдувана, богособрана, богоисполнета, небесна.

12.    Не е таква душата, која е заробена и завладеана од страстите – нејзините мачители. Таа ужасно страда, ја влечат таму – ваму на работа кај секоја страст и секое срамно дело. Таа прима наредби од демоните и покорно извршува сѐ што ѝ е заповедано. Над неа владее бесот на телесната сласт, бесот на зависта, бесот на омразата, бесот на зборливоста, бесот на чревоугодието, бесот на мрзливоста, бесот на неверувањето, бесот на хулата, бесот на гневот, бесот на гордоста, бесот на лагата, бесот на кражбата, бесовите и на сите други страсти, чии имиња никој не може да ги изброи.

13.    Од какви бесови е човек измамен, ним им е потчинет. Неговата бедна душа се измачува под нивниот јарем; несреќен е нејзиниот живот. Таа целата е жална, мрачна, без светлина, безбожна, без вид, одвратна за сите што мислат согласно со Божјите вистини.

14.    Да не го унижиме нашето достоиство, чеда, да не ја продадеме нашата слобода. Откако ќе се ослободиме, да не бидеме пак робови (1. Кор. 7, 22-23). Да не ја претвораме нашата светлина во темнина; да не ја претвораме нашата убавина во грдост; да не го свртуваме нашето лице од нашиот Бог, за да не стане тоа одвратен и срамен образ на гревот; да не ги соблечеме светлите облеки на добродетелите и да не се облечеме во мрачните партали на беззаконијатаː бидејќи сме веќе синови Божји, а не да станеме пак рожби на ѓаволот.

15.    Кој е тој, што има здрав ум, и што ќе се реши, откако е ослободен, пак да се предаде во ропство? – Кој е тој, кој веќе е посинет од Бога, што ќе се согласи пак да биде нарекуван пород ѓаволски? Кој е тој што ќе го отфрли неискажливото благородство на добродетелите и ќе избере да се врати пак во одвратниот страстен живот? Кој е тој што ќе посака да премине од огромното духовно богатство во духовна немаштија? Кој е тој што ќе претпочита да го загуби царството небесно, за да ги придобие огинот и темнината, и другите страшни маки? Тоа не можат да го направат оние што имаат здрав ум; тоа можат да го  направат само оние што немат ни ум ни чувство, оние, кои би се согласиле, како созданија по Божјиот образ и подобие, за да ги наследат вечните блага, свесно и доброволно, поради безумно сластољубие, - да се спуштат до длабочината на пеколот и вечните маки?

16.    Да се разбудиме ние што дремемеː да си ги отвориме очитеː да почнеме да слушаме, одново да придобиеме нови сили ние раслабенитеː да станеме храбри, да се воодушевиме и да појдеме по патот што води кон спасението. Да извикаме кон Господа, и Он ќе ни помогне. Зашто „близу е Господ до сите, кои го признаваат, до сите, кои вистински Го признаваат; и смирените по дух ќе ги спаси“ (Псал. 144, 18; 33, 18).

Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ –Том IV

Подготви: Т.С.

14-ти ноември 2017 лето Господово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная