логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Третата стотица
На теориски (мисловни) глави, - за љубовта и совршенството на животот


1.  Бог е бестрастен ум, Он е над секој ум и над секоја бестрасност; светлина и извор на добра светлина; Он е премудрост на Словото и на знаењето и Дарител на премудроста, словото и знаењето. На кои им се дарувани овие дарови заради нивната чистота и во кои тие се гледаат, во нив живее и Он. Тие, преку тоа, се синови Божји, водени и раководени од Светиот Дух, како што е напишано: „Сите оние што се управуваат по Духот Свети, се синови Божји“ (Рим. 8,14).


2.  Оние што преку подвижничките трудови станале чисти од секаква телесна и духовна нечистотија, тие станале и живеалиште на бесмртната природа преку даровите на Светиот Дух. А оние што го придобиле ова, преполни се со пријатна светлина, исполнети со неа, имаат мирно срце и говорат благи зборови и Божјата премудрост тече од нивните усти за знаењето на божествените работи, нивните чисти зборови објавуваат за длабочината на Духот. За нив апостолот вели: „Против такви нема закон“ (Гал. 5,23), зашто тие еднаш и засекогаш се соединиле со Бога и се измениле со добро изменување.


3.  Оној што со усрдност се труди да се приближува кон Бога и божественото – станува одраз на Божјиот образ со своите душевни и телесни добродетели. Бидејќи тогаш тој се упокојува во Бога и Бог во него, по сорастворањето во себеси доживува божествено блаженство, поради богатството на Божјите дарови; и според своето внатрешно устројство се чувствува дека е бог, а Бог е Оној Кој го создава неговото совршенство.


4.  Човекот не е образ Божји според своето ограничено телесно устројство, туку според духовната природа на својот ум, кој не може да биде опишан од телото, кое тежнее надолу. Како што Божјата природа, која е вон секоја создадена твар, не може да биде опишана, не може да се одреди како нешто телесно, опипливо, невидливо, бесмртно, неопфатливо, такво – какво што ние никогаш не може да го разбереме, - таква е и нашата духовна природа, создадена од Него, која не може да биде опишана, зашто не е телесна, не е видлива, не е опиплива, не е опфатлива, а е образ на бесмртната и вечна Негова слава.


5.  Бидејќи е првиот ум, Бог го има во Себеси едносуштното Слово, и Светиот Дух – секогаш соедносуштен; Он не бил никогаш и не е без Словото и Духот, зашто нивната природа е неразделива, но е и неслиена, зашто нивните ипостаси не се сливаат. Затоа – и, раѓајќи Го соедносуштното Слово Свое од Својата суштина, Он Самиот не се одделува од Него, бидејќи е неразделив во Себеси.  А Словото Го има соедносуштниот Дух, Кој пред сите векови исходи од Отецот, - и Он од Својот Родител не се одделува. Зашто Они имаат една и неразделива природа, иако според разликата на ипостасите се делат на лица, а се прославуваат во Светата Троица – Отец, Син и Свети Дух. Овие лица како едно по природа и еден Бог, никогаш не се разделуваат, зашто се едно според суштината и според природата. Оваа триипостасност и ова единство според природата гледај ги и во човекот кој е создаден од Него, но по неговиот духовен дел, а не по телесниот, по оној што е бесмртен, а не по оној што е смртен и што се распаѓа и гние.


6.  Бог е неспоредливо над сите од Него создадени твари. Он го раѓа Словото без да се разделува со Него, и Светиот Дух исходи од Него, ги запазува и силата и битието на тварите; Он е надвор од сѐ и внатре во сѐ. На тој начин и човекот, кој е соединет со Божјата природа, бидејќи неговиот образ духовен, не и телесен и не по својата смртна душа, - има свој ум, кој од својата природа раѓа слово, а е и во видливите телесни делови и надвор од нив. И како што неговиот создател што не е разделен од Своите ипостаси – од Словото и од Духот, така и човекот, по својата душа, останува неотсечен и неразделен од умот и словото; останува една природа и една суштина, неописива со телото.


7.  На триипостасниот Бог Му се поклонуваме – на Отецот, Синот и Светиот Дух. Триипостасен го гледаме и човекот, создаден според Божјиот образ, - со душата, умот и словото, кој Му се поклонува на Бога, Кој создал од ништо сѐ што постои. Она што Му е на Бога совечно и едносуштно по природа, тоа му е и на човекот, на Неговиот образ, соприродно и едносуштно. Според овие особености се гледа, оти го имаме во нас Божјиот образ, и според овие својства јас сум образ Божји, иако сум измешан со кал и прав.


8.  Едно е Божјиот образ, а друго е што се гледа во тој образ. Образот Божји е – духовната душа, умот и словото, - една и неразделива суштина; она што го гледаме во овој образ е: самостојноста, независноста и слободата. Исто така, едно е словото на умот, а друго е неговото достоинство; едно е она што е по образот, а друго е она што е по подобието. Славата на умот е во неговото издигнување нагоре, неговата непрестајна устременост кон возвишеното, јасниот поглед, чистотата, разумноста, мудроста и бесмртноста. Достоинството на умот е разумноста, самостојноста, независноста и слободата. Она што ни е својствено по Божјиот образ, тоа е што имаме душа со ум и слово, која е лична, едносуштна и неразделна. Умот и словото ѝ припаѓаат на душата, која е нетелесна, бесмртна, божествена, духовна, - а сите овие особености се едносуштни, совечни и неразделиви меѓу себе и не можат да бидат разделени. А она што ни припаѓа по подобието е: праведноста, вистинитоста, добрината, сочувството и човекољубието. Кај кого се овие својства во дејство и непрестајно присутни во нас ни служат да согледаме што е она што е во нас по образот, а што по подобието.


9.  Тричлената разумна душа се гледа и во двата начина на дејствување, од кои едниот е разумен, а другиот – страстен. Разумното, кое е создадено, по образот на Создателот, не може да биде задржано и одредено од чувствата, зашто тоа е внатре и надвор од нив. Дејствувајќи на овој начин, таа се присоединува кон божествените разумни сили, по својата природа тежнее кон Бога, како кон својот првообраз, со силата на божествената природа во неа. Страсното дејствување преку чувствата се раздробува на многу делови, приопштувајќи се кон страдања и радости. Со дејствувањето на овој начин, таа се приопштува кон својата чувствителна природа, кон хранењето, влијанието на воздухот – студот и топлината, со тоа покажува дека има потреба од храна, за да го одржува својот живот и за да расте и да биде здрав. Менувајќи се под дејството на сето ова, душата понекогаш има похот, ги прифаќа неразумните похоти, се отклонува од природните движења, понекогаш премногу се лути и се исполнува со неразумен гнев, а другпат – чувствува глад, жед, жалост, болест, и потоа пак се успокојува: се насладува со радостите и се измачува од страдањата; затоа, тоа нејзино својство и се нарекува страдално или страсно, зашто се пројавува во страстите и во страдањата. А кога „се изложуваме на смрт заради Исуса“ со животот на нашиот ум, заради победата на доброто над лошото, „та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело“ (2. Кор. 4, 11), создавајќи ја во нас животната умртвеност на бестрасноста и, подавајќи ја негниежливата бесмртност со наитието на Светиот Дух.


10.  Бидејќи Создателот на сѐ, пред да ги создаде сите работи од ништо, имал во Себеси знаење за нивната природа и суштина, како цар на вековите и Зналец на сѐ, предвидлив однапред на сѐ, така и на човекот, кого го создал според Својот образ и подобие, како цар на сите земни созданија, му дал да има во себеси не само сила да ги познава работите надворешно, туку да го познае и она од што се тие составени. Така, на пример, тој има во себеси, во своите гради и суво и студено, од што е создаден, топлина на крвта од воздухот и од огнот, влажност од водата, од растенијата – можност за растење, од животните и од растенијата – можност за исхрана, од неразумните животни – страсност, од ангелите – мисловност и разумност, од Бога – вдахнатата од Него нематеријална, нетелесна, туку духовна и бесмртна душа, која се огледа во умот и во словото, и во силата на Светиот Дух и за да суштествува и живее.


11.  На Бога, кој нѐ создал според Својот образ и Своето подобие – ние сме подобни со добродетелите и разбирањето. Добродетелта е Божја правда, преподобност и вистина, како што вели Давид: „Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди“ (Псал. 118,137; 88,8), и уште: „Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела“ (Псал. 144,17). Ние сме подобни на Бога и со правдината и добрината, зашто „благ и праведен е Господ“ (Псал. 24,8); со словото на премудроста и разумот, зашто тие се во Него и Он Самиот се именува премудрост и разум (сп. Кол. 2,3), светост и совршенство, како што вели и Он Самиот: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Матеј 5,48). И: „Бидете свети, затоа што сум свет, Јас Господ, вашиот Бог“ (3. Мој. 19,2); смиреност и кротост, зашто Он Самиот говори: „Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Матеј 11,29).


12.  Нашиот ум, бидејќи е образ Божји, го има она што му е својствено, кога се наоѓа во дејноста што му е сродна, кога не си дозволува да има во себеси движења, оддалечени од неговото достоинство и од неговата природа. Затоа, силно сака да се враќа на она што се однесува на Бога и што сака да се соедини со Него, од Кого добил почеток, со Чија сила се движи, кон Кого се стреми според своите природни својства и сака во човекољубието и едноставноста, да се угледа на Него. И умот, раѓајќи го словото, како друго небо, ги устројува душите на едноплемени луѓе, ги прави постојани преку трпеливото извршување на добродетелите, ги оживотворува со духот на својата уста, давајќи им сила против погубните страсти. На тој начин и тој се покажува како устроител на духовната твар, подражавајќи Му на Создателот на големиот свет, на Бога, и јасно ги слуша во себе овие зборови озгора: „Ако извлечеш скапа работа од ништо, ќе бидеш како Мојата уста“ (Јерем. 15,19).


13.  Оној што ја извршува дејноста, која е природна за умот со достоинствено употребување на словото, тој се очистува од материјалното и се украсува со кротост, смиреност, љубов и милосрдност, а се просветува со светлината на Светиот Дух. Устремувајќи ги очите на својот ум кон возвишеното созерцание, навлегува во познавањето на скриените Божји тајни и со љубов им ги соопштува преку словото на премудроста на оние што можат да ги слушаат, умножувајќи го на тој начин својот талент не само заради себеси, туку и за своите ближни, давајќи им да се насладат со неговите плодови.


14.  Оној што ја издигнал подобрата од своите две природи над полошата и ја направил слободна од нејзините влијанија, тој го придобил духовниот живот меѓу духовните суштества, станувајќи и самиот дух, иако го гледаат телесно да се движи меѓу другите луѓе.


16.  Сѐ додека нашите природни сили се однесуваат лошо меѓу себеси и се раздвојуваат, сѐ дотогаш не можат да ги примат натприродните Божји дарови. А сѐ додека ги немаме во себеси, ние стоиме некаде далеку и од таинствената света тајна, која се извршува со духовно дејствување на умот, на небесниот жртвеник. А кога ревносно ги  минуваме светите подвизи, тогаш се чистиме од чувствените пориви и со силата на Светиот Дух ја собираме во едно нашата разделена и распадната личност, - тогаш се удостојуваме да ги примиме неискажливите Божји блага; тогаш и божествените тајни на свештеното служење со нашиот ум – на Бог Словото Му ги принесуваме врз духовниот Божји жртвеник, како гледачи и свештенослужители на неговите бесмртни тајни.


17.  „Телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото“ (Гал. 5,17). Меѓу нив постои некаква скриена борба, во која еден од непријателите одржува победа на другиот и ја презема власта на своја страна. Тоа е она што се нарекува бунт, востание и меѓусебна борба, од која се раздвојува душата.


20.  Божествената светлина ги соединува во себеси душите кои се соединиле со неа, и преку единството ги обединува во себеси; ги усовршува со своите совршенства, нивното умствено око ги воведува во Божјите длабочини и ги прави гледачи на големите Божји тајни. Ти само треба да посакаш да ја придобиеш совршената чистота преку духовните трудови, и тогаш вистински ќе го видиш во себеси ова што го рековме и што Му е угодно на Бога.


24.  За запазување на скриените сокровишта на Духот, потребно е да се ослободиме од човечките дела, да го одбереме безмолвието, кое, заедно со чистотата на срцето и сладоста на умилението – силно ја распалува љубовта спрема Бога, ја разврзува душата од веригите на чувствата, а нејзините сили ги издигнува во нивната природна состојба и им го враќа нивното првобитно устројство.


34.  Колку ни е достапна богоподобноста, ова не може да го сфати ревнителот на богоугодниот живот сѐ додека со искрени солзи не ја отстрани и измие гревовната нечистотија и не почне неотстапно да ги извршува Христовите заповеди. Без ова не може да ги прими неискажливите Божји дарови. Зашто, оној што сака со умот свој да ја вкуси целосно божествената сладост, тој е должен да се ослободи од секое световно  чувство и душата своја да ја занимава со созерцанието на светите тајни.


35.  Богоподобноста која се добива со чистота и целосна љубов кон Бога, можат да ја запазат неизменлива, само оние што го имаат окото на својот ум непрестајно кон Бога насочено, а ова душата обично го постигнува преку постојано престојување во извршувањето на доброто, како и непрестајна, чиста и нерасеана молитва, преку целосно воздржување и усрдно читање на Светото писмо.

Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том V

Подготви: Т.С.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5839
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6447
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная