логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Свети Марко Подвижник – Списи

 

 

  1. Поуки од свети Марко, извадоци од неговите други слова

 

  1. Сѐ што ни се случува тажно и жалосно, ништо од сето тоа не нѐ постигнува несправедливо, туку сѐ што бива, бива според праведниот Божји суд. Едни страдаат поради своите лоши дела, а други поради лошите дела на своите ближни. И трите момчиња, кои биле фрлени во распалената печка, нѐ поучуваат така да мислиме, кога велат дека биле фрлени во неа, по своја вина (сп. Дан. 3, 28, 31) и по Божја наредба, иако ја примиле казната поради клеветите на други луѓе. И светиот пророк Давид, кој бил навредуван од Семеј, изјавил дека е навредуван по своја вина и по Божја заповед (сп. 2. Цар. 16, 11). И Исаија, Јеремија, Језекил, Давид и другите пророци им претскажувале на израилците и на незнабожечките племиња, дека во иднина ќе ги постигнат страдањата, соодветни на нивните гревови, објавувајќи им ги истовремено и нивните вини и нивните страдања, велејќиː затоа што правевте и говоревте така, ве постигнуваат овие страдања. И блажениот Давид, објаснувајќи го ова, говориː „Знам, Господи, дека Твоите судови се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни“ (Псал. 118, 75), и уштеː „Занемев и не ја отворив устата, зашто Ти ме создаде. Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака. „(Псал. 38, 9-10).
  1. Оној што нѐ прекорува, да го примиме како да е испратен од Бога, за да ги изобличи лошите мисли во нас, та да ни помогнат точно да ги разгледаме нашите мисли и да се поправиме, зашто ние не знаеме какво сѐ зло се скрива во нас. Зашто само совршениот може да ги знае сите свои недостатоци. Ако не можеме лесно да ги знаеме ни нашите јавни недостатоци, уште помалку можеме да ги знаеме нашите помисли; не го знаеме поголемиот дел од злото што се крие во нас, а се прашуваме зашто нѐ постигнуваат страдањата. Да бидеме разумни и да разбереме зошто Бог ни испраќа страдања; забораваме дека Он со тоа ни прави само добро. Пред сѐ, преку тоа ни ги открива нашите тајни мисли, кои владеат со нас; тоа го прави и затоа што сака да ни даде вистинско и нелицемерно смирение. Освен тоа, Он преку тоа нѐ избавува од суета и гордост и потполно откривање на секое зло што се крие во нас. Добро знајте, дека ако не ги поднесуваме трпеливо страдањата што нѐ постигнуваат со вера и со благодарност, тогаш не можеме да го познаеме злото што е скриено во нас. А, ако ова не го познаеме и не го признаеме јавно, тогаш и нашите сегашни помисли не можеме да ги отфрлиме, не можеме да се молиме ни за очистување на нашите зла од минатото, а не можеме да бидеме тврдо убедени дека ќе ни бидат простени и во иднина.
  1. Се чини дека страдањата и изобличувањата што нѐ постигнуваат не биваат соодветни на нашите вини, но во духовен однос тие ја запазуваат сета правда. Ова можеме да го видиме и во Светото писмо. Зарем оние што изгинале под урнатините на Силоамската кула ја урнале кулата и врз другите? Зарем заробените кои биле одведени на покајание во Вавилон, заробувале и други на покајание? Не се такви случаите кога се накажува, туку како што војниците, ако бидат изобличени за некој престап, биваат подлагани на казна со тепање, но не претрпуваат маки, какви што им причиниле тие на другите; така и сите ние биваме накажувани со маки, кои се корисни за нашето покајание, тогаш кога е тоа потребно и на соодветен начин. Ова и ги доведува многумина до неверување во Божјата правда; нив ги збунува одложувањето на времето и несоодветноста на нашите страдања со нашите вини.
  1. Причина за секое наше страдање се нашите мисли. Јас би можел да кажам дека, причина за нашите страдања се и нашите зборови и дела, но бидејќи тие не биваат пред мислите, затоа за сите нив мислата ја сметам како причина за сите наши страдања. Мислата претходи, а потоа преку зборовите и делата ние општиме со нашите ближни. Има два вида општењеː едниот вид општење произлегу од пакост, а другиот од љубов. Преку општењето се доаѓа до врска со луѓето, дури и со оние што не ги познаваме, а за прифаќања на ближниот неопходно се потребни страдањата, како што се вели и во Светото писмоː „Синко, ако си зел одговорност за својот ближен и си ја дал раката своја за друг“ (Изрек. 6, 1). Па така, секој страда не само поради себе си, туку и за својот ближен и затоа што го прифатил како свој.
  1. Прифаќањето на ближниот, кое произлегува од пакост, бива недоброволно. Се случува вакаː оној што го лишува својот ближен од нешто, макар и да не сака, ги прима врз себе искушенијата на онеправданиот; и оној што клевети – ги прима врз себе искушенијата на оние што ги наклеветил. И така натаму; оној што грабел од ограбениот, оној што презаморува од преуморениот; оној што озборува ги прима искушенијата на оној што е озборуван; оној што презира на презрениот; оној што мами на измамениот. И да не ги набројувам сите случаи пооделно, ќе кажам накусоː секој што го навредува својот ближен соодветно со навредата што му ја нанел, ги прима врз себе искушенијата на оној кого го навредил. За ова сведочи и Светото писмо, велејќиː „Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ќе се врати“ (Изрек. 26, 27). Исто такаː „Жреб се фрла во скут, но сѐ што решава тој, од Господа е“ (Изрек. 16, 33). А светиот апостол Павле вели: „Зарем Бог е несправедлив, кога се гневи?“ (Рим. 3, 5). Бог се гневи не само против оние што ги вразумува преку страдања, туку и против оние што неразумно се бунтуваат против овие страдања.
  1. Да го примиме нашиот ближен од љубов е она, што ни го предал нашиот Господ Исус Христос. Тој најнапред ги исцелил нашите душевни немоќи, а потоа и ги исцелил сите наши телесни немошти и болести; ги зел врз Себе гревовите на светот, обновувајќи ги сите оние што поверувале во Него и исчистувајќи ја нивната природаː им подарил избавување од смртта; им заповедал да Го почитуваат Бога, ги учел да живеат според Неговите заповеди, покажувајќи ни дека треба од љубов спрема ближните да страдаме дури до смртта. А потоа ни дарувал и трпеливост преку даровите на Светиот Дух и идните блага, според зборовите на свети апостол Павле, велејќиː „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат“ (1. Кор. 2, 9). Затоа прима и искушенија за нас, претрпува навреди, бива предаден, тепан по образите, напојуван со оцет и жолчка, прикован со клинци, распнат, прободен со копје. Па така, откако се соединил со нас и телесно и духовно, примил за нас страдања. Он потоа им го дал овој закон на Своите свети апостоли и ученици, на пророците, оците, патријарсите; едните ги научил на ова преку Светиот Дух, а на другите им го покажал преку причастието со Своето Тело. Укажувајќи на ова прифаќање на Себе, Он говориː „Никој нема поголема љубов од овааː да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15, 13). Затоа и светиот апостол Павле, угледувајќи се на Господа, говориː „ Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во мојата плот за телото Негово, кое е Црквата“ (Кол. 1, 24), укажува на прифаќањето по љубов.

  1. Сакаш ли појасно да разбереш како сите апостоли кои и со мисла и со зборови и со дела стапиле во општење со нас и преку тоа општење претрпеле за нас искушенија? Тие го правеле тоа преку мислата, напомнувајќи ни што е напишано, наведувајќи пророштва, советувајќи нѐ да веруваме во Христа, како Избавител, уверувајќи нѐ, дека сме должни да Му служиме Нему, како на Син Божји по природа, Кој се моли за нас, Кој пролива солзи и прави сѐ што можат да направат оние што се верни со својата мисла. Молејќи нѐ, заканувајќи ни се, учејќи нѐ, изобличувајќи нѐ, прекорувајќи нѐ за маловерност, осудувајќи го нашето незнаење, објаснувајќи ни го Светото писмо, откривајќи го времето, исповедајќи Го Христа и проповедајќи дека е Он распнат за нас, тврдејќи дека овоплотеното Слово е едно, а не две, иако знаеме дека се состои од две природи, кои се соединети неразделно и неслиено; во секое време, на секое место и во секое дело; тие го отфрлаат погрешното верување, не се согласуваат со лагата, не разговараат со оние што се фалат по тело, не живеат заедно со суетните, не се плашат од гордиот, го уништуваат лукавиот, ги примаат смирените, ги присвојуваат побожните и ги учат да го прават тоа истото. А со своите делаː бидејќи гонети, исмевани, лишувани, навредувани, фрлани во затвори, убивани и пострадале за насː Стапувајќи со нас во општење, тие ги примиле и нашите искушенија, светите апостоли велат, дека се утешуваат кога се спасуваме, а тажат заради нашето спасение, зашто го примиле законот од Господа, Кој реколː „Никој нема поголема љубов од овааː да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15, 13). И апостолите ни го предале тоа истото, велејќиː „Љубовта ја познаваме по тоа, што Он ја положи за нас душата своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата“ (1. Јов. 3, 16). И уштеː „Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов“ (Гал. 6, 2).
  1. Па, бидејќи запознавме два вида на општење еден со друг, односно примање, кое бива по нужда, и тоа што произлегува од љубов, тогаш не треба да се чудиме за искушенијата што ги имаме и да се прашувамеː како, кога и преку кого тие нѐ напаѓаат, зашто нивната соодветност со нашите вини, времето на нивното неизбежно настанување и последиците нивни за целата твар – ги знае само Бог. А ние треба само да веруваме во Божјата правда и да знаеме дека сѐ што станува со нас бива или поради љубовта или поради злобата и дека сме должни да трпиме и да не бегаме од страдањата, та со тоа да не додадеме уште еден грев кон нашите гревови.

Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ - Том I

Подготви: Т.С.

12.07. 2017 лето Господово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 731
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »