логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Откако нашиот Бог и Спасител Исус Христос, поради Своето големо и неискажливо човекољубие, се смилува над човечкиот род, бидејќи не можеше да поднесе Неговото создание да биде држано од ѓаволската измама, Он доброволно се понижи Себе и се воплоти од Светиот Дух и од Пречистата и Славна Богородица и Приснодева Марија, се јави на земјата и со луѓето поживеа. Откако стана по изглед еднаков со нашето тело, Он го осуди гревот со Своето тело, та оние што умираат преку Адама, да оживеат преку Исуса Христа. Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши непријателската преграда, откако со Крстот го уништи непријателството. Христос стана првенец меѓу умрените, и Самиот Он го упати човечкиот род по патот на нераспадливоста. Откако се вознесе на небесата, Он седна од десната страна на престолот на величието во висините. Господ му даде на човечкиот род заповед за испитување, и во последните времиња ќе дојде да им суди на живите и на мртвите и, како праведен Судија, ќе даде секому според неговите дела. Зашто Бог не ја сака смртта на грешникот, туку да се покае и да биде жив, бидејќи секој човек е многу склон кон злото. Милостивиот Бог не го остави Своето создание, и не го заборави делото на Своите раце, туку секоја година и во секое време избира мажи и им ги покажува на луѓето нивните дела и подвизи, та откако ќе се уподобат на нив, да достигнат вечен живот. А по нив ги избра пророците, по пророците – апостолите, по апостолите – мачениците, праведниците и учителите. Тоа се случи и во наше време. Зашто тие (пророците) велеа: „Слепи ќе прогледаат, глуви ќе го слушаат словото на Писмото, и сите ќе почнат да говорат на разни јазици за Божјите величија“.

Во градот, пак, Солун имаше еден маж, по име Лав, човек непорочен, праведен и Го почитуваше Бога. Тој се воздржуваше од секакво зло и ги исполнуваше сите Божји заповеди како Јов, живеејќи во кроткост и набожност. Тој имаше седум деца како Јов. За него и пророкот вели: „Блажен е оној човек кој се бои од Бога, и кој ги почитува Неговите заповеди. Неговото потомство ќе биде силно на земјата. Родот на праведните ќе биде благословен. Слава и богатство ќе има во неговиот дом, а неговата правда останува во веки веков“.

Од тој корен засветлија две извонредни светлозарни фиданки, носејќи на себе од Бога благословен плод. Тие живееја непорочно уште од младоста и Премудроста ја направија своја сестра, и со неа ги украсија и душата и умот. Тие се натпреваруваа еден со друг во љубовта и во верата, цветајќи постојано преку мудроста како благомирисни цветови.

По раѓање блажениот Константин беше помлад, а по ум и по добродетели леташе високо, како орел, со духовните крилја. Откако си го просветли разумот со богозарната светлина, тој стана избран сад на Светиот Дух и светејќи им на сите со философското учење, се покажа како неисцрпна ризница. Како извор што ја исполнува целата вселена, тој ги напои жедните за словото Божјо, како што рече самиот Господ Бог наш Исус Христос: „Кој верува во Мене, како што вели Писмото, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода“, односно – даровите на Животворниот Дух. И, навистина, Светиот Дух бликна во него, се излеа низ неговите усни, и духовно со сладост ја развесели целата вселена, сеејќи го словото сред секој народ, според неговиот разум, зашто нему му беше даден духовниот дар да говори јазици, како и на апостолот (Павле).

А неговиот постар брат, преблажениот Методиј, од рана младост почна да прима високи светски чинови. Цветајќи со мудрост како благомирисен цвет, тој беше сакан од сите владетели. Во своите беседи тој се покажуваше како Соломон, изнесувајќи прекрасни мудри изреки, поуки и мисли од нивата на своето срце, а во службата им угодуваше на сите. Како да има крилја, тој се појавуваше неочекувано, а во војната беше страшен како Самсон, Гедеон и Исус Навин. Затоа тој прими војводски чин, но во него остана малку време. Кога тој разбра дека овој многуметежен свет минува неполезно како сенка, но и нешто повеќе – тој го прими словото Господово во своето срце како стрела, како што е кажано: „Каква полза е за човек да го придобие целиот свет, а ѝ наштети на својата душа?“ Откако земното го замени со небесното, отфрлајќи од себе со презир сè што е привремено, тој се устреми кон вечното.

Методиј отиде на Олимп, и таму прими монашко потстрижување (црна риза), очекувајќи да ја прими белата и нераспадлива ангелска облека. На сите им се покоруваше со послушание и смирение, во бдеење и молитва, во подвиг и служење, во строго постење, во постојана трезвеност, во духовно очистување, во плач од умиление, испуштајќи од очите извори од солзи како река, и со нив го миеше целото свое тело. Тој никако не знаеше за телесна почивка, туку секоја ноќ стоеше, од заоѓањето до изгревот на сонцето, не давајќи им сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи, поучувајќи се со псалми, славословија и духовни песни, и стремејќи се, низ подвиг, да го достигне животот на светите отци. Едни од нив тој ги надминуваше со кроткост и тихување (молчание – исихија), а други со пост и бдеење, и молитва, а особено со смирение. И така, Методиј стана познат меѓу сите отци, подобен на великиот Арсениј, на Антониј и на Сава, остварувајќи го во себе животот на сите нив.

А милостивиот Бог, кога виде дека Методиј го минува животот во толку голем труд, подејствува врз срцата на браќата (монаси), кои, гледајќи го неговиот необичен подвиг во службата Божја, се чудеа меѓу себе и Го славеа Бога, Кој одозгора им дава благодат на оние што се трудат заради Него. Кога патријархот слушна за неговиот подвиг, го убедуваа Методија да го постават за митрополит на почесно место. Но бидејќи не можеа да го убедат за тоа, го поставија за игумен во манастирот, наречен Полихрон, во кој живееја седумдесет отци. Штом го прими ова, Методиј живееше како бестелесен, постојано во молитви, станувајќи сè за сите, за да ги придобие сите.

За ваквите луѓе зборуваат пофално и светите книги (Светото писмо), велејќи: „Тие ќе ја побараат премудроста на древните и ќе живеат во пророштвата; ќе ги пазат кажувањата на познатите мажи и ќе се задлабочуваат во тенките обрати на изразите; ќе служат меѓу велможи и ќе се јавуваат пред управители; ќе патуваат по земјата на туѓи народи; ќе бидат искушани во добро и зло меѓу луѓето; своите срца рано наутро ќе Му ги предаваат на Господа, Кој ги создал. И пред Севишниот ќе се помолат и ќе ги отворат своите усти за молитва, и ќе се помолат за своите гревови. Ако, пак, великиот Бог посака, тие ќе се исполнат со дух на разум. Господ ќе излее слово и мудрост од нив, и во молитва ќе Го прослават Господа, зашто Он ќе ја открие нивната проповед и нивното учење. И ќе со пофалат во законот на Господовиот завет. Мнозина ќе го фалат нивното знаење. За векови тоа нема да биде уништено и нема да отстапи од нив, и нивното име ќе живее од поколение во поколение. Народите ќе раскажуваат за нивната мудрост, а Црквата ќе објавува за нив похвала.“

+++

Преподобни и вистински пастири, молете се непрестајно и срдечно за вашето избрано стадо, прогонувајќи ги нашите страдања и избавувајќи нè од беди и неволи. Просветлете ги очите на нашите срца и поткрепете го нашиот ум, за да ги следиме достојно вашите стапки. Земајќи ги на себе нашите слабости, дајте ни сила одозгора, та, откако ќе поживееме достојно во Христа, да бидеме наследници на вашите подвизи и проповедници на правата вера што сте ни ја предале, та сите едногласно да Го прославиме Трисветиот Бог – Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Амин. СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СОБРАНИ ДЕЛА: СЛОВА, ПОУКИ, ЖИТИЈА

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/pohvalno-slovo-kiril-i-metodij/ .

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1109
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1671
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1101
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »