Најпрвин ќе ги поставам критериумите според кои душата може да биде сфатена. Потоа, низ што се сведочи нејзиното постоење. Трето, дали таа има своја одредена суштина или пак нејзината суштина е неодредена. Четврто, дали е проста или сложена? Петто, дали е бесмртна? И на крајот, дали е таа разумна или неразумна. Сите овие прашања би биле поставени, најчесто, во еден разговор за душата. Тоа се најбитните прашања кои што можат да ги окарактеризираат нејзините својства. Како докази за утврдување на предметот на истражување ќе користиме општи поими. А поради концизноста на описот ќе се држиме само до оние расудувања кои се неопходни за предметот на истражување кој ќе се обидеме да го докажеме. Со цел сфаќањето да биде појасно и полесно, ќе направиме и одредено соочување со спротивните аргументи. Значи, да започнеме со словото.

Што е критериум за сфаќање на душата?

Сѐ што постои се спознава со сетилата или пак се поима со умот. Тоа што потпаѓа под областа на сетилата, го има за доказ самото негово насетување, односно чувствување. Заедно со неговото воочување, во нас се создава и претстава за дадениот предмет. Но, од друга страна, тоа што се поима со умот, пак, не се спознава самото по себе си, туку се спознава врз основа на неговата спротивност. Така и душата, бидејќи ни е непозната, не се спознава самата по себе си, туку се препознава по нејзините пројави.

Дали постои душата?

Доколку го набљудуваме човечкото тело, ќе утврдиме дека тоа е во непрестајно движење сѐ до својата смрт. Од каде доаѓаат тие движења? Да претпоставиме дека движењата на нашето тело и во нашето тело се предизвикани однадвор или пак одвнатре. Доколку претпоставиме дека се предизвикани однадвор, каков сличен пример од природата би можеле да најдеме за да добиеме претстава за таа појава, со цел да расудиме дали тврдењето е точно или не? Би можеле да ги земеме бездушните предмети (камен, дрво, ножици итн.). Над нив постојано вршиме дејства: ги креваме, ги спуштаме, ги туркаме, ги влечеме. Дали нашето тело (под претпоставка дека врши своеволно, слободно дејство) се движи на начин како да некој/нешто го крева, спушта, турка или влече. Мислам дека би можеле да кажеме дека не е така. Природата на движење на бездушните предмети и човечкото тело не е иста. Тогаш, да претпоставиме дека движењата на телото се предизвикани одвнатре? Како пример за таква појава во природата би можеле да го земеме огнот. Огнот се „движи” сѐ додека е оган по природа. Кога ќе престане да се движи, односно кога ќе згасне, огнот престанува да биде оган. Тоа не може да се каже и за телото. Телото кога ќе престане да се движи, односно кога ќе умре, не престанува, туку останува да биде тело.

Следствено на овие заклучоци, доколку телото не се движи однадвор како бездушните предмети или пак одвнатре како огнот, тогаш би можеле да кажеме дека тоа е покренато од нешто трето – душа, која му дава и живот.

Дали е душата суштина?

За да се докаже дека душата е суштина, треба најпрво, природно, да се дефинира што е суштина. Потоа, треба да се одреди и каква е таа суштина бидејќи суштината е една и иста по број, неменлива, но е способна да прима во себе состојби спротивни една на друга.

Душата прима состојби кои што се спротивни една на друга, иако самата таа не отстапува од својата природа. Во неа можат да се видат: праведност и неправедност, храброст и плашливост, целомудрие и разврат, состојби кои што се спротивни една на друга. Доколку претпоставиме дека својството на суштината се изразува во тоа да прима во себе спротиставени состојби, тогаш јасно е дека и за душата важи истата дефиниција. Според тоа, можеме да кажеме дека душата е суштина.

Потоа, анализирајќи го телото, ќе видиме дека телото е суштество, односно е суштествено. А ако телото е суштествено, тогаш и душата е суштествена, затоа што не е возможно тоа што се оживува (телото) да има суштина, а тоа што оживува (душата) да нема. Зар би можело да се каже дека тоа што е „ништо” и нема своја суштина може да биде причина за постоење на нешто што има своја суштина. Или пак, поинаку кажано, ако една појава (нешто) е причината за постоење на живот во друга појава (нешто), и ова второво не може да постои без првото, тогаш кој би можел да каже дека второто е причината за постоење на првото, од кое што добива живот?

Дали е душата бестелесна?

Од горенаведеното може да се заклучи дека душата се наоѓа во телото. Тоа што може да нѐ заинтересира е како таа „се наоѓа во телото”. Ако е додадена на телото, како што камче стои до друго камче, тогаш и душата е тело. Тогаш не би можело да се каже дека целото тело е исполнето со душата, затоа што (во тој случај) душата е додадена на само еден негов дел. А доколку, пак, таа се помешала со телото, тогаш следствено на тоа, таа би требало да е сложена, односно составена од повеќе делови. Во тој случај душата не е проста, а тоа пак се отфрла со самиот поим за душата. Тоа што е сложено е составено од повеќе делови и е деливо. Ако е деливо, може да биде расклопено. Ако може да биде расклопено, значи е тродимензионално. Ако е тродимензионално, значи е тело. Ако телото се додаде на тело тогаш настанува мноштво. А душата што се наоѓа во тело не создава мноштво туку едноставно го оживува, му овозможува (создава) живот. Значи душата не е тело, туку е бестелесна.

Ако душата е тело, има ли таа сетилни својства? Со очите не може да се види, а со ушите не може да се слушне храброст или пак праведност, на пример, бидејќи тоа се својствата на душата. Дали таа може да се храни? Дури и ако може да се храни, не се храни телесно, како што се храни телото, туку се храни бестелесно, со зборови и мисли. Поради тоа, мислам дека би можеле да заклучиме дека душата е бестелесна.

Дали е душата проста?

Дека душата е проста, воглавно се докажува со тоа што се докажува и нејзината бестелесност. Ако таа не е тело, поради тоа што телото е составено од повеќе делови, тогаш душата не е многуделна. Имајќи предвид дека е бестелесна, можеме да кажеме дека е и проста, затоа што бестелесните појави се едноделни, целовити.

Дали е душата бесмртна?

Јас мислам дека на тоа што е просто, според неговата природа му следува бесмртност. А како доаѓаме до тој заклучок? Ниедно од постоечките битија не е распадливо само по себе, затоа што Бог на почетокот ги создал битијата да бидат нераспадливи. Тоа што се распаѓа, всушност се распаѓа со делување на сила спротивна од себе. Ако нешто се распаѓа, мислам дека логички би можеле да заклучиме дека е сложено. Ако е сложено, тогаш тоа е и многуделно. Тоа пак што е многуделно, составено е од делови различни по својата природа. Според тоа, можеме да извлечеме заклучок дека поради тоа што душата е проста и не е составена од различни делови, т.е. поради тоа што е несложена и неразградлива, таа е и бесмртна.

Навраќајќи се повторно на претходните заклучоци; тоа што се движи од нешто друго, нема во самото себе животно начело, туку го добива од тоа што го движи и постои сѐ додека го движи таа сила. Кога престанува да дејствува таа сила тоа се распаѓа. Тоа пак што има способност да се движи самото од себе (како што е душата самодвижечка), никогаш не престанува да постои, бидејќи се движи засекогаш. А тоа што се движи засекогаш е бескрајно. Штом е бескрајно, тоа е нераспадливо. Штом е нераспадливо, тоа е бесмртно. Според тоа, ако душата е самодвижечка, таа е и бесмртна, според приложените заклучоци.

И уште нешто. Доколку сѐ што се распаѓа, се распаѓа поради сопственото зло, тогаш тоа што не се распаѓа од сопственото зло е нераспадливо. Злото е тоа што се противи на доброто, тоа што го разрушува доброто. Телото нема друго зло освен страдањето, болестите и смртта, спротивно на неговите доблести кои што се: убавината, животот, здравјето и силата. А злата на душата се: страшливоста, мрзата, зависта и слично. Сепак, сите тие зла не ја лишуваат душата од движењето и животот. Значи, душата е бесмртна.

Дали е душата разумна?

Дека душата е разумна, може да посведочи секој, врз основа на тоа што самата таа пронашла многу вештини кои се корисни во животот. Затоа што вештините не се појавиле туку така случајно, од никаде. А пак од друга страна, никој не може со сигурност да каже за некоја вештина дека е целосно неделотворна и бескорисна за животот. Понатаму, ако вештините допринесуваат за тоа што е корисно во животот, тогаш се вредни за пофалба. А тоа што е вредно за пофалба, би требало да е резултат на разумно дејство. Значи, душата е разумна.

Нашите сетила не се доволни за поимање на работите. За разбирањето на битијата ние не се служиме само со сетилата, затоа што не сакаме да бидеме измамени од нив. На пример: работи кои се различни по природа, а исти по облик и слични една на друга по боја. Самите сетила не се во можност да расудуваат што е што. Поради тоа што се неразумни, сетилата можат да ни дадат само лажна претстава за работите, чија што правилна претстава ние ја постигаме со разумот. А дека тоа е навистина така, можеме да одредиме по тоа што оние предмети чие што постоење, облик, боја и други особини сетилните органи ги пренесуваат до нашиот ум (со што се ограничува и нивната улога), душата потоа може да ги искористи, да направи избор и да ги претвори во тоа што нам ни одговара. Според тоа, ако од една страна сетилата (поради тоа што се неразумни) можат да ни дадат лажна претстава за предметите, од друга страна умот расудува и вистински ги спознава работите. А умот ѝ припаѓа на душата. Значи, душата е разумна.

Ние го спроведуваме во дело само тоа што претходно сме си го замислиле. Тоа е вредност на душата. Затоа што умот не е додаден однадвор, исто како и спознанието на постоечките работи, туку изгледа дека душата сама со своите мисловни сили, ги уредува работите. Поради тоа кај нејзе најпрвин се создава преднацрт на работите, а потоа се спроведуваат во дело. Вредноста на душата не е ништо друго, туку сето тоа да го врши со разумот. Затоа што таа ја прави разликата помеѓу спознанијата кои ѝ ги пружаат сетилните органи. Значи, душата е разумна.

Дефиниции: Што е душа?

Бестелесна и разумна суштина, која што престојува во телото, причина за животот.

Што е ум?

Најчист и разумен дел од душата, кој служи за созерцание на работите и на тоа што било доживеано претходно (преку сетилата).

Што се мисли?

Сили на душата, насочени кон нешто што е поврзано со работите за кои размислуваме, создадени по пат на разум (еден вид на усогласени поими).

Што е тоа начин (обичај)?

Тоа е онаа состојба на душата, произлезена од навика.

Што е чувство?

Орган на душата, сила на сетилата која е во состојба да прима впечатоци од надворешните созданија.

Што е тоа дух?

Суштина без форма, која претходи на секое движење.


Извор: http://agapi.mk/prep-maksim-ispovednik-za-dushata/

Најпрвин ќе ги поставам критериумите според кои душата може да биде сфатена. Потоа, низ што се сведочи нејзиното постоење. Трето, дали таа има своја одредена суштина или пак нејзината суштина е неодредена. Четврто, дали е проста или сложена? Петто, дали е бесмртна? И на крајот, дали е таа разумна или неразумна. Сите овие прашања би биле поставени, најчесто, во еден разговор за душата. Тоа се најбитните прашања кои што можат да ги окарактеризираат нејзините својства. Како докази за утврдување на предметот на истражување ќе користиме општи поими. А поради концизноста на описот ќе се држиме само до оние расудувања кои се неопходни за предметот на истражување кој ќе се обидеме да го докажеме. Со цел сфаќањето да биде појасно и полесно, ќе направиме и одредено соочување со спротивните аргументи. Значи, да започнеме со словото. Што е критериум за сфаќање на душата? Сѐ што постои се спознава со сетилата или пак се поима со умот. Тоа што потпаѓа под областа на сетилата, го има за доказ самото негово насетување, односно чувствување. Заедно со неговото воочување, во нас се создава и претстава за дадениот предмет. Но, од друга страна, тоа што се поима со умот, пак, не се спознава самото по себе си, туку се спознава врз основа на неговата спротивност. Така и душата, бидејќи ни е непозната, не се спознава самата по себе си, туку се препознава по нејзините пројави. Дали постои душата? Доколку го набљудуваме човечкото тело, ќе утврдиме дека тоа е во непрестајно движење сѐ до својата смрт. Од каде доаѓаат тие движења? Да претпоставиме дека движењата на нашето тело и во нашето тело се предизвикани однадвор или пак одвнатре. Доколку претпоставиме дека се предизвикани однадвор, каков сличен пример од природата би можеле да најдеме за да добиеме претстава за таа појава, со цел да расудиме дали тврдењето е точно или не? Би можеле да ги земеме бездушните предмети (камен, дрво, ножици итн.). Над нив постојано вршиме дејства: ги креваме, ги спуштаме, ги туркаме, ги влечеме. Дали нашето тело (под претпоставка дека врши своеволно, слободно дејство) се движи на начин како да некој/нешто го крева, спушта, турка или влече. Мислам дека би можеле да кажеме дека не е така. Природата на движење на бездушните предмети и човечкото тело не е иста. Тогаш, да претпоставиме дека движењата на телото се предизвикани одвнатре? Како пример за таква појава во природата би можеле да го земеме огнот. Огнот се „движи” сѐ додека е оган по природа. Кога ќе престане да се движи, односно кога ќе згасне, огнот престанува да биде оган. Тоа не може да се каже и за телото. Телото кога ќе престане да се движи, односно кога ќе умре, не престанува, туку останува да биде тело. Следствено на овие заклучоци, доколку телото не се движи однадвор како бездушните предмети или пак одвнатре како огнот, тогаш би можеле да кажеме дека тоа е покренато од нешто трето – душа, која му дава и живот. Дали е душата суштина? За да се докаже дека душата е суштина, треба најпрво, природно, да се дефинира што е суштина. Потоа, треба да се одреди и каква е таа суштина бидејќи суштината е една и иста по број, неменлива, но е способна да прима во себе состојби спротивни една на друга. Душата прима состојби кои што се спротивни една на друга, иако самата таа не отстапува од својата природа. Во неа можат да се видат: праведност и неправедност, храброст и плашливост, целомудрие и разврат, состојби кои што се спротивни една на друга. Доколку претпоставиме дека својството на суштината се изразува во тоа да прима во себе спротиставени состојби, тогаш јасно е дека и за душата важи истата дефиниција. Според тоа, можеме да кажеме дека душата е суштина. Потоа, анализирајќи го телото, ќе видиме дека телото е суштество, односно е суштествено. А ако телото е суштествено, тогаш и душата е суштествена, затоа што не е возможно тоа што се оживува (телото) да има суштина, а тоа што оживува (душата) да нема. Зар би можело да се каже дека тоа што е „ништо” и нема своја суштина може да биде причина за постоење на нешто што има своја суштина. Или пак, поинаку кажано, ако една појава (нешто) е причината за постоење на живот во друга појава (нешто), и ова второво не може да постои без првото, тогаш кој би можел да каже дека второто е причината за постоење на првото, од кое што добива живот? Дали е душата бестелесна? Од горенаведеното може да се заклучи дека душата се наоѓа во телото. Тоа што може да нѐ заинтересира е како таа „се наоѓа во телото”. Ако е додадена на телото, како што камче стои до друго камче, тогаш и душата е тело. Тогаш не би можело да се каже дека целото тело е исполнето со душата, затоа што (во тој случај) душата е додадена на само еден негов дел. А доколку, пак, таа се помешала со телото, тогаш следствено на тоа, таа би требало да е сложена, односно составена од повеќе делови. Во тој случај душата не е проста, а тоа пак се отфрла со самиот поим за душата. Тоа што е сложено е составено од повеќе делови и е деливо. Ако е деливо, може да биде расклопено. Ако може да биде расклопено, значи е тродимензионално. Ако е тродимензионално, значи е тело. Ако телото се додаде на тело тогаш настанува мноштво. А душата што се наоѓа во тело не создава мноштво туку едноставно го оживува, му овозможува (создава) живот. Значи душата не е тело, туку е бестелесна. Ако душата е тело, има ли таа сетилни својства? Со очите не може да се види, а со ушите не може да се слушне храброст или пак праведност, на пример, бидејќи тоа се својствата на душата. Дали таа може да се храни? Дури и ако може да се храни, не се храни телесно, како што се храни телото, туку се храни бестелесно, со зборови и мисли. Поради тоа, мислам дека би можеле да заклучиме дека душата е бестелесна. Дали е душата проста? Дека душата е проста, воглавно се докажува со тоа што се докажува и нејзината бестелесност. Ако таа не е тело, поради тоа што телото е составено од повеќе делови, тогаш душата не е многуделна. Имајќи предвид дека е бестелесна, можеме да кажеме дека е и проста, затоа што бестелесните појави се едноделни, целовити. Дали е душата бесмртна? Јас мислам дека на тоа што е просто, според неговата природа му следува бесмртност. А како доаѓаме до тој заклучок? Ниедно од постоечките битија не е распадливо само по себе, затоа што Бог на почетокот ги создал битијата да бидат нераспадливи. Тоа што се распаѓа, всушност се распаѓа со делување на сила спротивна од себе. Ако нешто се распаѓа, мислам дека логички би можеле да заклучиме дека е сложено. Ако е сложено, тогаш тоа е и многуделно. Тоа пак што е многуделно, составено е од делови различни по својата природа. Според тоа, можеме да извлечеме заклучок дека поради тоа што душата е проста и не е составена од различни делови, т.е. поради тоа што е несложена и неразградлива, таа е и бесмртна. Навраќајќи се повторно на претходните заклучоци; тоа што се движи од нешто друго, нема во самото себе животно начело, туку го добива од тоа што го движи и постои сѐ додека го движи таа сила. Кога престанува да дејствува таа сила тоа се распаѓа. Тоа пак што има способност да се движи самото од себе (како што е душата самодвижечка), никогаш не престанува да постои, бидејќи се движи засекогаш. А тоа што се движи засекогаш е бескрајно. Штом е бескрајно, тоа е нераспадливо. Штом е нераспадливо, тоа е бесмртно. Според тоа, ако душата е самодвижечка, таа е и бесмртна, според приложените заклучоци. И уште нешто. Доколку сѐ што се распаѓа, се распаѓа поради сопственото зло, тогаш тоа што не се распаѓа од сопственото зло е нераспадливо. Злото е тоа што се противи на доброто, тоа што го разрушува доброто. Телото нема друго зло освен страдањето, болестите и смртта, спротивно на неговите доблести кои што се: убавината, животот, здравјето и силата. А злата на душата се: страшливоста, мрзата, зависта и слично. Сепак, сите тие зла не ја лишуваат душата од движењето и животот. Значи, душата е бесмртна. Дали е душата разумна? Дека душата е разумна, може да посведочи секој, врз основа на тоа што самата таа пронашла многу вештини кои се корисни во животот. Затоа што вештините не се појавиле туку така случајно, од никаде. А пак од друга страна, никој не може со сигурност да каже за некоја вештина дека е целосно неделотворна и бескорисна за животот. Понатаму, ако вештините допринесуваат за тоа што е корисно во животот, тогаш се вредни за пофалба. А тоа што е вредно за пофалба, би требало да е резултат на разумно дејство. Значи, душата е разумна. Нашите сетила не се доволни за поимање на работите. За разбирањето на битијата ние не се служиме само со сетилата, затоа што не сакаме да бидеме измамени од нив. На пример: работи кои се различни по природа, а исти по облик и слични една на друга по боја. Самите сетила не се во можност да расудуваат што е што. Поради тоа што се неразумни, сетилата можат да ни дадат само лажна претстава за работите, чија што правилна претстава ние ја постигаме со разумот. А дека тоа е навистина така, можеме да одредиме по тоа што оние предмети чие што постоење, облик, боја и други особини сетилните органи ги пренесуваат до нашиот ум (со што се ограничува и нивната улога), душата потоа може да ги искористи, да направи избор и да ги претвори во тоа што нам ни одговара. Според тоа, ако од една страна сетилата (поради тоа што се неразумни) можат да ни дадат лажна претстава за предметите, од друга страна умот расудува и вистински ги спознава работите. А умот ѝ припаѓа на душата. Значи, душата е разумна. Ние го спроведуваме во дело само тоа што претходно сме си го замислиле. Тоа е вредност на душата. Затоа што умот не е додаден однадвор, исто како и спознанието на постоечките работи, туку изгледа дека душата сама со своите мисловни сили, ги уредува работите. Поради тоа кај нејзе најпрвин се создава преднацрт на работите, а потоа се спроведуваат во дело. Вредноста на душата не е ништо друго, туку сето тоа да го врши со разумот. Затоа што таа ја прави разликата помеѓу спознанијата кои ѝ ги пружаат сетилните органи. Значи, душата е разумна. Дефиниции: Што е душа? Бестелесна и разумна суштина, која што престојува во телото, причина за животот. Што е ум? Најчист и разумен дел од душата, кој служи за созерцание на работите и на тоа што било доживеано претходно (преку сетилата). Што се мисли? Сили на душата, насочени кон нешто што е поврзано со работите за кои размислуваме, создадени по пат на разум (еден вид на усогласени поими). Што е тоа начин (обичај)? Тоа е онаа состојба на душата, произлезена од навика. Што е чувство? Орган на душата, сила на сетилата која е во состојба да прима впечатоци од надворешните созданија. Што е тоа дух? Суштина без форма, која претходи на секое движење.
Извор: http://agapi.mk/prep-maksim-ispovednik-za-dushata/