логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Св. Јован, Митрополит Тоболски

Бог допушта неволји и гревови заради доброто на луѓето

Бидејќи ни ѓаволот ни било кој од луѓето не може да ни нанесе никакво зло без Божјо допуштање, тогаш да го разгледаме следново: што допушта Бог, на кој начин, и поради што—која е причината на Божјото допуштање?

Што допушта Бог?

Треба да разликуваме два вида на зло кои Бог ги допушта. Првиот вид на зло ги опфаќа разните таги, тешкотии, болести, нанесени навреди или понижувања (осиромашување, затвор, изгнанство, депортација), смрт, -сето тоа не може да биде наречено зло дури ни во потесна смисла, туку само горчлив лек, кој Бог ни го испраќа заради духовно исцеление. Другиот вид на зло, кој претставува зло во вистинска смисла, се—нашите гревови, престапи на Божјите заповеди. Првиот вид на зло Бог го дозволува по Своја волја или како казна за бесчесност, или како мерка за исправање на синовите и ќерките. За злото од другиот вид, односно гревовите, не може да се каже дека Бог ги сака, туку само дека ги допушта. Се, што постои во светот, постои по волја и збор Господова, "и без Него ништо не би имало живот, или вистинско постоење" (Јн. 1:3).
Природата на гревот

Но гревот не е нешто реално, туку само привидна спротивност на вистинското постоење. Гревот постои поради несовршеноста, лагите и лукавствата на разумно-слободните суштества кои Бог ги создал, а кои не Му се покоруваат; така гревот првобитно и настанал и денес се случува спротивното на Божјата волја, но не е од Бога, туку е по Негово допуштање. Причината за допуштање на гревот е сокриена до времето во тајната на совршеното и непогрешливо Божјо управување со светот, или Неговата Промисла. На Бог Му е позната сета иднина, и Он може лесно да не го дозволи гревот кој Му е омрзнат, но го допушта сакајќи од зло да створи добро, и од неправилното правилно, поради вразумување и исправање на луѓето, за тие да увидат какви последици повлекува гревот со себе и во однос на оној кој согрешил, и во однос на неговиот ближен, и кон општеството. Во тоа е разликата помеѓу Божјото и човечкото допуштање, кое не може во почетокот да се спречи и да се пресече со човечки мерки, иако извршување на допуштеното не е пожелно. Напротив, Бог има и можност да не дозволи и да го пресече исполнувањето на злата намера, а покрај тоа и волјата која допушта извршување на ова или она зло. Притоа се поставува прашањето: зошто Бог го дозволува чинењето на гревот, или која е причината поради која Бог им дозволува на луѓето да чинат грев.

Зошто Бог дозволува грев?

Бескрајната Божја милост никогаш не би дозволила на земјата да се случуваат такви зли беззаконија, доколку од нив не би се добивале најголемите добра и доколку она што е направено од злоба не би се преобратило на спасение. Бог дозволи да се зајакне омразата на браќата против недолжниот Јосиф, но дали тоа било заради некое добро дело? Зар не било тоа заради спасението од смрт со глад не само на неговите родители, браќа и роднини, туку и на целиот Египет? Бог му дозволил на нечесниот Саул на сите начини да го злоби кроткиот, незлобив Давид, но зар тоа не било на корист на самиот Давид и целото еврејско царство? Да, тоа било на најголема корист не само за нив, туку и на целиот човечки род, преку потомокот на Давид, Спасителот наш Христос. Бог допуштил невино наклеветениот пророк Данаил да биде фрлен во јама со разјарени лавови; но заради што? Заради постигнување на повисок степен на слава на него самиот и неговите пријатели. Но зошто да наведувам многубројни факти од Старозаветната историја, кога со Божјо допуштање завидни првосвештеници, фарисеи и еврејски старешни Го предадоа на распетие Единородниот Син Божји, Исус Христос, и тоа допуштање се преобрати во спасение на целиот човечки род? На тој начин, од секое допуштање произлегуваат и ни се откриваат најголемите богатства на Божјата слава и Неговите добри дела кон секој човек и целиот човечки род. На основа на се ни се откриваат: Божјата добрина и Неговото милосрдие, дарежливост, семоќ и величественост, и Неговата Промисла. Оттаму на нам непознатите патишта ни засјајуваат и Неговата највозвишена мудрост и правда, и со самото тоа поттикнуваат многу луѓе да им се вратат на добродетелите, и на умножувањето на тешки, но славни подвизи.

Преобраќање на злото во добро

О, колку прекрасно и величествено се пројавува Божјата Промисла во Своите секојдневни допуштања! Не е ништо чудно да се направи добро од добро, но е навистина восхитувачко дело—да се претвори злото во добро. Постои изрека: "На мирно море може да кормилари секој морнар ". Не е некоја голема мудрост, со погоден ветар, јак брод, мирно море, умешни морнари и видливо пристаниште, да се доведе бродот до него. Но е сосема друга работа кога на морето има бура, бродот е оштетен, посадата малубројна и лошо опремена, а при сето тоа капетанот толку искусно управува што безбедно ја избегнува опасноста—тоа е восхитувачко дело: капетанот на бродот со своето дело ја докажал својата мудрост и својата искусност да управува со бродот. Слично е и во Божјото управување со светот: она што бива допуштено со Божја волја и ни се чини дека не води кон добро, Бог го доведува до најдобар завршеток по Својата неискажлива премудрост и правда. Со допуштање на противзаконитите дела и тажните случувања Бог понекогаш беззакониците ги преобратува во Свои најчесни пријатели. По Божјата Промисла, Која се пренасочува кон најдобриот завршеток, злобните замисли против некого честопати се преобратуваат на негова корист и чест; нападите и навредите на некого честопати ги зголемуваат неговите сили. Најголемите беззаконија на нечесните луѓе многумина утврдуваат во благочестивост и добродетели и ги чуваат од погибел. За многу луѓе, за кои сметаме дека се веќе потполно самопрекорени во бездната на погибелта, се покажува дека низ самото тоа се веќе спасени.

Докази од Библијата

На Јосиф затворот му служи за почест и негова најголема слава; братската завист му донела повеќе корист отколку добрите желби на целиот свет; Сауловата злоба на Давид му донела царски венец; јамата со лавовите го вовела Даниил во чест и слава, каква не достигнале ни овоземните цареви; Христос од Крстот влегол во рајот заедно со покајаниот разбојник, а од Тавор се вознесол на небесата и седнал од десната страна на Бог Отецот. При Божјите допуштања и добрата и злата волја работи во прилог на Бога, и без оглед какви намери имаат луѓето, се на крајот на краиштата се одвива заради постигнување на најдобрите цели. Навистина, светите се она што им се случувало во животот, пријатно или непријатно, и го припишувале на Божјата волја, затоа што не го обрнувале нивното внимание на туѓите гревови, но ги разгледувале сите човечки постапки, како дар Божји или Божјо допуштање за своите гревови. Светите расудувале на следниот начин: Себлагиот Бог никогаш не би допуштил ништо зло, доколку не би знаел дека од тоа ќе настанат многубројни и големи добри дела.

Сведоштва на Светите Отци

Слична мисла изрекол и блажениот Августин: „Бог го претвора злото во добро, оти бивајќи Себлаг, Он на никој начин не би дозволил зло во Своите дела, доколку не би бил толку семоќен и добар, да не би можел од злото да створи добро". И пак, праведно говореше учителот Теофил: „Бог недостижно се вплеткува во нашите заблуди и нашите гревови, не заради нивна пофалба ниту земање учество во нив, туку гнасејќи се од нив, мразејќи ги и исправајќи ги; Бог ствара од злото многу добри нешта, слично како што огинот го претворил во вода". Овде треба да се напомене и неговата друга поука: "Секој оној кој не растажува на било кој начин како во себе да има две активни лица—едното свесно а другото несвесно. Како прво, тој сака заради своето зло расположение кон нас да делува непријателски против нас: со намера да ја повреди нашата личност, да не лиши од имот итн, иако во таа своја намера не секогаш успева; при својот успех, а преку Божјото допуштање, тој станува друго несвесно лице, во својство на орудие во Божјите раце, Кој го казнува или исправа нашето однесувањ, и со самото тоа тој несвесно Му служи на Бога".

Примери од историјата

Познатите несвесни Божји слуги биле: Навуходоносор, Атила, предводник на Хуните, Тотила, царот на италијанските Остроготи, Тамерлан, и другите Божји камшици; тука биле и Веспазијан и неговиот син Тит, кои заради славата и ширењето на Римската империја, се труделе да ги уништуваат Евреите, но се превариле во тоа.

Од човекот зависи само желбата, ама не и делото

Дозволи ми да те прашам, мој возљубен брате христијанине, чии што жалби често одекнуваат по небото и земјата. Што толку те ражалостува—дали волјата, или намерата на човекот кој сака да ти нанесе бол, или само неговата власт, можноста да ја оствари својата замисла, или и едното и другото? Ти одговараш: "Ме ражалостуваат и едното и другото заедно". Како одговор ќе ти кажам дека ни злонамерната волја, ниту нејзиното исполнување (власт) не можат да ти нанесат бол: злата намера (волјата) е ништовна без власта, и не може да ти нанесе никаква штета, а нејзиното исполнување зависи од допуштањето, односно Божјата волја, која е праведна и света. Познато ти е дека секоја власт е од Бога—зошто тогаш тагуваш и се жалиш на оној кој ти нанесува бол, кога тој не направил ништо друго освен она што Бог му го дозволил? Во спротивно, без Божјото допуштање, тој не би можел да ти нанесе бол. Велиш: "Мојот противник ми ја нанесе најголемата навреда"—"Кажи, каква?—оти Бог казнува за твоите гревови, или те учи на трпение, или ја зголемува твојата награда за невино претрпената навреда (бол)—и ти се сметаш за навреден?"—"Го мразам тој лукав човек, -ќе речеш,-и неговата злобна волја.—"Но, ти секогаш обрнуваш внимание на делата на другите луѓе, а јас ти советувам дека е подобро својот поглед да го свртиш кон Бога и кон својата совест. Што можела да ти направи човечката волја, па дури и да била зла и нечесна? Во што е нејзиниот успех? Ти не се жалиш толку на тоа што твојот противник сакал да ти наштети, колку заради тоа што ти наштетил и што можел да ти наштети! Од кого е тоа потекло, и зошто тој може да ти наштети? Не ли е тоа по Божја власт и волја? Ако е така, тогаш тоа е секогаш праведно, достофално и свето.

Значи, или замолчи или обрати ги своите жалби на Божјото допуштање—и цврсто запечати си во својата душа, дека Бог никогаш не би дозволил туѓата зла волја да ти нанесе било какво зло, кое не би ти послужило на корист, доколку ти самиот себеси не си наштетиш.

Поуки на блажениот Августин

И кој може да ни направи зло ако ревнуваме во сето добро? Прекрасно кажал блажени Августин: "Не плаши се од непријателот: тој може да ти наштети онолку, колку што за тоа добил власт од Бога. Плаши се од Оној, Кој е силен да го направи она што ќе посака, и Кој не чини ништо неправедно, тогаш тоа без сомнение со случило по Божја волја, и затоа верувај дека е праведно и вистинито". Ќе прашаш: "Ако некој убил невин човек, дали е тоа праведно или неправедно?"-"Нема сомнеж дека тоа е неправедно и достојно за казна"-"Зошто Бог, -ќе прашаш пак, -допуштил ваква неправда?" – "Ти сакаш да водиш спор со Бога, пред да станеш достоен да Го прашаш Бога: од која причина Ти Боже си го допуштил тоа? – Божјите намери за тоа, или Неговите допуштања не можам да ти ги објаснам, возљубен мој, оти Премудроста Божја е недостапна за човечкиот ум, но можам да го тврдам само тоа, дека од една страна човек кој убил невин човек направил неправедно дело, а друга дека тоа убиство не би се случило, Бог да не го дозволил од некоја за нас непозната, праведна причина. Зборувајќи со други зборови: убиецот направил неправедно дело, кое бара казна; но Божјото допуштање е праведно и премудро, но сокриено од нас до времето".

На сличен начин блажени Августин го разгледува делото на убивањето на Христос, нашиот Спасител: "Јуда, беззаконитиот Христов издајник, -вели Августин, -и Христовите гонители – се сите беззаконици, неправедници; меѓутоа Отецот не Го поштедил Синот Свој, туку Го предал (допуштил да биде убиен) заради спасението на сите нас". Ете ја таинствената причина на Божјото допуштање за убивање на Својот Единороден Син од страна на законопрестапниците—причина, кој во тоа време бил необјаснива. Не чуди се на тоа што Бог допушта зло: го допушта по својот најправеден Суд со мера, број и тежина. Во Него нема неправда, та и ти самиот предај Му се Нему.

Однос кон навредите

Заради сопственото смирување после нанесените ни навреди познато е само едно вистинско средство: кога некој те навредил или ражалостил, не го обрнувај своето внимание на неговата злоба, туку обрати му се на праведниот Божји суд, кој му допуштил на противникот да те навреди, и не враќај му со зло за злото кое ти го сторил: оти тоа Бог го дозволил заради постигнување на добри и праведни цели, кои ти се непознати до времето. До тоа се држеле сите свети Божји угодници: тие не испрашувале кој и зошто ги навредил, туку секогаш ги свртувале своите срца кон Бога, смирено признавајќи ја праведноста на Божјото допуштање; и затоа нанесените навреди ги сметале за добри за себе, а своите противници—за доброчинители, велејќи: еве ги нашите вистински доброчинители, кои не ни ласкаат; оние кои не фалат и величаат во очи, ни ласкаат и ни штетат на нашето внатрешно восовршување. Заради тоа светите секогаш својот мислен поглед го свртувале кон Бога, и во секое дело се потпирале на Божјата Промисла и секое добро го очекувале од Бога.

Грев против ближниот останува грев, иако од него би настанало добро

Од друга страна, од погоре кажаното се гледа дека гревот кој е сторен против ближниот преку Божјо допуштање, заради тоа не заслужува ни најмало олеснување на вината на грешникот само затоа што неговото противзаконито дело му дало повод на Бога од зло да направи поголемо добро. Намерата на оној кој погрешил била и останала зла. Така на пример, ако некој од злобниците му ја запали куќата на сиромавиот, а другиот, добар и чесен човек му изградил нова на исто место и тоа значително подобра, тогаш тоа во тој случај не би можело да послужи како причина за намалување на вината на пироманот без оглед на тоа колку била лоша куќата, и што после тоа сиромавиот добил значително подобра куќа.

Подготвил: Б.Ѓ.

{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5827
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6433
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5624
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

23/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная