Св. Јован Кронштатски

Каква намера има светата Црква кога од престолот во Олтарот го изнесува животворниот Крст Господен за поклонение и целивање? Таа ја има следнава намера: нејзините вистински чеда – кои минуваат низ постот и се борат со своето многустрасно тело и со ѓаволот, кој особено во времето на постот ги распалува своите стрели во нивното тело, гледајќи на Крстот и живо замислувајќи ги страдањата на нашиот Господ Исус Христос, Кој тие страдања, заради наше спасение, ги претрпе со Своето Пречисто Тело – да ојачаат преку тоа за борба со своето тело, своите страсти и похоти и не жалат заради нив да го распнат, храбро борејќи се со противникот кој станува на нас со најразлични искушенија.

Гледате, како да ни кажува Господ од Крстот, што Јас претрпев со Своето безгрешно тело, кое го примив заради ваше спасение; зарем ќе одбиете да ги распнете во вашето тело разните страсти и похоти? Зарем нема да поднесете никаква горчина на постот? Зар на некое време, барем, нема да се одречете од сластите како би го скротиле телото, кое, што повеќе му угодуваш, сè повеќе беснее? Зарем нема да одолеете на на огнените стрели на ѓаволот, кога Јас му дозволив со семоќни стрели да ја прободе Мојата божествена плот? Ете со каква намера денес се изнесува крстот на поклонение и целивање. Затоа не очајувајте заради борбата со страстите и ѓаволот, но херојски борете се, повикувајќи го напомош Оној Кој за нас пострада и со крстот ги победи непријателите наши – и победувајте. Амин.

 

Свети Јован Кронштадски

Подготви: А.Л.

Посети:{moshits}