логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Свети Игнатиј Брјанчанинов

Солзите се својствени за паднатата човечка природа. До падот таа не знаеше за солзи. Знаеше само за најчисто насладување во рајското блаженство. Но таа го загуби тоа блаженство. Затоа и се оставени солзите, како израз на соучество во блаженството, како сведоштво за падот, како сведоштво за состојбата потоа под гневот Божји, како надеж да се врати некогашното блаженство. Верна е таа надеж, соучеството во блаженството не е избришано од нашата природа. Верна е таа надеж, зашто жалта по загубеното небесно блаженство не може да се задоволи со никакво привремено задоволство. Останувајќи незадоволена, очекува задоволување, објавува дека постои задоволување. Во солзите на таинствен начин живее утеха, а во плачот радост. Во каква и да е овоземна благосостојба, на каква и да е висока позиција, обземен од какво и да е богатство, секој човек сретнува и преживува такви минути, часови и денови во кои му треба утеха што само солзите ја носат, зашто друга утеха нема. Секој од нас, само што ќе стапи на земјата на нашиот изгон и мака, во земјата на страданието и плачот, веќе го огласува тоа свое стапување, почетокот на своето суштествување, со плачен лелек. Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе, оној кој го прославува Бога во солзите на молитвата своја, во чие срце се патшштата Твои, патишта невидливи, духовни. Оние кои ја преминуваат долината на плачот, нашиот земски живот, кој Бог го дал и го определил за покајание, тие наоѓаат извор во неа, и дожд ја покрива со благослови. Оние кои се чистат со плач и солзи минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога, на Сион, односно Бог им се јавува на духовниот Сион - во духот човечки, кој со вистинско покајание е подготвен да го прими Бога (Псалми 83.5,6,7). Оние што сеат со солзи, ќе жнеат со големарадост (Псалми 125,5). Тоа се оние кои одејќи по патот на земскиот живот, минуваат по тесниот и таговен пат, пат по кој одеа и плачеа оние што носеа свое семе, но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја (Псалми 125,6).


Исто како и сите други својства на човечката природа, и солзите се заразени од болеста на падот. Некој е, да речеме, по природа склон кон солзи, и во секоја ситуација пролева солзи. Таквите солзи се нарекуваат природни. Но има и гревовни солзи. Гревовни солзи се нарекуваат оние кои се пролеваат од гревовни побуди. Такви солзи, обилно и особено лесно, пролеваат луѓе предадени на сладострастие. Слични на сладострасничките солзи се солзите на оние кои се наоѓаат во самозаблуда и прелест. Солзи обилно се леат и од суета, лицемерие, дволичност, човекоугодништво. И секако, нив ги пролева злобата: кога е лишена од можноста да изврши зло дело, да пролее човечка крв, тогаш таа пролева солзи. Такви солзи имаше Нерон, во кого христијаните од тоа време, заради неговата жестокост и омразата кон христијанството, гледаа антихрист.

Во природни солзи спаѓаат солзите од огорченост; а кога огорченоста има гревовен карактер, солзите на огорченост стануваат гревовни солзи. Според заповедта на светите Отци, и природните и гревовните солзи, веднаш по нивното појавување треба да се претворат во богоугодни; значи, треба да се измени поттикот за солзите: потсетувајќи се на нашите гревови, на неизбежната и неизвесна смрт наша, на судот Божји, да заплачеме токму од овие причини.

Чудно нешто! Оние коишто по природна склоност пролеваат потоци од лекомислени, бесмислени и бесплодни солзи, исто како и оние кои ги пролеваат од гревовни побуди, кога ќе посакаат да плачат богоугодно, неочекувано ќе наидат во себе на необична суша, не можејќи да просолзат ни една капка од своите очи. Ова не учи дека солзите на стравот Божји и покајанието се дар Божји, дека за да се добијат треба да се погрижиме, пред се, да го стекнеме она што ги предизвикува.


Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Очите мои изведоа извори водни - вели Свети пророк Давид - зашто не го запазив Твојот закон. Причина за солзите е - сиромашноста на духот: бидејќи самата ио себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач5, го храни, го поддржува и го јакне. "Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот" - рекол преподобниот Јован Пророк. "Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бога, а плачот раѓа солзи." Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја. "Солзите во молитва - вели Свети Исаак Сирин - се знамен на милоста Божја, со која се удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бога и зачекорува во полето на чистотата низ солзи". Ако помислите не се оттргнат од предметите со минливо траење, не ќе можат да се ослободат од чувството на надеж во овој свет. Ако во нив не се предизвика презир кон овој свет, и ако не се подготват за излез од него, ако во душата не почнат да дејствуваат помисли за нештата што му припаѓаат на идниот век, тогаш очите не ќе можат да пролеат солзи."

Оној кој ја согледал својата гревовност, кој стекнал страв Божји и чувство на покајание и плач, може, со ревносна молитва, да испроси од Бога дар на солзи. Така Ахса, ќерката на Халев, кога се мажела, добила како чеиз земја. Само што седнала на магарето и тргнала да оди во домот на својот маж, заплакала силно и жалејќи се почнала да го моли таткото, кон земјата што ја одредил да ја додаде и онаа другата, што изобилува со води. Таа му рече: Дај ми благослов,ми даде сува земја дајми и водни извори  Халев ја исполнил желбата на ќерката. Светите Отци во лицето на Ахса ја гледаат душата, која како да е на магаре качена, седи носена од бесловесните страсти на плотта. Сувата земја е слика на делување под водство на стравот Божји, а тоа што Ахса со плач и лелек молела за изворите на вода, значи дека секој подвижник, во крајна потреба од солзи, задолжително мора со воздишки и со бол во срцето, да испроси дар на солзи од Бога. При молитвата за дар на солзи, неопходен е и сопствен напор да се пролеат. Сопствениот напор и труд им претходат на солзите и ги следат. Трудот што им претходи на солзите се состои во благоразумното воздржување од јадење и пиење, во благоразумното бдение, во нестекнувањето, во одвлекувањето на вниманието од сето она што не окружува и негово сосредоточување на самиот себе. Свети Јован Лествичникрекол во Словото за плачот: "Покајанието е доброволно себелишување од секаква телесна утеха."10 Свети Давид вака ја опишува состојбата на оној што плаче: Попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавив и лебот свој да го јадам; од гласот на мошпе воздишки, коските ми се залепија за телото мое. Заприлегав на несит во пустина; станав како був во урнатини, не спиев, седев како самотна птица на покрив.

Ако не умреме за светот, не можеме да стекнеме плач и солзи. Нив ги стекнуваме во онаа мера во која умираме за светот. Трудот при самиот плач и излевањето на солзите се состои во присилувањето на плач, во великодушното поднесување на сушата и бездождието, од кои е оптоварен понекогаш блажениот подвиг, но после кои трпеливиот подвижник секогаш се наградува со обилен излив на солзи. Како што земјата која долго чека да биде оросена, конечно добива изобилство дожд и наеднаш се прекрива со нежно бујно зеленило, така и срцето истоштено од духовна суша, а потоа оживеано од солзи, шири од себе мноштво духовни мисли и чувства, украсени со заедничкиот цвет на смирението. Подвигот на плачот, бидејќи неразделен од подвигот на молитва, ги бара истите оние услови за успех кои се потребни и за молитвата. На молитвата и треба трпелив, постојан престој во неа. Истото тоа му треба и на плачот. Нејзе и треба умор на телото, таа го изнемоштува телото. И плачот го изнемоштува, зашто за да се роди му треба напор и умор на телото. Се изморив воздивнувајќм - вели големиот подвижник на плачот - секоја ноќ го навлажувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја12 Присилата и трудот треба да се во сразмерност со нашите телесни сили. Преподобниот Нил Сорски советува и препорачува плач и солзи. "Тоа е патот на покајание и неговиот плод - вели тој. Оној кој при секоја напаст што го затекнува и против секоја непријателска помисла, плаче пред благоста Божја, за Бог да му помогне, тој набрзо ќе стекне спокојство, само ако се моли според духовниот разум."13 Сепак и овој преподобен, советувајќи не во подвигот да се раководиме според поуките од книгата на Свети Јован Лествичник и Свети Симеон Нов Богослов, предупредува, позајмувајќи го тоа од Свети Исаак Сирин, да не се доведе слабото тело до растројство заради неумерено присилување. "Тогаш, вели тој, е бесполезно да се војува против природата. Ако немоќното тело го принудиме на дела што ја надминуваат неговата сила, тогаш на душата ќе и нанесеме само помрачение на помрачението и ќе ја доведеме до смут."14 Впрочем, и при слаб телесен состав и здравје, неопходна е некоја присила, по мера на силите. Таа мера може да се забележи после мал број опити. Немоќните треба да се доведуваат до плач и солзи со најголемо внимание во молитвата и да се трудат да стекнат плач во духот,15 при што се леат тивки солзи и болката во срцето не е толку силна. Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се иројавува некаков гревовен стремеж или немир. Тогаш е неопходно плачните зборови на молитвата да се кажат малку гласно. Телесниот, махиналниот, гласниот, а особено плачот на сила, не им одговара на немоќните, зашто го потресува телото и предизвикува во него мачен умор и болка. Таквите умор и болка Отците ги сравнуваат со болките на родилката.16 Како последица од нив настапува битна изнемоштеност дури и кај силни подвижници. На монасите со кревок телесен состав можно им е и полезно позасилено да се присилуваат на плач и солзи. Тие треба, особено на почетокот на нивниот подвиг, уште пред да стекнат плач на духот, зборовите на молитвата да ги изговараат со плачен глас, за душата која заспала во смртен сон од гревовно пијанство, да се разбуди на гласот од плачот, и сама да го доживее чувството на плач. Така плачел силниот Давид: Рикав поради воздишките на срцето мое,17 вели тој - рикав како лав што се огласува сред пустина со крик, страшен по својата сила и по тагата што ја изразува. За гласната молитва и плачот, во најмала рака, потребно е осамување во ќелија. Таквото делување нема место меѓу браќата. Од животописите на светите Отци се гледа дека оние сц нив коишто имале можност се предавале на гласно плачење, што понексУгаш неволно ечело надвор од ѕидовите на ќелијата, иако тие со крајна грижа се труделе секое нивно делување да остане тајно, познато само за Бога. Како што насобраните во воздухот гасови при обилен дожд, се празнат во гром, така навалата од чувства на плач во душата избиваат низ плач со лелек и изобилие од солзи. Тоа се случило со монахот чиј подвиг е опишан од Свети Исаак во неговото Слово 10. Како што после грмотевици и дожд настанува некое необично благорастворање на воздухот, така и душата што низ силен плач и олеснува на тагата, освежувајќи се, вкусува особена тишина и мир. И како што од ароматични твари се шири опоен мирис, така од нив возникнува и дејствува најчиста молитва. И воопшто, полезно е да се запознаат од Светото Писмо и списите на светите Отци разните начини на монашко делување, да се испитуваат, и да се избира за себе оној подвиг кој ќе се покаже како најсвојствен за нас. Луѓето се така разнообразни, нивните способности и квалитети се така разнообразни, што едно исто делување и начин на делување, користен од различни подвижници, кај секој од нив дејствува многу поинаку. Затоа е неопходен опит, како што советува и Апостолот: Се испшпувајте, за доброто држете се!

Дарот на плач и солзи е еден од најголемите дарови Божји. Тоа е дар што ни е суштински потребен за нашето спасение. Даровите на пророштво, прозорливост, чудотворење, се знаци на особено благоугодување на Бога и на Божјо благоволение, а дарот на умиление и солзи е знак на веќе прифатено покајание или на покајание кое се усвојува. "Тагата на мислите е особено делување Божјо и оној кој ја има и ја чува како што треба, наликува на човек кој во себе има светиња. Телесните подвизи, без тага на мислите, слични се на тело без душа".

Солзите пролеани поради гревовите, на почетокот се горки, течат при болка и мака на душата и духот тоа му го пренесува на телото. Малку по малку, со солзите ќе дојде утеха, која се состои од едно особено спокојство, од чувство на кротост и смирение. Истовремено, солзите сразмерно и сообразно на утехата која ја даваат сами се менуваат, губејќи ја во голема мера горчината, и истекуваат безболно или со помалку болка. На почетокот се скудни и доаѓаат ретко. Потоа, малку по малку, почнуваат да доаѓаат почесто и стануваат пообилни. Тогаш пак, кога дарот на солзи ќе се засили во нас, по Божја милост, се смирува внатрешната борба, стивнуваат помислите, почнува да дејствува и особено да се развива умната молитва или молитвата на духот, проникнувајќи го и развеселувајќи го внатрешниот човек. Тогаш се трга од умот покривалото на страстите, и нему му се открива тајното учење Христово. Тогаш горките солзи стануваат сладосни. Тогаш во срцето бие духовна утеха, на која не и одговара ништо меѓу земните радости, и која им е позната само на оние кои вежбаат молитвен плач и имаат дар на солзи.20 Тогаш се остварува ветувањето Господово: Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат. Тогаш, вдахновен од сведоштвото на Светиот Дух, подвижникот си вели самиот себеси: Господ ги пази слабите: бев на мака и Он ми помогна. Врати се душо моја, во својот мир, зашто Господ добро ти прави, бидејќи душата мојаја истргна од смрт, очите мои од солзи, и нозете мои од сопнување.

Во плачот на Свети Пророк Јеремија е живописно изобразена состојбата на монахот кој го согледал падот на природата човечка и не го прелестуваат веќе соблазните на минливиот свет, така што тој сецело го устремил погледот на душата кон тој пад и во длабока самотија се предал на силен плач. И кога беше во ропство одведен Израилот - вели Светото Писмо - и Ерусалим опустен беше, седна Јеремија пророкот плачејќи, и ридаше и кукаше над Ерусалим. Нема веќе помош Ерусалим, се е веќе напразно, остана само плачот по него. А пророкот одамна му пророкуваше со непрестајна пророчка реч; сега нема кој да ја слушне таа реч. Не само што нема луѓе, нема ни зданија, останале само урнатини. На нив можат да одекнат само риданија. Никој не ги разбира тие лелеци, и нема потреба од обид некој да ги разбере. Низ нив пророкот ја изразува неискажливата, тешка тага своја. Одекнува од урнатините лелекот низ пустината; и го слуша од небото Бог. Каква е положбата на пророкот? Сам на распространетите урнатини на градот. Сам е, жив среде безбројните мртви знаменија и сведоштва на минатиот живот. Сам, насред област на смртта. Бидејќи жив, го подигнува гласот на тага по загубениот живот. Го повикува животот да се врати во неговото напуштено живеалиште, повторно да ја замени со себе страшната, бесчувствителна смрт. Како сам остана градот, некогаш полн со народ! Стана како вдовица, некогаш голем меѓу народите, кнезот над областите сега плаќа данок.

Пророкот е оној што го означува умот на монахот, просветен од откриеното учење Божјо. Големиот град, тоа е самиот човек создаден од Бога. Жителите на градот се својствата на душата и телото. Незнабошците, тоа се демони, кои беа унижени уште пред падот на човекот, а станаа негови господари после падот. И самиот монах, и сите луѓе, се наоѓаат во состојба на пад. Тој плаче за себе и за сите луѓе. Но монахот плаче сам, зашто тој единствен при светлоста на Словото Божјо го гледа падот на човештвото. Другите луѓе не го гледаат, не земаат учество во плачот, и за оној што плаче сметаат дека се лишил од разум. А монахот плаче во свое име и во име на целото човештво. Не можејќи да се одвои од човештвото заради љубовта кон него и своето сродство со него, монахот плаче за себе и за сето човештво.


Ја оплакува заедничката за сите падната природа. Тој плаче сам над мртвите урнатини, насред расфрлените купишта камења. Урнатините и камењата се слика на човештвото поразено од бесчувственост, човештвото кое не ги осеќа и не ги разбира својот пад и вечната смрт, и нема трошка грижа за нив. Монахот плаче сам, и плачот негов го разбира само Бог. Горко плаче ноќе, за време на својот земски живот, а солзите му паѓаат по образшпе. Од сите оние што го сакаа, сега никој нема да го утеши; сите негови пријатели го изневерија и му станаа непријатели. За да се заплаче со плач по Бога, нужно е оддалечување од светот и луѓето, треба да се умре за светот и луѓето, да се осами човек со срце и ум. "Остави ги сите грижи, тоа ќе ти помогне да се приближиш кон градот на безмолвието. Ако не внимаваш, нема да успееш да се вселиш во него. Ако пак умреш за секој човек, ќе станеш наследник на градот и на неговите ризници." Му рекол Варсануфиј Велики на монахот кој се подготвувал за безмолвие и отшелништво во гробот-ќелија, тоа омилено пребивалиште на молитвениот плач. Јудејците кои беа во Вавилонско ропство се израз на сликата за доброволно поднесување на јад и жалост, т.е. слика на телесните лишувања и подвизи на кои се подложува монахот, со цел да се покае. Изобразба на оној јад и душевен бол кои на него ги пушта промислата Божја, заради очистување од гревовите. Духовниот водач на подвизите - плачот, испраќа од урнатините на Ерусалим, каде што безмовствува во осаменост, послание до нив. Во посланието, тој им ветува на поробените ослободување, по истекот на извесно време. Горкиот плач има свој рок, и за чашата на доброволни и неволни горчини има мера. Тежината на мерата на сето тоа ја одредува Бог, како што кажа и Свети цар Давид: Ќе не храниш ли со солзлив леб, и напојуваш со солзи изобилно ? зашто солзите мои Си ги ставил пред себе - како средство за очистување - во заветот Твој30 - на помилување и спасение. Имаше денови кога солзшпе мои беа леб за мене дење и ноќе. По нив дојдоа денови во кои заради тоа што се намножуваа гпешкопшшпе во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја.32 Кога Господ ги врати Сионскшпе заробеници, ние бевме како утешени. Тогаш усшата ни се исполни со радост, и јазикот наш со весела песна.33 А ти Јакове, слуго Мој, не бој се - му објавува вдахновениот Јеремија на избраниот во името на Бога народ, кој заради гревовите свои беше од Бога пуштен во ропство на Вавилон - и не плаши се, Израиле. Еве, Јас ќе те избавам од далечната земја и семето твое од земјата наропството нивно и ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно и никој нема да го заплашува.

Маките и болките на покајанието содржат во себе семе на утеха и исцеление. Таа тајна преку плач му се открива на покајникот. Сите монаси кои се очистиле од гревовите, се очистиле преку плач, и сите оние кои достигнале христијанско совршенство, го достигнале со плач. Овој подвиг беше развиен особено меѓу многуте безмолвници на Долен Египет, во Пустината Скитска, на Гората Нитриска, во ќелиите и другите осаменкчки места. Тој собирите и војските монашки ги претвори во собири и војски ангелски. Кога основателот на монашкото живеалиште во Пустината Скитска, преподобниот Макариј Велики, кој и другите пустиножители го признаваа за Отец на Отците, дочекал длабока старост, монасите на Нитриска Гора, многу блиску до Скитот, го замолиле да ги посети пред неговото заминување кај Бога. Макариј дошол на гората, каде го пречекале мноштво монаси што безмолвствувале на неа. Тие го замолиле за поука. Макариј заплакал и им рекол: "Браќа, да заплачеме. Нека нашите очи пролеваат солзи до нашето заминување таму каде што нашите солзи ќе ги горат нашите тела." Тогаш сите заплакале, паднале со лицето на земја и рекле: "Оче, моли се за нас."Со својот дар на солзи, светиот учител на светите древни монаси, го изнел ова кратко учење за солзите, собирајќи го во него сето учење за монашкиот живот. Слушателите, изразувајќи го својот дар на солзи, покажале дека го разбрале значењето и големината на учењето. Тука не биле потребни многу зборови.


Дарот на солзи, тоа осенување со благодат Божја, најповеќе ги посетува подвижниците во време на внимателна молитва, зашто е нејзин вообичаен плод. На некои им доаѓа за време на читање, а на други, за време на некоја друга работа. Така, на преподобниот Кирил Белозерски, солзи му доаѓале за време на работа во манастирската кујна. Гледајќи во вештествениот оган, тој се присеќавал на огнот на вечните маки, и плачел. Мислејќи дека во безмолвие неговото умиление ќе се засили и солзите ќе се намножат, посакал да се осами во ќелија. По Божјо допуштение, околностите му овозможиле да ја исполни својата желба. И, што станало? Бидејќи исчезнала причината што ги предизвикувала умилението и солзите, секнале и солзите и Кирил го замолил настојникот да го врати кај огнот на манастирската кујна. Светите Отци заповедаат да се престојува во оној подвиг во кој доаѓаат солзи. Зашто солзите се плод, а целта на монашкиот живот е да се достигне плодот со тие средства кои Му се благоугодни на Бога. Преподобниот Теодор Енатски кажувал дека знае за монах кој молитвено тихувал во ќелијата плетејќи јажиња. Додека седел и плетел јажиња, исполнувајќи ја умната молитва, му доаѓале солзи. Тогаш станувал на молитва, но солзите веднаш престанувале. Штом седнел и почнел да работи, сосредоточувајќи ги мислите во себе, солзите пак му доаѓале. Истото се случувало и кога ќе седнел да чита, солзите му доаѓале. Штом ќе застанел на молитва, солзите веднаш секнувале. Само што ќе се фател за книгата повторно, солзите му надоаѓале. По повод ова, Преподобниот рекол:"Точна е изреката на светите Отци дека плачот е учител. Тој го учи секој човек на она што е за него корисно."

Преподобниот Теодор Енатски кажувал: Секој грев што го прави човекот е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело, зашто од телото истекува нечистотија која го осквернува. Така и секоја добродетел е надвор од телото, а оној што секојдневно плаче го очистува и телото. Зашто солзата којашто истекува го измива телото од нечистотија. "Оној што вистински се кае - според зборовите на Свети Јован Лествичник - признава дека секој ден во кој не плачел е загубен, иако во текот на истиот ден сторил нешто добро". Како и да ни е возвишен животот, ако не стекнеме срце скрушено, тоа е живот дволичен и бесплоден. Потребно е, навистина им е потребно на оние кои се оскверниле после бањата на обновувањето, после своето крштевање, да ги чистат своите раце со постојан оган на срцето свое и со милост Божја.41 Нема, пријатели мои, кога душата ќе го напушти телото, да бидеме обвинети заради тоа што не сме биле чудотворци, што не сме биле богослови и не сме имале духовни виденија, но неизоставно ќе одговараме пред Бога за тоа што не сме плачеле непрестајно, т.е. што не сме престојувале во постојана спасителна тага заради нашите гревови и нашата гревовност. И покрај тоа што плачот речиси секогаш е овенчан со поголемо или помало изобилство од солзи, некои подвижници, како што се гледа од утешното слово кое им го упатиле светите Отци, се мачат, или во текот на сиот свој подвиг, или во текот на некое позначително време, притиснати од плачот, но не добиваат солзи за утеха и олеснение. Тоа, за да знаат дека суштината на покајанието се состои во смирението и скрушеноста на нашиот дух,43 кога духот плаче од смирение. Плачот на духот, при недостаток на телесни сили за да се изрази подвигот и делувањето на покајанието кое дејствува во душата, ги заменува со себе сите телесни подвизи и дејствија, а меѓу нив и солзите.44  Амин.
_______________________

2 Ова мислење можеме да го најдеме во дијалозите на Север Сулпициј, објавени во Галандската библиотека и во потполниот курс на Патрологија
3 Лествица, Слово 7. Преподобен Нил Сорски, Слово 8.
4  Псалми 118,136.
5 Матеј 5,3-4
6 Преп. Варсануфиј и Јован, Одговор 282.
7 Слово Зо.
8 Суд. 1.15.
9 Претт. Нил Сорски, Слово 8.
10 Слово 7,гл. 3.
11111 Псалми 101,4-9 .
12 Псалми 6,6
13 Слово 8
14 Слово 8
15 Преп. Нил Сорски во Слово 2 ги нарекува молитвата и плачот на духот разумски крик и плач
16 Лествица, Слово 7, гл. 60
17  Псал. 37,8
18 1 Сол. 5.20.
19  Св. Исаак Сирин: Слово 89
20 Преп. Нил Сорски, Слово 8
21 Матеј 5,4
22  Псал.114, 6-8
23 Преп. Макариј Велики, Слово 4,гл.19
24 Плач Јер.гл.1
25 Плач Јер. 1.1
2б Плач Јер. 1,2
27  Одговор 38
28 Св. Исаак Сирин, Слово 65
29 Псал. 79,5
30 Псал. 55,8
31 Псал. 41,3
32 Псал. 93,19
33 Псал. 125,1 -2
34  Јер. 46,27
35 Алфавитен Патерик и Достојни за спомен прикаски, гл. 33
36  Житија на Светите, 9 јули.
37  Алфавитен Патерик.
38 Кор. 6,18
39 Алфавитен Патерик.
40 Слово 5, гл. 33
41 Слово 7, гл.64
42 Слово 7,гл.7О
43 Псал. 50,19
44 Преп. Нил Сорски, Слово 8

(продолжува)

 Темели на духовниот живот     

Издавач: Библиотека СЛОВО ОД  ВОДОЧА

 Друго:

ЗА ПЛАЧОТ 1

 

Посети:{moshits}

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5794
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6394
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5592
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная