vinjeta.5.jpg

Шестата Божја заповед гласи: Не убивај!
Резултатите на истражувањата во областа на антропологијата, биологијата и биохемијата се идентични со теологијата зашто водат до заклучок дека абортусот е убиство, бидејќи со него се прекинува нов живот. Тоа е убиство од најтежок вид, зашто се прекратува животот на едно ново човечко суштество, кому му се скратува можноста да се роди, да заплаче, да се насмее, да порасне, да се развие и да му се радува на животот.
 Христијанската наука стои зад фактот дека, животот е дар од Бога и никој нема право да посегне по него. Доколку никој нема право да си го одземе ни сопствениот живот (бидејќи истиот е дар Божји, поради што и чинот на самоубиството се смета за најтежок и неопростив грев), тогаш со кое ли право ќе се оправда прекинувањето на животот на детето кое допрва треба да се роди.
 Личноста која се развива во утробата на мајката е потполно различна од нејзиниот, бидејќи претставува нов живот, кој започнал уште од моментот на зачнувањето. Светото Писмо говори дака Бог го создал човекот од земен прав и му вдахнал во лицето животен дух, по што тој станал жива душа (Битие 2, 7). Значи во моментот на неговото создавање човекот оживеал, зашто не природата сама по себе, но Бог му дал живот.
 Во прилог на теологијата оди и медицината кога говори дека, по само 18 дена од зачнувањето, јасно се слушаат отчукувањата на срцето на новиот човек и неговиот крвоток функционира потполно самостојно и независно од мајчиниот.
 Провидни и неодрживи се и отфрлени од Православната Црква ставовите на т.н. феминистички здруженија за правото на жената, исклучиво таа да располага со судбината на младенчето во нејзината утроба, како дел од нејзиното тело и да може во било кој момент по нејзина желба да го отстрани како несакан телесен израсток. А што е со правото на живот на оној што треба да се роди и зошто без да биде обвинет му се изрекува смртна казна?
 На оние што извршиле чин на абортус или помогнале во истиот, каноните на Црквата предвидуваат епитимија (духовна казна) од покајание и отстранување од светата причест во времетраење од 10 години.
 Теологијата како Божествена наука учи и повикува на пост, молитва, покајание и пред сé на воздржаност, зашто крајниот резултат од блудочинството е т.н. несакана бременост, чија крвава завршница претставува абортусот односно чедоморството.
 
            м-р И. О.        

Изборот: од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)

Во врка со темата:

   ЗА АБОРТУСОТ И ЗА РАЗВРАТОТ

 Од Бога создадената лабoраторија (II- во продолжение)

 

Посети:{moshits}