логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Спортот обично се поврзува со телото, и најчесто тоа се првите  асоцијации коишто се будат во врска со ова собитие: тренинзи, вежби, резултати, дисциплина, упорност...
Меѓутоа со оглед на тоа дека човекот не е само тело, ниту само душа, туку е заедница од овие две, плус дух, на спортот може да се гледа како на една дисциплина којашто помага (или учествува) во одржувањето на здравјето на севкупниот човек.
Ја отвараме оваа тема, за којашто ќе говориме од неколку можни аспекти, а во овој број на Премин ви го пренесуваме предавањето на еден монах Светогорец, којшто  како што вели самиот, чувствувам болка како поранешен спортист, а сега монах Светогорец за состојбата на спортот, за која што верувам дека сум виновен и јас во голем степен, затоа што не сум се молел доволно за луѓето коишто се поврзани со спортот. Затоа барам од сите вас прошка, а Бог вам да ви прости.


СПОРТОТ ОД ПОГЛЕД НА ЕДЕН СВЕТОГОРСКИ МОНАХ, ПОРАНЕШЕН СПОРТИСТ


(предавање пред Олимписката академија на Кипар)


 Му благодарам на Преблагиот Триеден Бог, на Пресветата Богородица, и на кипарските и Светогорските светители што ме удостојуваат денес да се наоѓам помеѓу избрани спортски челници, сите вас, коишто сте одговорни за спортското воспитување на младината која што бара да најде излез од безизлезите на современото општество, а обично не наоѓа ништо друго освен болка, самотија и збунетост.
 Му благодарам на Блаженејшиот Архиепископ на Кипар г. Хризостом и на Олимписката Академија на Кипар што ги дадоа благословот и дозволата да кажеме неколку збора за спортот од аспект на Православната Црква. Се надевам дека ќе се замислиме и ќе расчистиме одредени работи во врска со нашава тема.
 Да започнеме со приказната што ја читаме од книгата на еден современ теолог:
 "Еден ден еден светител застана пред нашата куќа. Мајка ми го виде во дворот како игра за да ги забавува децата. < О, ми рече, тоа е навистина е еден светител; можеш да одиш кај него, сине мој>.
 Светителот ја стави својата рака на моето рамо и ми рече: <Што мислиш да правиш, малечок мој? - Не знам. Што сакате да правам?
- Не, кажи ми ти што сакаш да правиш?
- О, ми се допаѓа да играм.
- Значи, сакаш да играш со Господа?
Не знаев што да одговорам.
- Гледаш, ако би можел да си играш со Господа, тоа би било најголемото нешто што некој некогаш го направил. Сите Го земаат премногу сериозно, та о прават смртно досаден... Играј со Бога, синко мој, Он е најдобриот другар за твоите игри". (Павле Евдокимов, "Молитвата на Источната Црква", стр. 20 - 21).

Ако се осврнеме и на животот на св. Серафим Саровски ќе видиме дека светителот имаше слабост кон децата и играше со нив, кога родителите ги испраќаа кај него во шумата за да го пронајдат таму скриениот св. Серафим Саровски.
И Христос рече: "Ако не се повратите и не станете како малите деца,нема да влезете во Царството Небесно".
Играта е спортот ()1 на децата. Христијанскиот живот е една игра, една атлетика Божја, согласно со она што го кажавме. Ако сакаме да бидеме вистински христијани и вистински спортисти (атлети), тогаш треба да играме во слобода преку послушноста кон Христа во Православната Црква.
Но, што е Црква? Црква е Богочовечки организам, Тело Христово, свет народ, народ Божји, царско свештенство. Црква е избавителот Христос, Мајката и пријателите на Избавителот.
Црквата како предвечен совет - волја Божја, постои отсекогаш. Нејзиниот историски роденден беше Педесетницата. Христос рече дека вратите на адот нема никогаш да ја совладаат. А тоа историски се оствари дури и во нашиве енови. Иако комунизмот сурово ја гонеше Црквата во Источна Европа последниве 80 години, сепак самиот беше поразен. Црквата, Телото на Распнатиот и Воскреснатиот Христос, функционира заради вселената, заради целиот свет. Го осветува, преобразува и го издигнува светот од падот во кој што се наоѓа кон светот на вечноста.
Тоа го прави со нејзините Свети Тајни, особено со Светата Тајна на Евхаристијата, т.е. на Литургијата. Во Литургијата, која што значи дело на народот Божји, се врши размена на дарови. Ние луѓето, христијаните, Му ги принесуваме на Бога даровите Божји за да ги освети, да ги преобрази и да ги издигне до Својот Престол и да ни ги даде осветени и преобразени, нам луѓето христијани, за да им се радуваме и да ги употребиме во слава на Бога и на човекот.
Човекот така се спасува и живее среќен и во овој и во другиот живот. Применувајќи ги евангелските аповеди Го откриваме сокриениот во нив Христос и ги решаваме сите наши проблеми. Архимандритот Софрониј Сахаров, ученик на св. Силуан Атонски, вели: "Живеејќи согласно со евангелските заповеди, иако сме на мачен пат, полека решаваме многу од вечните проблеми на човештвото. Не се зачудувајте, тоа е реалноста: во Христа се наоѓа спасението на собраните групи во името Христово, како и на целите народи на сиот свет (Јован 4, 42; Мат. 12, 21). Не постои и не е можно да постои состојба која што Христос не може да ја спаси. Автентичното спасение лежи во тоа да пребиваме постојани во љубовта Христова под било какви услови, како што и Он Самиот ги исполни аповедите на Неговиот Отец и пребива во Него во љубовта (Јован 15, 10)".
Бидејќи нема состојба која што не може Христос да ја спаси, Христос може да го спаси и спортот од катастрофалниот пат што го следи последниве години. Да видиме прво што е спорт с, кои се неговите заеднички точки со Црквата и која е современата состојба на општеството и на спортот.
Спорт или Атлетика значи постигнувам подвиг, правам подвиг. Постигнувам подвиг за себеси, т.е. се надминувам себеси, што значи се борам против себељубието, егоизмот, страстите, гревот и ѓаволот, со благодатта Божја и со молитвите на мојот духовен отец.
Цел на спортот е телесното и духовното совршенство на човекот, според евангелските зборови: "бидете совршени, зашто вашиот Отец Небесен е совршен".
Средствата што ги употребува спортот за постигнување на своите цели се овие:
1. Нетварната Божја благодат.
2. Природното движење.
3. Гимнастичкото вежбање.
4. Борбата.
5. Групата.

Спортот помага во подобрувањето на телесните и духовните способности и на добродетелите на човекот и ги залекува истовремено, колку што може, негативните, т.е. телесните болести, душевните страсти.
Да видиме како спортот придонесува во духовниот развој на човекот. Да почнеме од детската возраст. Бидејќи детето со физичкото воспитание континуирано се бутка од несовладлив натрешен порив, со аналогната правилна активност доживува и развива добри навики што водат во втемелување на правилно душевно живеење и карактер.
Во таа возраст ќе треба да дадеме нагласок на контролата и зауздувањето на егоцентризмот и на развивањето на социјалноста и друштвеноста на детето. Ако егоцентризмот не се ограничи навреме, тогаш ќе испадне фатален за самото дете и за целата заедница околу него.
Со соодветните вежби, групни игри итн. детето и воопшто човекот се посветува во општествениот живот, којшто ги предводи односите на луѓето и води во взаемно разбирање, взаемно помагање, општествена соработка и соживот.
Играта му нуди шанса на детето и воопшто на човекот што спортува да стекне себепознание, т.е. да се запознае себеси и да ја постигне хармонијата помеѓу нереалното и реалното во себе.
Во екипата се негува чувството за должност. Должност е чувството за одговорност спрема заедницата во која што се живее. Детето и воопшто спортистот, подложени на одредени тренинзи коишто бараат самодисциплина и самовласност ги негуваат овие добродетели, коишто ја имаат силата да ги скротуваат слабостите и штетните склоности.
Со спортот се постигнува правилната и цврста волја која што е душевна сила и која што, ако се поврзе со покајанието, светотаинскиот живот, аскезата и послушанието во Православната Црква, го прави спортистот способен да носи морални и правилни одлуки и да ги спроведува во пракса. Стекнувањето на цврстата и правилна волја се постигнува после долго и напорно вежбање од многу мала возраст.
Освен тоа постојат и други нешта коишто ја разубавуваат душата на човекот и ја впотполнуваат како што се смелоста, трпението, упорноста, дисциплината, чувството за ритам и за мерка итн. Сето тоа се постигнува со спортувањето.
Од она што го видовме до сега излегува заклучокот дека Православната Црква и спортот имаат заеднички точки, коишто ќе ги видиме во продолжение. Но прво треба да прецизираме дека Црквата е Телото на Христа, којшто е вечната глава на Црквата, центар на целокупниот свет и на вселената, оска на Православната цивилизација и општество. Според тоа е центарот и оската и точката кон која се движи спортот. Прва величина е Црквата, а секундарна е спортот. Црквата е соврШен организам, Богочовечки, независно дали неговите членови имаат слабости и страсти. Црквата нема потреба од никого, додека спортот има потреба од Црквата за да застане на своите нозе, за да функционира правилно, за да ја изврши својата општествена, национална и глобална цел која што е збратимување на народите во мир и единомислие.
Заедничките точки на Православната рква и на спортот се овие:
1. "Здрав дух во здраво тело", што се толкува Православно: "дух осветен во тело осветено од несоздадената Божја благодат која што се дава во Православната Црква". Душевната и телесната аскеза се врши за да стекнеме смирение и чистота, како што ги стекна овие добродетели пресвета Богородица во Светињата на Светите.
2. Човекот го вежба телото за да има здравје, подвижност, живост, сила. Здравјето и тоа што следи од него и помагаат на повозвишената од телото душа во трудот за меѓусебна духовна љубов, за слава на Бога и на човекот. Апостолот Павле некаде вели: "Јадете ли пиете ли или нешто друго правите, сето тоа правете го во слава Божја". На пример, светиот великомаченик Димитриј, заштитникот на Солун, му го даде својот благослов на светиот маченик Нестор да земе учество во спортот на гладијаторството со големиот противник идолопклоникот Лиј, кого што го победи со благодатта Божја и со молитвите на св. Димитриј.
Св. Пророк Давид во гладијаторска борба го победи Голијат, којшто беше идолопоклоник, откако претходно се помоли.
Гледаме дека Православната Црква го афирмира спортот, бидејќи тој Го прославува Бога и на крај и човекот.
3. Спортот е средство, инструмент на човекот за да се опушти психолошки, да ја најде повторно својата изгубена психосоматска складност. Црквата го сака следново: Спортот да му служи на човекот, а не човекот да е механички дел на спортот.
Кон психосоматската складност на човекот стреми и Православната Црква со постот, бдението, умствената молитва, со "Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот", аскезата, богослужението, покајанието (преумувањето).
Црквата очистува, просветлува и озарува со несоздадената светлина Христова. Таа светлина ги поплавува умот, желбата, дразбениот дел на душата и целото тело на човекот. Таа го прави светол, осветен, способен да ги исцелува и да ги утврдува сите оние коишто доаѓаат во контакт со него, како што се случува со моштите на Светителите, коишто се Христови атлети (спортисти).
Сега да видиме накратко што се случува во современото општество и во современиот спорт.
Агонијата, немирот, себеоправдувањето, себељубието, егоистичкото затварање во себеси, континуираниот монотон конфорен седечки живот на градовите и понекогаш и на селата, буката на машините, злоупотребата на техниката и на културата, менувањето на етосот на народот, ја карактеризираат денешната општествена состојба. Болниот "осамен човек" на милионските градови насекаде се пројавува болно.
Тоа јасно се гледа на стадионите. Секирациите, маките, семејните проблеми, агонијата, отсуството на смисла за живот, незадоволството кон претпоставениот на работното место, излегуваат од потсвеста каде што се потиснати и се насочуваат кон судијата и кон противниците. Тоа што се случува на стадионите, претставува нужно зло. При тоа што се случува таму. Гледаме како некои љубители на спортот и играчи прибегнуваат кон алкохол, дрога, плотски страсти итн. , затоа што веруваат дека инаку би полуделе. Православната Црква чувствува болка затоа што знае дека луѓето не само што се оптоварени со гревови и проблеми, туку и дека не сакаат да е ослободат од тој товар (св. Јован Златоуст). Таа состојба им станува втора природа. Егзистанцијалистите велат: "Човек сум затоа што имам страв". Се плашат дека ќе умрат без страв. Исповедта може да му помогне на човекот и на судијата и на љубителите на спортот да умрат со страв, да воскреснат без страв и да се помират со Бога, со себеси и со своите ближни. Да ја постигнат нивната општа цел, т.е. обожувањето, да станат богови по благодат.
Постојат некои спортисти во Грција и на Кипар коишто го применуваат православниот живот. Нормално, тие се светлите исклучоци од правилото. Затоа што правилото денес е дека отсуствува од спортските терени жртвата, љубовта, смирението, братството, взаемното простување, состраданието, несреброљубието, несебичноста итн.
Постои острастено служење на богињата топка, сув професионализам, давање на премии, трговија со играчи, политизирање со цел пренесување на проблемите и претварањето на човековата личност во маса, развратен живот, маркетинг на интернационални фирми преку спортот. Гледаме тимови како носат дресови со натписи на ДАТСУН, Царлсберг, или на Олимписките игри како се наметнуваат фирми за какао, за часовници ОМЕГА, кока кола итн.
Каде е, молам, барем древниот Олимписки дух? Древните Елини, нашите славни претци, пред да ги започнат натпреварите, принесувале жртви на боговите, се молеле. Секако, се наоѓале во заблуда. Но значајно е тоа што "со Бога се започнува". Ги запирале војните пред натпреварите. Во историјата на Олимписките игри од 1896 година па наваму гледаме дека запираа Олимписките игри за да продолжат војните (1. И 2. Светска Војна). Древните Елини не употребувале лекови или инекции (допинг) за деа ги подобрат своите резултати и да постигнат победа, а денес нашироко се употребуваат.
Тој древен Елински дух беше преобразен подоцна во христијански дух, во Православната Црква и го зачува доброто што го имаше. Го отфрли само идолопоклонството, оттуѓувањето на жовекот. До сега, по Литургијата на втор ден Велигден Кипраните играат кипрски традиционални игри и се натпреваруваат во атлетика, играат фудбал, одбојка итн.
Православната Црква не го отфрла спортот, туку го прегрнува и го осветува. Не го злоупотребува, ниту, пак, го прави цел за себе. Не го апсолутизира релативното, ниту го релативизира апсолутното.
Кога зборуваме за современите Олимписки игри би сакал да го наведам чинот на затварање на Олимписките игри во Барселона 1992 година, каде што одговорните, без да го информираат светот што ги следеше настаните преку телевизија, прикажаа и демонски игри, обреди и облици давајќи го впечатокот дека владетел на спортот е чаволот и неговите инструменти. Секако, сценсариото беше токму борбата на доброто со злото, при што конечно победува доброто. Меѓутоа, не се нагласи дека злото е небитие, тоа е непостоечко и дека ако ние не му дадеме место, ако не му ја дадеме нашата слобода, тогаш не може да има постоење. Ниту, пак, се нагласи дека Христос е единствениот Којшто со Својата смрт ги победи смртта и злото и со Својата сила воскресна, па според тоа само оние коишто се соединуваат со Христа во Православната Црква ги победуваат злото и смртта.
Завршувајќи го ова предавање би сакал да се осврнам на одредени практични мерки, за во Христа поткрепување на спортот во срцата на љубителите на спортот, играчите, судиите, тренерите и раководните фактори во спортот. Секако, било какви човечки мерки се половични без слободата на Светиот Дух, скрушеноста, љубовта. Во секој случај ако човекот поака, тогаш Бог ќе содејствува на Својот начин.
1. Да се постигне независност на спортот од политичките партии, од фирмите, од банките. Како? Со потпората на надежда во Бога и во Неговиот спортољубив народ "и сето друго ќе ви се придаде". Верата која дејствува со дела спасува, а не парите.
2. Тренерите, раководните фактори, професорите по физичко образование да се обидат, ако сакаат, да бидат не само обрасци за техничка совршеност и физичка сила, туку пред се обрасци за луѓе мирни, чесни, искрени, разумни, праведни. Само познавањето на спортските правила не ја осигурува и нивната примена. Православната Црква прифаќа дека :"Најголема од сите добродетели е расудувањето". Расудување значи познавање на себеси, непогрешно чувство за вистинското добро и способност за просветлување на темните точки на другите (св. Јован Лествичник). Се треба да бива убаво и согласно со востановениот поредок. Расудувањето се стекнува со ослободувањето од страстите преку благодатта Божја во Православната Црква.
3. Да не се употребуваат спортистите како обични средства за успех на клубот, аналогно со целите, туку како луѓе "според образот и подобието Божјо". Мнозина спортисти со исцрпувачкиот тренинг и со употребата на допинг средства станаа телесно, економски и професионално некорисни. Со нив се соочуваат, за жал, како со автомобилски мотори, но кожни. Некои раководни фактори во спортот мислат дека човекот спортист нема душа. Полека полека и спортистот го стекнува истиот начин на мислење. Себеси се смета како животно. Го интересира само да јаде, да пие, да спие, да се забавува, да троши: "Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме".
4. Пред и по еден спортски натпревар да се врши славословие на Бога, како и петминутна проповед. Верувам дека така многу неумесни, валкани работи како и антиспортската атмосфера ќе запрат. Барем се намалува фанатизмот, којшто го ослепува човекот.
5. Да има взаемно простување после натпреварот, без задржана омраза. Така се постигнува внатрешното обновување и прогресивното издигање на спортот.
6. Спортистите треба да научат дека нема толкаво значење победата, колку што има учеството и ползата што следи од тоа. Се бориме за да се надминеме себеси, што претставува една голема победа, едно духовно подобрување.
7. И победата и поразот се неопходни. Без поразените, победници не постојат. Поразениот ќе ги види своите грешки и во иднина ќе стане подобар. Но за да биде тоа, т.е. да имаат полза и едните и другите, треба победникот да ја прима победата со смирение и скромност, а поразениот без разочарување.
8. Треба сите да гледаат на спортската борба и на победата во неа не како на цел за себе, туку како средство за да се овенчаат на арената на добродетелта.
9. Треба да научиме да ја разликуваме желбата за расудување и постигнување од стекнувањето човечка слава. Вистинскиот натпревар е надминувањето на себеси, отфрлањето на лажното и преодното кое што е идолопоклонство.
10. Здравиот спортски дух се поистоветува со некористољубивоста. Среброљубието е најзначајната причина за девијација на спортот, коешто создава непријателства помеѓу поединци и групи со катастрофални последици.
11. Да се создадат затворени спортски терени, каде што тие што сакаат ќе спортуваат без да плаќаат. Да има тренери на тие терени, специјални за секој спорт, коишто ќе им помагаат на спортистите согласно со нивните таленти. Така нема да имаат потреба о екипите за да напредуваат. Ќе се занимаваат невработените физички работници и воопто е се форсира спортот. Затворените спортски центри да се градат близу до цркви, та да се поврзува богослужбениот живот со спортскиот. Таму ќе има и еден духовен отец - свештеник коишто духовно ќе и помага на спортската младина.
12. За да излезе еден прав спортист треба да соработуваат хармонично родителите, учителите, спортските работници и свештениците.
13. Ќе треба да се внимава и на улогата на телевизијата, на радиото и на печатот во поттикнувањето на духот на соработката помеѓу Православната Црква и спортот во полза на нашата младина која што бара да најде излез во безизлезите на современото општество. Правилното информирање, взаемното разбирање, употребата на образовни програми, соработката на сите полиња помеѓу црковните, спортските и новиарските фактори ќе помогне мноу во обновувањето на правиот Православен начин на мислење и на правиот спортски дух.
14. Црквата и Државата да ги помагаат економски, професионално и духовно спортистите коишто се посветуваат себеси на спортот така што и за време на спортувањето и по завршувањето на спортската кариера да имаат ценет општествен и професионален живот кој што го осигурува душевниот, личниот и семејниот мир.

ЕПИЛОГ

Не ви изложив утопии. Со малку добра волја и со благодатта Божја, сето она што го кажавме станува реалност. Не сакам да ве поужувам. Она со што ме имаат вдахнато моите професори по физичко воспитание Андреас Костас, Динос Михаилидис, Парис и Андреас Стилиану и Светогорските Свети отци, тоа и го изложив. Знам дека можеби ќе има реакции на тоа. Но верувам дека од малечок и од луд можеш да ја учиш вистината. Еден еромонах Светогорец од Григоријатскиот манастир ми го кажа следново: Светогорскиот монах е следниве три нешта: 1. Луд. 2. Дете. 3. Веселко. Луд е, т.е. безумен заради Христа (Ап. Павле). Дете е (ако не бидете како децата нема да влезете во Царството Небесно, вели Христос). И веселко е затоа што целиот негов живот е едно славословие кон Бога (ќе Му пеам на мојот Бог се додека постојам).
Го пишувам ова исто така и за да не бидеме во самозаблуда дека се е убаво и розево на полето на спортот. Не сакам да допирам одредени личности. Немам никаков нечист интерес. Чувствувам болка како поранешен спортист, а сега монах Светогорец за состојбата на спортот, за која што верувам дека сум виновен и јас во голем степен, затоа што не сум се молел доволно за луѓето коишто се поврзани со спортот. Затоа барам од сите вас прошка, а Бог вам да ви прости.
Се надевам дека ова предавање за спортот ќе биде повод за покајание, критика и плоден дијалог со цел да ја спречиме целосната катастрофа на спортот.

+++

СВЕТОГОРСКИ МОНАХ


- Со спортот се постигнува правилната и цврста волја која што е душевна сила и која што, ако се поврзе со покајанието, светотаинскиот живот, аскезата и послушанието во Православната Црква, го прави спортистот способен да носи морални и правилни одлуки и да ги спроведува во пракса.


- Стекнувањето на цврстата и правилна волја се постигнува после долго и напорно вежбање од многу мала возраст.


- Освен тоа постојат и други нешта коишто ја разубавуваат душата на човекот и ја впотполнуваат, како што се смелоста, трпението, упорноста, дисциплината, чувството за ритам и за мерка итн. Сето тоа се постигнува со спортувањето.


"Здрав дух во здраво тело",

Спортот обично се поврзува со телото, и најчесто тоа се првите асоцијации коишто се будат во врска со ова собитие: тренинзи, вежби, резултати, дисциплина, упорност...
Меѓутоа со оглед на тоа дека човекот не е само тело, ниту само душа, туку е заедница од овие две, плус дух, на спортот може да се гледа како на една дисциплина којашто помага (или учествува) во одржувањето на здравјето на севкупниот човек.
Ја отвараме оваа тема, за којашто ќе говориме од неколку можни аспекти, а во овој број на Премин ви го пренесуваме предавањето на еден монах Светогорец, којшто  како што вели самиот, чувствувам болка како поранешен спортист, а сега монах Светогорец за состојбата на спортот, за која што верувам дека сум виновен и јас во голем степен, затоа што не сум се молел доволно за луѓето коишто се поврзани со спортот. Затоа барам од сите вас прошка, а Бог вам да ви прости.

 „ПРЕМИН“

Посети:{moshits}

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 54
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 46
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 138
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

« »