логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот.
Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето;
А во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето.
Така станува и при раѓањето на човекот: во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се оформува телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.

 


Архимандрит Рафаил Карелин

     
        Убивање на беспомошните
 
 sveta.troica.a1.jpgСекаде го слушаме зборот мир, но тоа е лага, тоа е гнасно лицемерие. Тоа е еден од зверските ликови на современиот цивилизиран свет. Околу нас се случува војна, непрестана и окрутна, во која нема примирје или свршеток, каде нема победник и победени, туку постојат само џелати и нивни жртви. Оваа војна го има зафатено целиот свет, но со посебен интензитет земјите кои се гордеат со својата цивилизација, култура и прогресс. Оваа војна е нечовечна, систематска кланица, геноцид без преседан и аналогија во историјата на целото човештво; тоа е војна на родителите против сопствените деца. Тоа е војна во која се пролеваат реки на крв, каде што убиството е соединето со мачењето. Тоа е кланица, која секоја година носи повеќе десетици милиони жртви со лицемерие својствено на современиот човек, затоа што не се нарекува со своето име - убивање на невините  и беспомошните, со садизмот на џелатите во концентрационите логори, легализирани со правото на убиство и злосторство, туку е сокриен и маскиран со магловитиот и безобразно лицемерниот термин- абортус, т.е. исфрлање надвор, како да се работи за непотребни партали кои од куќата се исфрлаат на ѓубриште, а не за живо битие, за дете.
   Во нашата земја се извршени 7-9 милиони абортуси, и тоа е само во регистрираните медицински установи. Бројот на тајните абортуси воопшто не се евидентира. Најголем број жртви однесе Втората светска војна, но истовремено деца кои се убиени од родителите, се многу повеќе  отколку војници кои загинале на фронтот. Оваа мрачна страна во животот на современото човештво најдобро покажува дека цивилизацијата се претворила во ескалација на суровоста. Ние слушаме повици за мир, но околу нас не само што не престанува, туку уште повеќе се засилува крвавата пресметка која по бројот на своите жртви ја надмина наездата на Хуните и Монголите, злосторствата на Тамерлан и Шах-Абас, а по суровоста-тиранините и џелатите во концентрационите логори и мачилишта. Жртви на оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно. Со овој престап не се поништува само Боженственото, туку и човечкото право.
  Од самиот момент на зачнувањето се создава жив организам, кој го носи во себе генетскиот код и целиот потенцијал на човечката личност. Експериментално се докажани сложени сврсисходни реакции на плодот на средината која го опкружува. Ова е битие кое чувствува болка, кое има желба за живот и, што за христијанинот е главно- битие кое поседува бесмртна човечка душа, чие што несовршенство се состои во тоа што телото, нејзиниот инструмент, сеуштен не е формирано. Но, ако се смета за оправдано убиството на човек поради неговата несовршена телесна организација тогаш со поголемо право би било можно да се убиваат старите и болни луѓе и.т.н.
(Продолжува...)

+++

Значи, легализацијата на абортусот ги оповргнува сите морални и правни кодекси чија што основа представува заштита на човечката личност. Нашето прво барање е плодот како човечка личност да се заштити, плодот како човечка личност не смее да биде уништен. Во принцип разлика помеѓу убиство на плодот и други видови на убиства не постои. Достапност или неказнивост на абортусот им ѓи дава на родителите правата на тиранин кои не птипаѓаат на ниту еден човек, тиранин кој по своја воља може да иг остави во живот или да ги убие своите поданици. Неказнување на абортусот, одсуството на морална и правна заштита на плодот и гаранција за неговиот живот ги чинат лицемерни и бесмислени сите декларации за заштитата на достоинството и слободата на човекот.
  Убиството на беспомошниот е најподол и најодвратен облик на убиство, поради тоа луѓето кои се одлучиле на убиство на беспомошното дете можат во одредени околности да направат и било какво друго злосторство. Девизата на древните судии гласела: подобро да оправдаш десет виновници отколку да казниш еден невин, а тука невиниот се казнуваа со смрт и тоа со таква смрт на која само истенчен садист како Нерон или Калигула би можел единствено да подвгне - тоа живо се кине на парчиња.
  Порано со џелатот луѓето не се ракувале, ниту седеле со него на иста маса, а на современите џелати-родителите, кои ги убиваат своите деца, и на лекарите-професионални убијци, јавното мнение не им изрекува казна. Значи дека целото друштво учествува во убиствата. На совеста на многу познати бандити како што е Џек Мевосек се десетина човечки животи,-а гангстерите во бели мантили имаат на совеста стотици и илјадници. Кога би биле фрлени во јама полна со крв од децата кои што ги имаат испоубиено тие би се удавиле во неа. А должност на лекарот е да помага дури и на непријателот, а денес тој станува платен убиец. Заради тоа повикуваме лекарите кои вршат абортуси да се прогласат за злосторници против човештвото и непријатели на својот народ. Убиство на бебе е престап против Боженственото и човеково право, против идејата за семејство и брак, против семето на човечката природа, против сопствениот народ и целото човештво. Убиство на децата е концентрација на егоизам, суровост, кукавичлук и лицемерие...
Продолжува....  

Продолжува... 

Убивање на беспомошните (продолжение) 

Подготви:С.С.

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 842
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »