логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (продолжение)

в) Светскост во пастирската грижа

Пастирската грижа не е неповрзана И независна од Црквата и богословието.Пастирската грижа е делото на Црквата и нејзина цел е да го внесе човекот во нејзиното Тело, да го направи нејзин вистински член. Пастирската грижа е црковниот метод со кој таа го води човекот до божување. Како што веќе рековме погоре, ова е подлабоката цел на Црквата. И не само тоа,
пастирската грижа не е неповрзана со богословието, бидејќи вистинските богослови се вистински пастири и оние кои пастирствуваат на православен начин тоа го прават богословски. Според тоа, она што го кажавме досега за Црквата и богословието се однесува и на пастирската грижа. Вистинските пастири на Црквата се обожените, оние кои учествуваат, во различни степени, во обожувачката енергија на Бога или оние кои ги прифаќаат обожените и го следат нивното уценје.Знаци, ние или сме обозени или ги прифаќаме обожените и ја извршуваме пастирската грижа со нивна помош.

Мојсеј стигнал до обожување преку благодат, Го видел Бога во Неговата слава, и дури тогаш ја зел на себе тешката задача на пастирското водење на народот. Како што вели свети Григориј Ниски, пред видувањето на Бога тој не бил способен да раздвои двајца Евреи кои се тепаат еден со друг; по видувањето на Бога И по неговото испраќање од страна на Бога на оваа задача Мојсеј водел еден тежок и своеглав народ.Многу кажува фактот што Мојсеј го пренел целото обожувачко искуство на народот преку неговото раководење и преку законите.


Истото може да се забележи во целокупниот црковен живот. Свети Григориј Богослов ја смета пастирската грижа за најтешка наука и недвосмислено ја поврзува со обожувањето на човекот. Од оваа причина тој би сакал пастирите претходно да биле илечени за да бидат способни да ги водат своите духовни деца кон лекување и обожување.

Свештените канони на Црквата го претставуваат пастирскиот метод. Ако ги гледаме каноните како законски шеми и структури, не можеме да го откриеме нивното вистинско место во Црквата. Како што сме рекле на друго место, свештените канони се лек за лечење на човекот. Едно внимателно испитување на каноните ќе нè доведе до заклучокот дека тие ја претпоставуваат човековата болест, којашто е помрачување на умот, и целат кон човековото здравје, кое е просветувањето на умот и обожувањето. Според вети Василиј Велики, постојат пет степени за оние кои се каат, имено, оние кои стојат надвор од Црквата, плачејќи и молејќи ги христијаните да им простат; оние кои присуствуваат и го слушаат божественото Слово, но ја напуштаат Црквата заедно со огласените; оние кои стојат во нартексот на Црквата и рисуствуваат на Божествената литургија, клечејќи на колена; оние кои стојат во главниот дел на Црквата, остануваат таму и се молат заедно со останатите верници, сепак, не земајќи учество во светата причест; И најпосле се оние кои учествуваат во Телото И Крвта Христови; овие степени покажуваат дека секој грев, кој е, всушност, помрачување на умот, е повторување на Адамовиот грев и деградација на вистинскиот живот. Тогаш човек веќе не е жив член на Христовата Црква. Тие исто така покажуваат дека покајанието не е ништо друго освен борба човек да стане член на Црквата. Како што е истакнато погоре, постоењето на иконостасот треба да се разгледува во рамките на оваа перспектива. Во постарите времиња немало иконостаси, само некакви завеси, и секој имал визуелна комуникација со тоа што се случувало, зашто целиот свет храм бил место за верниците, за вистинските членови на Црквата. Нартексот иглавниот храм биле реално одвоени. Кога некој ќе згрешел, не можел да присуствува во храмот, ниту да се моли со верниците. Така, постоела класа на окајници, кои, всушност, се наоѓале во состојба на огласени. Но подоцна, како последица од светскоста во верата, на оние кои се наоѓале во покајание им било дозволено да остануваат во храмот, но бил поставен иконостас.

Се разбира, ние не им обрнуваме големо внимание на надворешните манифестации каква што е иконостасот. Би сакал да нагласам дека пастирската грижа на Црквата не се состои од надворешни активности, од психолошки одмор И релаксација, туку, пред сè, од напор да се исчисти срцето и да се просвети умот.

За жал, денеска нештата се претставени на друга основа и ние исто така можеме да зборуваме и за светскост во пастирската грижа. Постои обид да се користи модерната психологија, меѓу другите методи, во пастирското раководење на луѓето. Постојат некои кои ги применуваат заклучоците на психологијата за да им помогнат на луѓето. Нема ништо лошо во тоа некој да знае некои психолошки методи. Јас, сепак, верувам дека некој кој се познава себе си и преку Божјата благодат го надгледува начинот на кој дејствуваат неговите внатрешни страсти, кога ги проучува Светото Писмо и светите отци, кога е раководен од страна на обожен духовен отец, може да се здобие со реално познание за другите луѓе, бидејќи, во суштина, проблемите на сите луѓе се исти. Примената на модерна психологија во раководење на луѓето е светски поглед на пастирската грижа и е штетна од следниве причини.Штетна е кога, во исто време, се игнорира во целост подвижничкиот и исихастичкиот метод на нашата Црква. Ние обично ја игнорираме исихастичката традиција изразена во подвижничките списи, како на пример Лествица на свети Јован Синајски. На наша штета е да игнорираме една здрава традиција што ја поседува нашата Црква, која не цели кон психоанализа, туку кон психосинтеза. Зашто нашата психа, преку нејзината фрагментација предизвикана од страстите, се наоѓа во шизофренија, во расејаност.sekularizam.vlahos.jpg
Исто така, штетна е кога се држиме до еден човекоцентричен став и веруваме дека човековото здравје може да се обезбеди преку методот на слушање и разговарање, бидејќи душата на човекот, создадена од Бога за да стигне до обожување, не наоѓа спокој во неколку моралистички совети и во човечка надворешна помош. Како што рековме, болеста лежи подлабоко, во умот. Таа не се состои од неколку потиснати и трауматски искуства од минатото, туку од помрачување и усмртеност на умот. Излекувањето и просветувањето на умот не можат да се достигнат преку човекоцентрични методи, совети и психоанализи.

И не само тоа, примената на модерната психологија создава уште поголеми проблеми и со оглед на тоа што таа веќе се смета за неуспешна на Западот. Многу луѓе откриваат дека психологијата не може вистински да го излечи човекот. Ова може да се види во два случаи. Првиот е развитокот на Западот на така наречената антипсихијатрија, којашто реагира против психијатријата бидејќи сфаќа дека психијатријата оди во погрешна насока, и којашто има поставено поинакви претпоставки во врска со болеста. Антипсихијатријата тврди дека класичната психијатрија е форма на социјално насилство врз човекот. Вториот случај е растечката свест меѓу психијатрите за неуспехот на психијатријата и психологијата во лекувањето и, следствено, нивното напуштање на психијатријата и свртување кон неврологијата; зашто се верува дека многу проблеми настануваат во невролошкиот систем на човекот, чиј центар е мозокот. Се докажува дека неколку психолошки абнормалности, како илузиите, халуцинациите, итн., настануваат како последица на заболувањето на мозочните центри. За жал, сите нови научни откритија на нашиве простори доаѓаат со задоцнување од триесет или педесет години.

Како заклучок, можеме да кажеме дека светскоста е најсериозната опасност за Црквата. Таа го расипува нејзиниот вистински дух, ја расипува нејзината вистинска атмосфера. Се разбира, мораме да повториме дека таа не ја расипува Црквата, зашто Црквата е реалното и благословено Христово тело, туку ги расипува членовите на Црквата. Според тоа, ние би требало попрецизно да зборуваме за секуларизација на членовите на Црквата.
Црквата е накитот на светот, милоста за човештвото. Но кога овој накит на светот ќе биде проникнат од така наречениот светски дух, кога христијаните, членовите на Црквата, наместо да идат дел од овој накит, наместо да стануваат светлина на светот, се инспирирани од светот, сфатен како страсти, и стануваат свет, тогаш тие искусуваат секуларизам, светскост. Оваа светскост не води до обожување. Таа е еден човекоцентричен поглед на нашиот живот. Црквата треба да влезе во светот за да го преобрази, а не светот да влезе во Црквата за да ја направи светска (да ја секуларизира).
Една секуларизирана Црква е целосно неспособна и слаба да го преобрази светот. А секуларизираните христијани доживеале неуспех на сите нивоа.

Превод од англиски:
Презвитер Игор Калпаковски

СЕКУЛАРИЗАМ ВО ЦРКВАТА, БОГОСЛОВИЕТО И ПАСТИРСКАТА ГРИЖА(Iдел)

СЕКУЛАРИЗАМ ВО ЦРКВАТА, БОГОСЛОВИЕТО И ПАСТИРСКАТА ГРИЖА(IIдел)

 

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1189
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1734
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1151
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »