Велат, по секоја цена треба да го сочуваме внатрешниот мир и да бидеме секогаш со радосен дух. Секогаш. По секоја цена да бидеме секогаш радосни, расположени. Но, ете, и отец Јован Кронштатски, вели: „ Ние сме како времето, час надоаѓа бура, ветрови, громови, а, потоа сонцето свети, и добро ни е. Така и ние. Па повторно надоаѓа невреме, повторно сонце, и така“. Па вели тој понатаму, бидејќи ние носиме и тело, на нас и на ова физичко тело делуваат и атмосферските услови. Кога се добри условите и кога атмосферскиот притисок не е голем, тогаш времето е добро и ние сме весели и расположени. А кога е времето мрачно и ние сме тогаш (некако) кисели. Да. И затоа треба да ја сочуваме (духовната) рамнотежа и токму тогаш кога е времето мрачно да бидеме духовно мирни.

Треба  човекот да се труди, по секоја цена секогаш да биде расположен, секогаш да биде со радосен дух. Затоа што духовите на поднебесието гледаат секогаш да бидеме тажни...

 o.tadej4.jpg

Ако сакаш да го воспиташ детето најпрво треба самиот да се смириш

Родителите велат: така мора да биде, тука детето да биде. А детето не сака, детето не може да мирува, затоа што е во развој и постојано е во движење, постојано.И кога нешто ќе погреши, мајката и таткото обично ќе го истепаат детето. Но, тоа не е средство за да се научи детето да биде послушно. Може понекогаш и тоа да биде, но секогаш од љубов и детето да чувствува љубов, и да чувствува дека ти не си гневен. Бидејќи ако во гнев го советуваш и сакаш некого во гнев да исправиш, ништо нема да постигнеш. Си го повредил и него и себе. Ако сакаш некого да го изведеш на прав пат, да го водиш, да го советуваш, а тој не сака веднаш да прими совет, мораш најпрво самиот да се смириш и , со многу љубов кон него, да му го изложиш своето мислење, и тој тогаш ќе го прими, бидејќи е од срце кон срце. Но кога ти сакаш, по секоја цена, да биде, така како што ти мислиш, тогаш од тоа нема ништо. Тоа не може. Тоа е ништо, и затоа секогаш (во детето) расте и се развива противење. И, тогаш, кога детето не сака да послуша, не треба да го тепаш, воља треба (да му се даде, за да слуша).

       

Добро плачење вреди повеќе отколку триесет апчиња за смирување

 

Во „Еликсир“, медицинското списание, читам, дека еден психијатар вели: за сите кои живчано, нервно се оболени, вели, едно добро плачење вреди повеќе отколку триесет апчиња за смирување на нервите. Гледате, едно добро плачење. Добро плачење, знаете. Значи, тоа е, всушност, така (делотворно) за човекот кој е веќе во години. Плачот е посебно добро средство за смирување за детето. Тоа ќе се исплаче па потоа е мирно.

Родители воспитувајте ги децата посебно до петтата година

Денешните деца се (воглавно)  мамини и татини мази, и од нив (такви) не може да биде ништо добро. Родителите денес неправилно ги воспитуваат децата. Карактерната особина се создава до петтата година, а тука најмногу страдаат родителите поради тоа што прават се по вољата на детето. Кога детето ќе порасне, неговите побарувања стануваат големи и недостижни. Тогаш се јавуваат проблеми со децата: е, сами сте криви, родители! После петтата година карактерните особини веќе не се корегираат, детето веќе се научило на самоволие. Додека децата се мали, мали се и побарувањата, кога децата ќе пораснат и побарувањата се големи.

Посети:{moshits}

 

Подготви: Сузана Стефановска 

 Друго: