Дрскоста ја изгонува побожноста

-Старче од каде доаѓа дрскоста?

-Од Париз*...(* Старчевата игра со зборови: παρρησία – дрскост, безочност; Παρίσι – Париз). Дрскоста е немање срам; таа далеку го изгонува стравот Божји, како димот со кој ги изгонуваш пчелите од кошницата

-Старче, како да се ослободам од дрскоста?

-Сметај се себеси помала од сите. Потребно е многу смирение. Како помлада, каква што и си, кон сите сестри негувај почит и усрдност. Секоја помисла изнеси ја смирено, а не како да знаеш се. Тогаш Господ ќе те посети со својата благодат, и ќе напредуваш. За послушникот дрскоста е најголем непријател, бидејќи ја одгонува побожноста. Обично после дрскоста настапува отпорот, а потоа нечувствителноста и незаинтересираноста за малите гревови, на кои човек малку по малку се навикнува, за да подоцна на нив почне да гледа како на нешто сосема нормално. Сепак, во длабочината на душата нема мир, туку само напнатост. И човекот сфаќа што носи во себе, бидејќи срцето му е прљаво, така што не чувствува колку е накриво насаден.

o.Pajsij.Svetogorec.jpg

-Старче, во каков однос се простодушноста и дрскоста?

-Една работа е простодушноста, а друга е дрскоста. Простодушноста во себе ја носи и побожноста и нешто детинесто, а дрскоста носи безобзирност.

    И во непосредноста многу пати има бессрамност. Во непосредноста и во простодушноста често се крие бессрамноста, доколку човекот не пази. Вели: „Јас сум непосреден по карактер“, или:„ јас сум простодушен“, а потоа, не сфаќајки што прави, говори бессрамно. Но едно е простодушноста, а друго - бессрамноста..

-Старче, што е тоа „духовна затегнатост“?

-Духовна затегнатост е страв Божји во добра смисла. Тој страв, тој теснец, донесува радост, точи мед во срцето, духовен мед! Гледаш, едно детенце кое е срамежливо, го почитува својот татко, се крие, и од многу срамежливост не го ни гледа. Ако треба нешто да запраша, поцрвенува! Таквото дете треба да го ставиш на иконостас. Друго дете пак мисли: „ Татко ми е“, и се прчи пред него, безобзирно и дрско. И кога нешто ќе посака,  побарува тоа да му се приушти, удира со нозете по подот, се заканува.

     Во едно добро семејство децата се однесуваат слободно. Постои почит, но децата не се стегнати; не постои војичка дисциплина. Се радуваат нa својот татко, на својата мајка, и тие им се радуваат на нив. Љубовта не познава срам¹, вели авва Исаак. Во неа има смелост, но во добрата смисла на тој збор. Оваа љубов ги носи во себе побожноста и почитта, оваа љубов го победува стравот. Некој е затегнат, но не се плаши, бидејќи е вистински, духовно затегнат. Кога затегнатоста е духовна, се чувствува радост. Детенцето, на пример, во љубовта кон мајката и таткото чувствува смелост, не се плаши дека ќе го истепаат. Го зема шеширот на својот татко, кој можеби е официр, го фрла и се радува. Тоа е едноставно, но не е бессрамно. Недостига ли почитта, затегнатоста, доаѓаме до дрскоста, до бессрамноста.А потоа можеш да слушнеш како девојката лежејќи на креветот, вели: „ Мамо, дај ми чаша вода.Нека биде ладна!....А, не е ладна.Ти реков да ми донесеш ладна.“ Така почнуваат, а потоа доаѓаат до тоа да говорат: „И зошто жената би се плашела од мажот?“ Во стравот е почитта, а во почитта е љубовта. Тој кого го почитуваш, него и го љубиш, а тој кого го љубиш, него и го почитуваш. Жената треба да го почитува мажот, а мажот да ја љуби својата жена. Но сега се е обезвреднето, семејствата се распагаат, бидејќи Евангелието погрешно се сфаќа. Мажот збори:„Жената треба да слуша“. Ама, ако немаш љубов, ни една мачка нема да можеш на себе да ја потчиниш. Ако немаш љубов, твојот ближен тоа ќе го чувствува, и ниту една чаша вода нема да можеш да побараш да ти донесе. Кога некој го почитува својот ближен, самиот себеси се почитува, и повеќе не мисли на себеси. Почитта кон ближниот носи со себе усрдност. Кога човекот мисли на себе, тука усрдност нема.

 извадок од „Многугрижноста оддалечува од Бог“

Продолжува...

Подготви: Сузана Стефановска 

 

Посети: {moshits}