- Старче, не е ли подобро, да се одложи некоја работа да би се сочувал мирот во душата?

   o.Pajsij.Svetogorec.jpg 

- Секако. Бидејќи кога човек врши некоја работа полека, без брзање, тој го чува мирот и го осветува целиот ден. За жал, сеуште не сфаќаме дека кога работата ја извршуваме со забрзаност, стануваме напнати. Таквата работа не е осветена. Нашата цел не е многу да работиме, а да бидеме нервозни. Тоа е една демонска состојба.

      Ракоделието кое се извршува тивко и со молитва, се осветува, па така се осветуваат и луѓето кои тие ракоделија ги користат. Затоа и има смисла кога мирјаните барат од монасите ракоделие за благослов. Тоа што се извршува набрзина и со напнатост, ја пренесува таа демонска состојба и на другите. Брзината при работаат и напнатоста, е особина на луѓе со изразено светско настроение. Вознемирен човек, со своето ракоделие им пренесува на другите – немир, а не благослов. Колку човековата состојба влијае на ракоделието кое тој го врши! Дури и на даските. Страшно! Исходот од некоја работа зависи од состојбата во која бил човекот додека работел. Ако некој е нервозен, лут и ропта, тоа што ќе го направи нема со себе да носи благослов. Но ако пее и се моли, неговото ракоделие се осветува. Првата состојба е демонска, а оваа другава – боженствена.

    Ако се што работиме, го работиме со страв Божји и трудејќи се во молитвата, се осветуваме и ние и нашето ракоделие. На пример: правам една кутија и ја кажувам Исусовата молитва; се молам и истовремено работам во слава Божја. Мојата цел не е да ја направам таа кутија, ниту да работам брзо како би направил што повеќе. Така само ќе бидам напнат и нервозен. Тоа е демонска состојба. Не сме дошле затоа во манастир; сме дошле за да се осветиме,  и да би го осветиле тоа што го работиме. Тоа е причината што понекогаш се чувствуваш како добра службеничка на должност; бидејќи кога си во брзање за да ги извршиш работите, забораваш да го понесеш и Христос со себе. Но ако сè почнуваш со молитва, ќе се почувствуваш како Христова послушничка. Затоа вткај ја молитвата во работата како би се осветила и ти самата, но и работата која ја вршиш. Знаеш ли како Бог тоа го благословува? Знаеш ли колку добра, и какви благослови за тоа праќа?

Старче, кога работата е од интелектуална природа, на пример – преведување, како е возможно да се молам како и тоа што го работам да понесе благослов Божји?

Кога работата е од интелектуална природа, ако целото твое битие се наоѓа крај Бога, тогаш се осветува и работата која ја извршуваш; тогаш пребиваш во Божја средина, иако не можеш да се молиш. Во тој случај многу може да помогне ако е човек во добра духовна состојба. Тој, всушност, и не се обидува смислата на текстот да ја разбере со својот ум, туку со боженствено просветлување доаѓа до неа. А што ако јас не сум во таква духовна состојба, а треба да извршам една  таква работа?

Тогаш врши ја таа работа, но при тоа моли се, барај од Бога Он да те просветли. Погрижи се боженствената смисла на преведените книги да ти послужи за духовна корист. Работи со страв Божји. Секој саат – до два направи мала пауза од некоја минута, и кажувај ја Исусовата молитва.

Старче, посебно во преведувачката работа има многу нешта кои бараат внимание. Треба да бараш по речениците, да ги читаш толкувањата...

За тоа веќе зборував; тоа што посебно помага при преведувањето е да се има добри помисли, бидејќи тие човекот го прават сад на благодатта. Тогаш излагањето на боженствената смисла е верно, бидејќи извира од  боженственото просветление, а не од умот, речникот и мастилото. Сакам да кажам дека надежта треба да ја положиме на тоа главното – боженственото, а не на тоа споредното – човечкото.

             извадок од „Многугрижноста оддалечува од Бог“

Продолжува......  

Подготви: Сузана Стефановска