o.Pajsij.Svetogorec.jpg
  

       - Старче, на што мислите кога велите: „Нозете и рацете посветете ги на работа, но срцето – не.“?

       - Мислам на тоа да не го подарувате срцето на материјалните нешта. Некои луѓе потполно се предаваат на тоа што е минливо. Поминуваат цели денови планирајќи како што подобро да завршат некоја работа, но во сето тоа на Бог и не помислуваат. Само да не дојдеме дотаму. Користете ги рацете и нозете за работа, но не допуштајте умот да ви се оддалечи од Бог. Не го давајте вашето битие, силата, срцето, на материјалните работи. Бидејќи така се станува идолопоклоник. Ако е возможно, не се внесувајте со срцето во работите. Не го давајте на минливите, непотребните нешта. Бидејќи како потоа да затрепери за Христос? Кога срцето е во Христос, тогаш работите се осветуваат, а и човек во длабочината на душата секогаш е одморен и вистински радосен. Своето срце користете го како што треба; не го растурајте залудно.

     Ако срцето го истрошиме на многу и на небитни работи, тоа нема да има сила да страда за тоа за кое треба да страда. Ќе го дадам своето срце за некој кој има рак, за човек кој пати, ќе се погрижам за децата кои се во некоја опасност. Ќе се молам Бог да им биде напомош. Повторно, кога имам гости, целото мое внимание е на болката на мојот ближен, на љубовта кон него. Својата болка не ја забележувам. Така тоа /небитното/ се заборава, и човекот на сè поинаку гледа.

Старче, дали секогаш е возможно работата да не го обземе срцето?

Едноставноста на работата секако помага умот да не учествува во нејзиното извршување. Но кога работата е сложена, тогаш е оправдано мало соучество на умот, но на срцето никако.

Како тоа работата „го обзема срцето“?

? Искушувачот  со......„морфиум“ го опива!!! Го зграбува срцето со помош на егоизмот. Но кога срцето ќе се приклони кон Бога, тогаш целото наше битие е крај Него, а само умот ена работа.

Кога велиме безгрижност, на што точно мислиме?

Кога работиме да не го забораваме Христос. Работата извршувај ја радосно, но умот и срцето приклони ги кон Бога. Тогаш нема да се уморуваш, и ќе можеш да ги обавуваш своите духовни обврски.

извадок од – „Многугрижливоста оддалечува од Бог“