Ако луѓето се оддалечуваат од природниот,едноставен начин на живот, стремејки се кон удобности, ја зголемуваат својата напнатост; се оддалечуваат од Бога и спокој никогаш не наоѓаат. Така, полни со грижа се вртат дури и околу месечината - како каишот на моторот околу "полуденото тркало ," бидејќи оваа наша планета не може веќе да издржи толкава загриженост.
          Лагодниот живот поминат во духот на овој свет, и светската среќа, раѓаат светска напнатост. Надворешното образование кое ги растројува човечките души,  ги води секојдневно по стотина од нив  ( дури и малите деца поради нервоза) на психоанализа и кај психијатар. Душевните болници, се повеќе се подигаат, психијатрите завршуваат разни специјализации, иако повеќето од нив и не веруваат во Бога, ниту го прифаќаат постоењето на душата. Како е возможно таквите луѓе да помогнат некому, кога се и тие самите полни со напнатост? Како е возможно на човек да му се пружи вистинска утеха, ако тој не верува во Бога и во вистинскиот, вечен живот после смртта? Кога човекот ќе ја свати длабоката смисла на животот, напнатоста одстапува. Тогаш боженствената утеха ја посетува душата и ја исцелува. Кога некој би отишол во душевна болница и би им го прочитал Ава Исаак, би оздравеле сите кои веруваат во Бога, бидејќи би ја спознале длабоката смисла на животот.
         Луѓето бараат мир или во лековите за смирување, или во јога вежбите. Но нивната цел не е оној вистинскиот мир кој го посетува смирениот човек, дарувајќи му боженствена утеха. Замисли си што се трпат туристите кои доаѓаат од страните земји, кои шетаат по улиците, по сонце, по жештина, во прашина, среде толкава гужва! Каква ли мачнотија, каков внатрешен притисок поднесуваат, кога сето тоа го сметаат за издишка!
          Кога гледаме човек кој и покрај тоа што има се, е напнат, загрижен и тажен, да знаеме дека му недостига Бог. На крајот од краиштата, богатството само по себе ги мачи луѓето, бидејќи материјалните работи не ја исполнуваат душата; тоа ти е двострука мака. Познавам богати луѓе кои имаат се, деца немаат, а се мачат. Досадно им е да спијат, досадно им е да одат, се им е мачно.
- Добро, кога веќе имаш слободно време на претек- му велам, -потруди се на духовен план. Прочитај еден Час, читај малку Евангелие.
- Не можам- ми вели.
- Стори тогаш некое добро дело, отиди во болница, посети некој болен.
- Дури до таму да одам?-вели.- И што ќе постигнам со тоа?
- Помогни на некој сиромав од твоето соседство.
- Не, ни тоа не ми причинува задоволство-вели.
 Има слободно време на претек, има купишта од куќи, ги има сите добра на овој свет, а е незадоволен! Знаете ли колку има такви луѓе? Се мачат се додека не се померат од умот. Страшно! Ако уште и ништо не работат, туку приходот го собираат само од наследениот имот, нивната мака е тогаш уште поголема. Ако работат било што , тогаш е малку подобро.

 Извадок од: „Поедноставете го својот живот за да отстапи напнатоста“
Подготви: Сузана Стефановска

Друго:

 Старец Паисиј Светогорец- Да се живее со вратоломна брзина е прав пекол

Посети: {moshits}