Во продолжетокот ќе ги опишеме маките со кои се казнети грешните во пеколот.

Првата мака е оганот кој се разликува од оганот од овој свет толку многу колку што оганот од големата печка се разликува од оганот нацртан со бои на зидот. Вечниот оган се разликува од оганот на овој свет според три особини: темен е и никогас нема светлост, туку само согорување; не се потпалува од суварки или дрва, туку е нематеријален и ужасно гори; никогаш не се гаси и не се намалува.

Втората мака во пеколот е мразот и ладнотијата. Ѓаволите ќе ги вадат грешниците од оганот за да би ги фрлиле во тартарот. Тартарот е бездно езеро, полно со мраз и многу ладна вода. Тоа е „шќртањето со заби“ за кое зборува Светото Писмо.

Третата казна е тешкиот мирис. Таму се собрани сите гадотии и неподносливи нечистотии од овој свет. Смрдеата во пеколот е толку ужасна што кога би некој можел од пеколот да се врати во овој свет, би го загадил сиот воздух и мноштво луѓе би умреле од таа смрдеа.
Кој се сомнева во оваа вистина нека прочита во книгата „Огледало на примерот“, каде ќе ја најде следнава приказна: Двајца браќа по тело биле поучувани од сит духовник кој често им зборувал за маките во пеколот. Тоа што духовникот го зборувал звучело толку застрашувачки, така што еден од браќата решил да стане монах. Другиот брат не верувал во таквите зборови, останал во светот живеејќи во секојдневни гревови, а после неколку години стигнал и до крајот на животот. Тогаш неговиот брат монах дошол кај него и го замолил да после смртта да дојде кај него и да му каже на кое место се наоѓа и дали маките во пеколот се навистина толку тешки, како што се зборува. После долго време, една ноќ, му се јавил, а монахот прашал:„ Те молам брате, кажи ми ја вистината: дали во пеколот се толку страшни маките како што кажуваат нашите книги или тие се напишани така само за да не заплашат?“ Тогаш умрениот брат одговорил: „ Илјада пати се пожешки отколку што пишува, бидејќи сите јазици заедно не се доволни да ги искажат тие маки“. Монахот повторно прашал:„ Дали ќе можам и јас малку да ги вкусам за да се уверам во нивната вистинитост?“ Братот му одговорил: „ Да, но со кое сетило сакаш да ги почувствуваш?“ Мобахот рекол: „ Јас сум премногу малодушен и се плашам да не умрам доколку ги видам со очите или да ги почувствувам со рацете; направи некако да можам да ги помирисам!“ Тогаш мртвиот брат малку ја истресол својата облека и од неа излегол толку тежок мирис што монасите од манастриот веќе не можеле да издржат, туку оделе ваму-таму како слегнаите од умот. Затоа си заминале од тоа место и соградиле друг манастир.

Четвртата казна е гледањето. Овде грешниците се казнети да ги гледаат мрачните лице на демоните кои се толку грди и страшни, што ако некој  види дури и само еден од нив како доаѓа при тебе и ако помеѓу тебе и него има длабока бездна, повеќе би сакал да се фрлис во бездната или вжештената печка, отколку да го видиш ѓаволското лице.

Петта казна е ужасната глад и неизмерната жед, за која веќе говоревме.

Шеста казна е црвот на совеста кој е неуморен и не спие.

Седма казна е најцрната темнина.

Осмата казна е очајот и вечната нажаленост.

Деветта казна е вечноста на измачувањето во пеколот.
За да некој би ја разбрал оваа вечност, нека замисли кога би постоела некоја песочна планина која го достигнува небото и ако секој ден од неа се зема по едно зрно песок, еднаш сепак би и дошол крајот, а пеколот нема крај. Или, ако ангел Господов слегне од небото за да секоја година зема по една капка вода од сите океани и мориња на светот, сепак тие еден ден би пресушиле, но маките во пеколот немаат крај.
За да подобро ги разбереме маките во пеколот ќе разгледаме уште една приказна: На Света Гора Атонска некој монах, бидејќи бил болен и парализиран веќе повеќе години, веќе некое време го загубил трпението во долготрајната болест и почнал да се моли на Бога да му го скрати животот. Услишувајќи му ја молитвата, Бог му пратил ангел кој му рекол: „ Бог во својата милост те ја слушна молитвата. Тој ќе ти го скрати земниот живот под улов да одбереш: или уште една година да ја трпиш болеста на земјата, или три часа да се мачиш во пеколот“. На овие ангелски зборови монахот одговорил:„ Зар уште една година да лежам во ови маки? Тоа е многу долго време. Повеќе би сакал три часа во пеколот“. Тогаш ангелот му ја зел душата и ја одвел во пеколот, потоа се одалечил од него, велеќи му дека по три часа ќе дојде да го земе. По заминувањето на ангелот бил толку обземен од темнината која владеела насекаде, а криците кои ги испуштале грешниците и кои допирале до него, гледањето на лицата на демоните со сета нивна грозотија, огнот кој горел со неподнослив жар, како и другите неискажливи маки кои го опкружувале од сите страни, го натерале да вика со ужас барајќи помош од Бога. Но не добил никаков одговор. Му се чинело дека поминале триста години од кога се мачи и гледајќи дека од некаде не пристигнува помош, почнал да лелека и да шкрипи со забите од болка. Никој неможел да го слушне, бидејќи таму сите гореле во страдањата. Одеднаш се појавила голема светлина и ангелот Господов весело му се јавил и го прашал: „ Како си брате?“ Монахот одговорил:„ Никогаш не би можел да поверувам дека ангел можел да лаже! Зар не ми вети дека дека од тука ќе ме изведеш после три часа? Еве, помина многу повеќе од три часа, бидејќи стотина години пребивам во овие маки!“ Ангелот рекол: „ Зошто велиш стотина години брате? Помина само еден час од кога те ставив овде и имаш уште два часа да останеш тука“. – „ Два часа“? О! Не можам веќе да ги поднесам овие маки, бидејќи повеќе немам сила. Ако е тоа можно, извлечиме од овде. Сакам на земјата да страдам со години и векови, па ако треба дури и до Последниот Суд, до Доаѓањето на Спасителот Исус Христос, само те молам извлечиме од овде! Сожали се и не ме оставај!“ Тогаш ангелот рекол: „ Бог, бидејќи е Отец на милоста и утехата, ја покажува врз тебе својата бесконечна Благост, ано ти немој да заборавиш што почувствува и претрпе и раскажувај за ова на другите за тоа колку се сурови и нештедливи маките во пеколот“.

Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(извадок од книгата „Терапија на душата според Светите Отци)

Друго: