логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 отец Серафим Роуз



Ние мора да разбереме, дека животот околу нас, колку и да не е нормален, е место каде ние го започнуваме нашиот сопствен христијански живот. Што и да правиме од нашиот живот, каква  содржина и да му даваме, тој и понатаму на себе ќе има дел од печатот на “ЈАС генерацијата“ и мораме да бидеме доволно скромни и смирени за да можеме да го согледаме тоа. Оттука почнуваме.

Постојат два лажни пристапи кон животот околу нас, кои денес се многу често прифатени, сметајќи дека тоа е она што Православните Христијани треба да го прават.

Првиот пристап – највообичаениот – е едноставно да се оди во чекор со времето; прилагодување на рок музиката, на современата мода и вкус и на целокупниот ритам на нашиот бучен, неотесан и модерен живот. Често се случува, старомодните родители, кои имаат малку контакт со овој живот и го живеат својот живот помалку или повеќе одвоено, да се насмеат кога ќе ги видат своите деца како го следат најновото лудило, мислејќи дека тоа е нешто безопасно. Овој начин е тоатална катастрофа за Христијанскиот живот; тоа е смрт за душата. Некои може и понатаму да водат надворешно исправен живот, без борба против духот на времето, но одвнатре се мртви и умираат; и најтажно од се – нивните деца ќе ја платат цената со разновидни психички и духовни пореметувања и заболувања кои постануваат се повообичаени.

Еден од водечките членови на самоубиствениот култ кој заврши трагично во Џонстаун пред четири години, беше младата ќерка на грчки православен свештеник; сатанистичка рок група “KISS – Knights In Service of Satan“, составена од бивши руски православни млади луѓе; најголем дел од членството на сатанистичкиот храм во Сан Франциско, спрема истражувањата, биле православни млади луѓе.

Ова се само некои од екстремните случаи, повеќето млади православни  луѓе не забегуваат толку далеку – тие само се мешаат со антихристијанскиот свет околу нив и престануваат да бидат пример за било какво Христијанство за оние околу нив.

Ова е погрешно. Христијанинот мора да биде поинаков од светот, да биде над сите денешни настраности на ненормалниот свет и ова мора да биде една од основните работи кои тој ги знае, како дел од Христијанското воспитување. Во спротивно, нема причина да се нарекуваме Христијани – уште помалку Православни Христијани.

Наспроти тоа, вториот лажен пристап е пристапот кој може да се нарече лажна духовност. Преводите на православните книги за духовниот живот стануваат се подостапни и Православниот речник за духовната борба е пласиран се повеќе во комуникацијата, така да може да се забележи растечки број на луѓе кои зборуваат за исихазам, Исусова молитва, аскетски живот, возвишени степени на молитва и за најголемите отци како што се Свети Симеон Нов Богослов, Свети Григориј Палама, Свети Григориј Синаит.

Во ред е да се биде свесен за вистинските возвишени страни на Православниот духовен живот и да се има почит за великите отци кои тоа го живееле; но, доколку немаме реална и многу скромна свесност и познание, колку сме всушност далеку од сето тоа, сите ние денес; од животот на исихастите и колку сме малку подготвени дури само и да му пријдеме, нашето интересирање ќе биде само израз на нашиот егоцентричен “пластичен“ универзум.

“Младите луѓе на ЈАС генерацијата постануваат исихасти!!!“, тоа е нешто што некои денес се обидуваат да го направат; но всушност тие само додаваат нова игра, наречена “исихазам“ на новите атракции во Дизниленд.

Постојат и книги на оваа тема кои се многу популарни. Што е многу важно и римокатолиците се впуштаат во ова, под влијание од православните и тие сами влијаат на други православни луѓе. На пример, постои еден језуитски свештеник, отец Џорџ Малуни кој пишува секакви видови на книги на оваа тема и ги преведува Свети Макариј Велики и Свети Симеон Нов Богослов, трудејќи се луѓето денес да постанат исихасти. Имаат секакви видови на “харизматични“ собири, луѓето наводно биваат инспирирани од Светиот Дух, наводно ги преземаат сите видови учења од Светите Отци, кои се далеку од она каде што сме ние денес.

Ова е многу несериозно. Тука е исто така и госпоѓата Катерина Хук – Доерти, која пишува книги за “Пустината“, за отшелничкиот живот; “Безмолвие“, живот во тихување; сите овие работи кои таа се обидува да ги вметне во животот е како да сакате да имате нова реклама за слатки.
Ова се разбира е многу несериозен и многу трагичен знак на нашето време. Овие видови на возвишени работи биваат користени од луѓе кои немаат идеја, ниту поим за што тука се работи. За некои луѓе тоа е само навика или мината работа; за некои кои тоа го разбираат многу сериозно, може да значи голема трагедија.Тие мислат дека водат еден вид на возвишен живот, а всушност во реалноста не разрешиле внатре во самите нив.
Дозволете повторно да нагласам, дека двата екстрема треба да се избегнат – световноста и “супер-духовноста“ – но тоа не значи дека ние не треба да имаме реална свесност, познание на законитите барања кои светот ги има кон нас, или дека треба да престанеме да ги почитуваме светите отци и да ги слушаме нивните упатства; и да ја користиме Исусовата молитва сходно на нашите услови и состојба.

Само тоа мора да биде на нашето ниво, “на земја со обете нозе“. Суштината е - а тоа е работа апсолутно неопходна за нашиот опстанок како православни денес – дека ние мораме да разбереме во какво време живееме, колку малку всушност го знаеме и чувствуваме нашето Православие, колку сме далеку не само од древните отци, туку и од обичните Христијани стотина години или само една генерација пред нас, дека мораме да се смириме себеси, за да успееме да преживееме како Православни денес.


Подготви: М.З.




Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1093
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1660
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1093
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »