crkva.raspetie.jpgДрага И.,
 
Стар сум и не можам да раководам со вашиот живот, а и никој друг  неможе да живее наместо Вас. Би било добро, да не се потпирате на словото на законот, туку да живеете во неговиот дух. Верувајте, тогаш не би ја оттурнале ќерката од себеси и би умееле да ја разберете, дотолку повеќе што Вам тоа не би Ви било тешко, зашто до неодамна живеевте со истите тие  интереси, кои сега ја привлекуваат неа.
А љубовта и разбирањето би дале златна средина, која е сега потребна во односите со Вашата ќерка. Сеуште никој, со насилство не постигнал нешто добро. Ако христијанството се садеше со тупаница, веќе одамна ќе го немаше на земјата. А Господ е љубов и љубовта поживо разбира и чувствува се’. А со тие методи кои сте ги преземале во однос на ќерката, само ќе ја одвратите од Бога и Црквата на подолго време, ако не и засекогаш. Умудрувајте се!

 

Драга во Господа Л.,

Треба да живеете со Вашата мајка дотогаш, додека не ја измолите за Бога, додека и таа со Вас не го пречекори прагот на Црквата. Умудрувајте се, за во тајните одаи на своето срце да го живеете напорниот христијански живот, и тоа само во тајните, додека Вашата љубов кон Господа не ја изведе и Вашата мајка на патот на спасението. До тогаш, не може да се зборува или да се помисли за манастир. Потрудете се. Доколку се насочите да го попречите патот на духовниот развој кој Ви го одредил Бог, и го отфрлите тоа што Господ Ви го дал да го преживеете, ќе ја погубите Вашата мајка. А нејзе и треба помош за да го најде патот кон Бога. Тоа се прави само со љубов.

 

Рабоvodoca.jpg Божја Е.,

На милоста Божја и нема граници. Тоа Вие опитно и добро би требало да го знаете по себе.
Како ќе живеете понатаму; тоа е само Ваш избор. Јас не можам ниту да благословам, ниту да забранам. Во Господа, и монаштвото е спасително и чесниот брак е за пофалба. А секој човек избира сам. Но, дека и едното и другото е носење на крст – тоа е безусловно. Така, и во најсреќниот брак крстот не може да се избегне. Ако е пак несреќен, тогаш е двојно потешко и Вие тоа од искуство го знаете.
Така, прочитајте го првото послание до Коринтјаните и пресечете со својот ум и одберете го крстот по желбата на Вашето срце.
 


 
Драга во Господа Л.А.,

Го добив Вашето писмо. Вашиот крст е голем и единствената утеха е тоа што не е измислен туку даден одозгора, и неговото трпеливо носење, без сомнеж, допринесува за спасение.
Помислата за примање монаштво е збунувачка. Ќе Ви речам дека не знаете што барате. Како прво да се носат подвизите на монашкиот живот со Вашите болести е невозможно, а второ, Вашиот сопруг е сеуште жив и тоа е исто така животно бреме и крст кое треба да се износи до крај. Така, таа помисла потполно избришете ја од свеста.
А лекарите и лековите се од Бога, и за да не се искушувате, треба да се лекувате на лекар. Прво, обраќање кон Лекарот на душите и телата наши преку Тајните на соборност, исповед и причест, а потоа, со вера предавање себеси на грижата на лекарите.
Нека Ве умудри Бог.
 
 
 
Л!,

Би рекол дека ми се обраќате како на гатач. Мене не ми е дадено да знам што ќе биде со Вас “утре“. Крстот кој сега го носите сами сте го создале и бидејќи во Вашиот маж не гледате човек, туку извор на благосостојба, мислам дека нема да успеете повторно да го соберете семејството. Изгледа дека Вие немате христијанско поимање за бракот, а всушност никогаш и не сте го имале. Токму заради тоа семејството се распаднало. Кој е горд, а кој смирен, само Бог знае. Би било добро да се погледнете самите себе.
Нема да одбијам да се помолам, но да ја погодувам иднината не можам.


Драг во Господа М.,

Изгледа дека така и треба да биде. Целиот свет ќе се крене на оној кој ќе се дрзне да го увиди неговото вистинско лице, на оној кој ќе започне на околината да гледа низ призмата на Законот Божји.
Јас само би Ве предупредил против надворешното дејство на христијанските погледи кои се појавија кај Вас. Тоа би било расипување на она кое сеуште не сте го стекнале како Ваша сопственост. Да им се зборува на другите за Бога, кога кај нив сеуште нема наклоност да слушаат за Него, не треба. Ќе ги испровоцирате на богохулство.
Вие не брзајте, молете се за оние на кои би сакале да им помогнете и предајте ги на Бога. Кај Него силата и власта се реални, а кај нас привидни.
Нека Ве умудри Бог.

 

Драга во Господа В.,

Вашата молба, да се помолам за Вашето семејство, особено за синот, ќе ја исполнам. Но да го исцелам малиот, колку и да сакате, тоа не можам. Изгледа дека неговата болест е Божјо обраќање кон сите вас. Тоа е крстот на вашето семејство, а кој може да спори со Бога?
Така и Вие, причестувајте се по можност што почесто. И себе и него причестувајте го и учете се да живеете според заповедите Божји. Така, постепено се во животот, а и самиот живот ќе почне да се преобразува и Вашиот крст ќе биде на спасение на целото Ваше семејство.
Нека Ве укрепи Господ во верата, надежта и љубовта.
 

 

Подготви: М.З.

Друго:

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ 

Царевото на царот или жигот на ѕверот