логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


oltar.kandilo.jpg
Точност

Во 1977 година, еден ден патував со Старецот кон местото Кали Лименес. Со нас беше уште еден клирик и еден мој роднина.
Додека така патувавме, разговарајќи на разни теми, нашиот Старец, од десната страна на патот виде некои стаклени градини и не праша:
„Од што се направени оние стаклени градини?“
Клирикот не размислувајќи рече дека се направени од материјал од кој сигурно не се направени.
Можеби од претходните разговори кои ги водевме во текот на патувањето, Старецот знаеше дека клирикот не знаеше, па ми рече:
„Те молам, на враќање сакам да застанеш таму, преку патот и да го проверам тоа.“
И навистина, кога се враќавме, застанав на местото кое ми го покажа.
„Дојдете“, рече Старецот, „со мене и со мојот брат, да видите од што е направена оваа стаклена градина.“
Веднаш појдовме таму, како што ни рече Старецот, и навистина се покажа дека клирикот згреши.
Тогаш по прв пат, во текот на толку години што го познавав, а го гледав секој месец по неколку дена и секогаш по неколку часови, наутро или навечер, го видов толку да се лути и на некој да му се обраќа со толку лутина, како што тогаш му се обрати на клирикот:
„Не можеш да бидеш свештеник и да лажеш. Внимавај добро. Тоа што го направи не смее да се повтори. Јас сега ти простувам, но никогаш повеќе да не си го направил тоа.“
По ваква строга опомена на клирикот, се враќавме дома во Хања, кога повторно се разви расправа, но сега за маслото кое се произведува од смола и кое е многу поскапо од обичното кое го користиме секој ден и кое се произведува овде на Крит, каде што се наоѓавме. И клирикот, кој беше со нас, повторно не се согласуваше околу цената, а ни за тоа не знаеше ништо.
„Сврти“, ми рече Старецот, „во она село пред нас, зашто сакам да му докажам.“
Навистина појдовме во селото и застанавме на малиот кружен плоштад. Само што паркирав, видовме еден стар мештанин и Старецот веднаш го праша:
„Старче, дали овде произведувате масло од смола?“
„Да“, му одговори стариот човек, „го произведуваме и многу е скапо.“
Потоа, задоволен од одговорот кој го доби и разрешувањето на двоумењето околу тоа прашање, ми рече да го продолжиме патот за дома.

***

„Биди внимателен“, ми рече еден ден, „да не претеруваш кога зборуваш за нешто, туку биди реален.“

За помислите

Некое време ме мачеа помислите зошто и јас не станав монах и не му се посветив целосно на Бога, туку се оженив, а бидејќи веднаш дојдоа и децата, се обврзав и не можев ништо да направам за Бога. Еден ден со такви мисли појдов кај Старецот, и откако ги исповедав своите гревови, зашто непрестајно грешев и грешам, без да ги споменам моите размислувања, Старецот ми рече:
„Ајде, оди сега и не размислувај за тие нешта. Остави го тоа, не е за тебе. Ако сакаш и твојата куќа може да биде манастир. Манастирот воопшто не се разликува од неа. Доволно е да го правиш тоа што ти кажувам. Манастирот не го прави местото, туку начинот. Оди и моли се и во сè биди трпелив.“
Сè гледаше со Божјата благодат и одговараше на сите наши помисли. Тоа не одржуваше во непрестајна будност и додека бевме со него не штитеше од лошите помисли.

Несреќа без последици

Еден ден се враќав радосен, по еден убав и корисен излет со Старецот, кога во една улица, пред да стигнам до својата куќа, на мојата кола, без моја вина, зашто стоев на семафор, налета еден мотор, на кој имаше двајца, кои буквално исчезнаа под десната страна на мојот автомобил.
Преплашен, излегов од колата и ги извлеков еден по еден, и за среќа, и двата не беа повредени. И јас и тој имавме само материјална штета.
„Слава Тебе Господе“, реков, „Ви помогна Христос и Богородица, па не настрадавте.“
Ги бакнав двајцата и по краткиот увид на сообраќајната полиција се поздравив со нив.
Веднаш му се јавив на Старецот и му раскажав што ми се случи и дека освен материјална штета и мојата вознемиреност немаше други проблеми.
Потоа ми рече:
„Треба да знаеш, чедо мое, дека лукавиот, кога не може да не победи внатре во нас, тогаш на нас напаѓа однадвор, на разни начини (а тоа го допушта Бог), за да не заплаши. Многу добро си се однесувал со тие двајца кои налетаа на тебе. Божјиот благослов секогаш нека биде со тебе.“

Цвеќето треба да се полива

За да објасни како да ги отсечеме своите страсти, еден ден Старецот ми го кажа овој пример:
„Чедо мое, имаме една градина во која на едната страна е посадено цвеќе, а на другата трња. Тука има и една чешма која ги напојува со вода. Кога чешмата е насочена кон оној дел каде што се цвеќињата, тие ќе растат, а трњата бидејќи нема да имаат вода ќе се исушат. Тоа треба да го правиме и со своите постапки. Кога непрестајно правиме добро, полека ќе ги снема нашите лоши навики. Стариот човек кој постои во нас ќе се скрие во своето скривалиште и нема да ни пречи. Но, за да се случи тоа неопходна е непрестајна молитва и борба за добродетели.“

Да и ја отвориме вратата на светлоста

„Труди се да не го исфрлаш надвор од себе злото кое го имаш во себе, туку треба да ја отвориш вратата за да влезе светлоста, која е Христос и така во тебе ќе исчезне сè што е мрачно.“

Љубов кон Бога

Еден ден го прашав каква треба да биде нашата љубов кон Бога, а тој ми рече:
„Нашата љубов кон Бога, чедо мое, треба да биде многу голема и да не постои ништо со што би ја делеле. Еве, ќе ти го дадам овој пример:
Човекот изгледа како внатре во себе да има некоја батерија со одредена количина енергија. Кога таа енергија се троши на многу други нешта, покрај љубовта кон Бога, енергијата во тебе која ќе остане за Него, многу е мала, а често целосно е истрошена. Но, кога цела своја енергија ја насочиме кон Бога, тогаш нашата љубов кон Него е голема.
И уште нешто ќе ти раскажам.
Си била еднаш една девојка која многу се заљубила во едно момче кое се викаше Никос. Таа станувала секоја вечер, и кришум од своите родители, скокала преку прозорец и боса преку ниви, по трња, одела да се види со својот сакан, не грижејќи се што си ги ранувала нозете. Кога се враќала дома, секогаш тука бил нејзиниот Никос. Што и да правела, нејзиниот Никос секогаш бил присутен. Така треба и ти, чедо мое, сета своја сила да ја даваш на Бога и твојот ум секогаш да биде со Него, зашто така Му е угодно.“

Средниот пат и царскиот пат на љубовта

„Исто така не треба, чедо мое, да го следиме средниот пат на Христијанинот, зашто тој пат е многу тежок. Треба да го поминеме тој стадиум и високо да се возвишиме со својата љубов кон Христа. Тогаш сè станува лесно. Кога ќе го засакаме Христа, не паѓаме во гревови и тогаш сме надвор од средниот пат и тогаш сме вистински христијани.“
„Како можеме, Старче, да го засакаме Христа?“
„Нашата љубов кон Христа, чедо мое, вака се остварува: ја подигнуваме својата внатрешност, самите себе, кон Бога и Го повикуваме.
Кога ја набљудуваме природата, дрвјата, птиците, пчелите, морето, рибите, ѕвездите, месечината, сонцето, и други толку прекрасни Негови созданија, го свртуваме својот ум кон Бога и славејќи Го во сето тоа, настојуваме да сфатиме колку е тоа убаво и чудесно и настојуваме да го засакаме сето тоа. Кога сето тоа ќе го засакаме, тогаш нашата љубов се вознесува кон нашиот Создател и така вистински Го сакаме. Неопходен предуслов е љубовта кон созданието, но уште поголема треба да биде нашата љубов кон нашиот собрат, човекот. Затоа треба да ги посетуваме болниците, затворите, сиропиталиштата, старските домови итн. Тогаш нашата љубов е искрена.“

Борбата меѓу доброто и злото

Еден ден, на патот од Поликлиниката до Омонија штотуку имаше завршено еден масовен протестен митинг и еден од многуте пожарникари кои го расчистуваа целиот простор, го крена пожарникарскиот шмрк и случајно испрска друг пожарникар, кој беше пред него, а тогаш тој другиот го зеде својот шмрк и го сврти кон првиот пожарникар. Така почнаа да се натпреваруваат. Но, едниот шмрк имаше поголем пречник од другиот, па имаше и поголем млаз вода, па го победи оној другиот, чиј шмрк имаше помал пречник. Гледајќи го сето тоа, Старецот ми рече:
„Гледаш ли што се случува таму? Посилниот го победува послабиот. Така се случува и со верникот христијанин кој го победува лошиот демон, зашто Христос е семожен во споредба со лукавиот кој е премногу слаб.“

Не осудувај дури и кога ќе видиш

„Чувај се од прекорување“, ми рече еден ден Старецот и ми го раскажа ова за да го избегнувам секој разговор за тоа, без оглед колку сметам дека сум во право.
„Еднаш една жена отишла кај свештеник да се исповеда. Била од некое село во кое жените носеле потсукњи. Знаеш ли што е тоа?“
„Знам“. Реков.
„Значи, откако се исповедала, станала да си оди. Но, не заминувала, а да не остави нешто во знак на благодарност, зашто така подобро се чувствувала. Се обидела да ја подигне горната сукња и од потсукњата да извади пари, но по грешка заедно со горната сукња ја фатила и потсукњата и ја кренала покажувајќи ги нозете. Во тој момент некој влегол и ја видел во таа положба, и заминал и го тужел свештеникот за недолично однесување. Свештеникот бил казнет три месеци оддалечување.
Тоа време, свештеникот благодарел и го славословел Бога поради тоа искушение. Многу му се израдувал.
Но, гледаш ли дете мое, што му се случило на нашиот брат?
Видел нешто што не прилега и го осудил свештеникот, а не било навистина така како што му покажувал лукавиот. Затоа ти велам, мораш многу да внимаваш.“
Реков: „Да, Старче, ќе внимавам“.

***

„Сатаната“, зборуваше Старецот еден ден, „често може да сплете замка и да не наведе да згрешиме. Ако, на пример, поради нешто се сомневате во некој човек, лукавиот е во состојба сè да направи за да покаже дека тој човек е виновен. Често има толку докази што не постои сомнеж дека човекот во кој се сомневаме навистина не е виновен. А човекот всушност може да биде невин.“

Како луѓето го одбираат друштвото

„Кога сме, како сега, сите христијани во друштвото (ни зборуваше во една друга прилика), злобниот човек нема со нас што да бара, зашто нема ништо од тоа. Исто така на никој од нас не му е местото со нив.“

Братот му помага на братот

„Меѓу себе треба да разговарате за сите проблеми кои ве мачат, и да се објаснувате со браќата за нив, зашто Бог ќе ви ги реши проблемите. Зашто многу луѓе, а пред се христијани, се лесноверни и се расправаат без расудување со подметнати пријатели, кои всушност се грабливи волци. Секогаш добро памтете го ова: „Значи, бидете мудри како змии и простодушни како гулаби!“ (Мт. 10, 16)

Не биди плашлив во опасности

„Не биди плашлив“, ми зборуваше „во животни опасности, ниту пак малодушен. Биди одважен и крепок, зашто се молиш на Христа кој сè гледа и сè прати за да те извлече од сите тешкотии.“

***

„Кога не напаѓа лукавиот треба да бидеме одважни и храбри.“

Бори се смирено

„Внимавај како се бориш. Треба да се бориш смирено, а не грчевито како што обично правиш. Мирно, чедо мое, со смирение и мудрост. Инаку лесно можеш да згрешиш.“ Ми велеше.

Борба до крај

„Внимавај“, ми рече еден ден, „треба да се бориш до самиот крај, се додека не ни замине душата. Биди внимателен и претпазлив.“

Барем немој да назадуваш

„Ако не можеш да напредуваш, немој барем да назадуваш.“ Ми рече еден ден, кога упорно сакав повторно да згрешам на ист начин.

Трпеливост

„Треба да бидеш многу стрплив во сите свои искушенија, каков што беше и Христос. Тој нека ти биде пример.“

Огледај се на Христа

„Огледај се на нашиот Христа во кроткоста, незлобливоста, љубовта и смирението.“
Но, кој е во состојба да се држи до сите Христови заповеди, така како што треба, за да биде блажен и овде и во другиот живот.

Не од страв

„Пријди му на Христа, чедо мое, не од страв што ќе умреме и што ќе биде од нас, туку треба да Му го отвориме срцето, како кога ќе го тргнеме пердето од прозорецот, па внатре веднаш влегува сонцето, и нас да ни дојде Христос и да Го засакаме вистински. Тоа е најдобар начин.“

Основно е послушанието

„Послушанието носи смирение, смирението носи расудување, расудувањето носи прозорливост, а прозорливоста носи пророштво.“

***

Кога би го присилил Старецот да направи по моја волја, ништо не би ми тргнувало од рака.
 
***

Често го прашував старецот:
„Старче, дали да одам таму?“
„Оди, чедо мое“, ми велеше ако видеше дека добро би поминал. Но, кога ќе видеше дека нема да поминам добро, или дека нешто би ми се случило, ми велеше, не.
Е, ама јас, од почетокот, бидејќи ми се допаѓаше да одам на тоа место за кое прашував, се обидував со разни оправдувања да ја сменам неговата првобитна одлука. Така тој, не сакајќи да ми го расипе задоволството, ја менуваше својата одлука. Сосем сигурно се сеќавам дека не поминував убаво, или пак нешто ми се случуваше, ако веднаш на почетокот не ми дадеше благослов за тоа.

 oltar.kandilo2.jpg

Божји човек

„Ако не си Божји човек, што и да си, колкаво богатство и да имаш, не си ништо. Треба да прибегнеме кон Бога и секогаш да бидеме подготвени.“

 

 

Оние кои се оддалечуваат од Бога пропаѓаат

Еднаш на едно духовно чедо, Старецот му рече:
„Господе, оние кои се оддалечуваат од тебе, пропаѓаат. Кажи го тоа. Запиши го секогаш да си спомнуваш за тоа. Внимавај добро на тоа, зашто многу е важно.“

Биди подобар

Еднаш ми рече: „Грижи се секогаш да бидеш се подобар.“
Потоа го прашав: „Што треба да правам, Старче, за да станам подобар?“
А тој ми рече:
„Е! Ете. Да се молиш умно, непрестајно. Да го сакаш Христа, да ги сакаш луѓето, да не ги оговараш, редовно да одиш во црква и да го читаш Евангелитео за да те просветли Бог.“
Помогни ни, Старче, во сето тоа.

Кратки совети на Старецот

„Секогаш кажувај ја вистината.“
„Сè што правиш, прави го одмерено и без брзање.“
„Моли се за да станеш подобар.“

***

„Биди добар, послушен, трпелив, не се секирај, не биди пречувствителен, биди добар во својата работа и не зборувај таму премногу за верата ако не те прашуваат, туку биди пример во огледување на Христа.“

***

„Немој многу да бидеш во затворен простор, Излегувај почесто во природа.“

***

„Редовно оди во црква, често исповедај се и причестувај се, па ќе исчезнат сите твои стравови и душевни повреди.“

***

Во време на предизборна кампања ми рече:
„Гласајте, деца мои, само за христијани а не за атеисти, зашто овие последните и нанесуваат голема штета на Црквата.“

***

На игуменијата на еден манастир советувајќи ја, меѓу останатото, и рекол:
„Е! Слушај. Грижи се за монахињите. Немој да ги караш, па потоа да одиш во својата ќелија и да се секираш или да плачеш.“

***

Додека со Старецот оделе низ шумата, двајца браќа го замолиле да им каже нешто корисно за душата. Тој весело им рекол:
„Е! Што да ви кажам? Ете! Правете добро да не ве однесе ѓаволот.“
Тие се насмеаја на тоа што им го рече.
Но, понатаму тој им рече:
„Да, така е, деца мои, точно е тоа. Секогаш треба да правиме добро, инаку тешко нас.“

***

На еден друг брат, еден ден му рекол:
„Зошто, чедо мое, седиш и гледаш толку грди филмови на „видео“? На Бога тоа не му е угодно и немој повеќе да го правиш тоа.“

Кога прашуваш и учиш и поучуваш

Еден ден бевме во една нива во која имаше еден бунар од кој водата се црпеше со помош на ветерница. Тука Старецот почна да се распрашува:
„Како се прави тоа? Како функционира тој механизам? Како се обработува тоа поле?“ На сите свои прашања добиваше разновидни одговори од сопственикот на нивата.
А тогаш јас прашав:
„Старче, зошто прашуваш за тоа?“
„Зарем не знаеш,“ ми одговори тој, „дека кога прашуваш, учиш, но му помагаш и на други, на кои им е потребно, нешто да научат.“

Светиот човек ги привлекува и атеистите

Еден ден видовме неколку туристи, атеисти, како обиколуваат некои антички ископини и како многу внимателно ги разгледуваат. Старецот ми рече:
„Сега да е тука старец Пајсиј, па благодарејќи на својот благодатен дар, да ги претвори во најдобри христијани. Зашто, знаеш, кога овие ќе му пријдат на Христа стануваат подобри од нас. И старец Пајсиј да е тука, да седне со нив таму на брегот, и да поразговара со нив, сите би ги придобил.“

Смртта е преминување

Еднаш ми рече:
„Смртта може да се претстави вака:
Претпостави дека се наоѓаме во една соба и само што ќе ја отвориме вратата веднаш се наоѓаме во друга соба. Така и ние: Ако овде сме со Христос и таму ќе се најдеме со Него.“

(Од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

 

 Пoдготви: Жаклина Стојановска

Посети: {moshits}

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная