логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 nerezi.Pantelejmon1.jpg

Некои луѓе кога ќе им се каже некоја забелешка, патат од егоизам. Тоа не значи дека сите кои патат кога ќе им се даде забелешка боледуваат од егоизам. Има луѓе кои од преголема ревност и пречувствителност ги зголемуваат своите грешки и паѓаат под товарот на дополнителното бреме (бидејќи се пречувствителни). Затоа треба да бидеме внимателни со чувствителните души кои се ревносни за да не им направиме неправда (со изговор, дека се егоисти) и така да ги осакатиме и да ги направиме бескорисни.

Немој веднаш да го посетуваш гордиот човек чие самољубие си го повредил, додека неговите рани не зараснат, зашто во спротивно дури и со својата нежност (благи зборови) ќе ја продлабочиш неговата рана. Многу е подобро да одиш кај него кога раните со текот на времето целосно ќе зараснат и тој ќе заборави.

На големото дрво кое има многу сокови немој веднаш да му ги сечеш сите гранки, зашто постојано ќе ги испушта своите горки сокови и ограноци. Истото важи и за духовниот живот на оние кои напредуваат со текот на годините.

За лупење на презреан домат неопходен е нож (дури и ако доматот е зготвен и изладен) и многу пати иако се трудиме внимателно да го лупиме, од него не останува ништо: доматот страда, а ништо не останува. Затоа најдобро е човек да не обрнува внимание и да остави некои црни точки (на доматот). Зашто, не е разумно да го бараме од постарите монаси истото што го очекуваме од помладите, кои личат на свеж домат со танка кожичка која може да се излупи и без нож.

Кога Христос му дава иста плата на оној кој дошол во единаесеттиот час како и на оној кој дошол во првиот час, да ја прилагодиме нашата логика на логиката на Евангелието која според човечката логика ни изгледа нелогична.
На Бога сè му е добро: и десет од пет таланти, и четири од два, и два од еден. Божествената правда има поразлични математички правила: понекогаш два и два се четири, а понекогаш два милиони.

Кој ќе се обиде Божествената правда да ја истражи со својот ум ќе го изгуби оној малку ум што го има. И оној кој Божествената правда ќе ја ограничи на својот разум ќе полуди и ќе стане схизофреничен.

Оној кој постојано го остри својот ум со сознанија, а живее оттуѓено од Бога, на крајот од својот ум ќе направи меч со две острици. Со едната острица полека ќе се сечи самиот себе, а со другата другите луѓе со својот целосен човечки интелектуализам.
Наспроти тоа, верата во Бога во себе носи Божествена моќ и ги превртува сите човечки заклучоци, прави чуда, воскреснува мртви и ја остава науката со отворена уста.

Чудото е тајна која умот не може да ја објасни. Чудото како тајна може само да се живее. За да може некој да ја живее тајната мора прво од себе да го отфрли стариот човек и да се врати на некој начин, во состојбата пред Падот, мора да се здобие со чедност и едноставност која ја прави некршлива неговата вера, и мора цврсто да верува дека Бог може сè да направи. Кога од почетокот напредува со вера, без сомнеж, тој постепено ќе искусува мали, па се поголеми Божествени дарови и уште повеќе ќе верува, блиско живеејќи со Божествените тајни. Тој тогаш ќе стане богослов (теолог), зашто не ги сфатил Божествените тајни само со умот, туку и ги живеел во стварноста.

Големо зло е кога со ладно срце, богословствуваме само со својот ум, прогласувајќи го својот ум за Светиот Дух. Тоа се вика „енцефалологија (мозгословие)“ (т.е. теологија на мозокот), која раѓа Вавилонија (збрка). Од друга страна, во богословијата (теологијата) постојат многу јазици (многу дарови), но сите јазици се во согласност затоа што имаат еден Владика, Светиот Дух на Педесетницата, и сите се огнени.
Оној кој го запоставува Божественото просветление и му дава предност на својот разум и составува убави проповеди со убави зборови, сличен е на аријанците кои верувале дека Христос е обично Божјо создание.

Ние, православните, веруваме и исповедаме дека Божјиот Логос не е создаден, туку дека е роден „од Отецот пред сите векови“ и дека се „овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева“ и донесе спасување на светот.
Зборот на умот (човечки) не носи промена на душата зашто умот е телесен. Зборот Божји кој доаѓа од Светиот Дух има Божествена енергија и ја преобразува душата.

Светиот Дух не слегува со помош на машина, и затоа теологијата (богословието) нема ништо заедничко со духот на науката. Светиот Дух слегува Сам од Себе, кога во човекот ќе најде духовни предуслови за тоа. Духовен предуслов е човек да ја извади рѓата од своите духовни жици и да стане добар проводник, за да ја прими духовната струја на Божественото просветление и да стане продуховен научник, богослов.
Божјата благодат ги привлекува луѓето како што магнетот го привлекува железото. Човековиот ум е железен стап која во себе нема магнетна сила, а удира по металните предмети, но не ги привлекува, туку само ги деформира.
Внимавај никогаш да не бараш светлост или Божји дарови и слично на тоа, туку само покајание кое ќе ти донесе смирение, а потоа добриот Бог ќе ти го даде она што ти е неопходно.

Ако сакаш да ја фатиш Божјата „бранова должина“, Бог да те слушне како се молиш, врти ја бројаницата со смирение, зашто Бог секогаш работи на таа фреквенција, и смирено моли се за Неговата милост.
Кога во тебе ќе се распламти Љубовта Божја, ќе го грабнеш „микрофонот“ (бројаницата) како оној кој е заљубен и ништо повеќе не ќе може да те извлечи од твојата ќелија, се додека некој не те прекине или се додека не мораш да завршиш некоја важна работа, иако дури и тоа (понекогаш) можеш да го одложиш.

Оној кој нема да проникне во смислата на молитвата, да ја смета за своја насушна потреба, ќе ја смета за некоја принуда. Таквиот личи на безумно дете кое ја врти главата од мајчините гради и бега од нејзината нежност и сигурноста на прегратката. Кога детето така прави, природно е потоа да биде болникаво и нервозно.

Внимавај да не ја трошиш својата скапоцена енергија на непотребни и суетни грижи. Така само телесно ќе се исцрпуваш и бесцелно ќе го расејуваш својот ум и Бог тогаш ќе ти даде умор и проѕевање за време на молитвата, и твојот труд ќе личи на Каиновата жртва. Природно е тогаш и твојата внатрешна состојба да биде како на Каин, многу немир и воздивнувања од ѓаволот, кој ќе биде покрај тебе.
Оној кој неоправдано ја запоставува молитвата и своите должности, и постојано (телесно) работи (ѕидајќи, пирамиди на фараонот), се оттуѓува од Бога, станува (духовно) див, и со своето клоцање секогаш грубо го повредува својот ангел-чувар, додека на крајот не го избрка од себе. Потоа ѓаволот го прифаќа како господар, а тој веднаш ги носи следните промени: 1) монахот ја остава својата бројаница, заменувајќи ја со „бројаницата“ на световни грижи 2) и ги запоставува сите духовни четива, заменувајќи ги со световни списанија и весници. На крајот, ѓаволот го поробува и монахот почнува да страда однатре и да бара забава, како што правел Саул кога се оттуѓил од Бога и го запоседнал демонот.
Читањето духовна литература ја грее душата и ги брка дневните грижи, и тогаш со ослободена душа и вознесена во Божествена атмосфера, умот собрано се движи.

Внимавај во молитвата да не бараш да видиш светлост, видување или ангели. Подвизувај се, смирено и стрпливо, и во идниот живот ќе ги видиш тајните Божји, а и во овој живот сигурно ќе се движиш. Некои барале да видат светлост и ангели, а наместо тоа, се јавувале демони во лажен лик и прелестна светлост и земале луѓе, наводно да ги однесат кај Бога, но ги фрлале во адскиот хаос.
Ако не те напаѓаат демони, немој да мислиш дека си достигнал некои духовни висини, па тие ти се плашат, туку знај дека добриот Бог те штити поради твојата духовна немоќ, како што го штити и пилето од јастребот.
Ако постојано чувствуваш внатрешна радост, немој да помислиш дека си на некоја духовна висина, туку знај дека сите твои страсти сè уште се живи во тебе, а Бог поради Својата добрина ти праќа утеха. Тоа го прави зашто се бориш поради Неговата љубов, а во пустината си лишен од човечка утеха.

И ако повторно, во почетокот имаш тешка борба, немој да се обесхрабруваш, туку напротив знај дека непријателот со своето илјадагодишно искуство сфатил дека ќе напредуваш, затоа се обидува да те испаничи со своите закани, виденија во сонот и на јаве, и слично на тоа, за да те уплаши и поради тоа да го запоставиш својот подвиг.

Ако го игнорираш лукавиот и се повериш себеси на Бога, тој ќе се повлече. Но, по некое време, тој ќе ти се врати и ќе ти пријде од десно, како пријател, и ќе ти „помага“ уште построго да се бориш, ќе те части со горди помисли и ти ќе се чувствуваш како да цицаш слатка карамела. Ако не ја плукнеш, туку продолжиш да ја мласкаш (верувајќи дека си близу до светец, а подоцна и дека веќе си светец) ѓаволот ќе почне да ја емитува својата „телевизија“, јавувајќи се како светител или ангел и слично на тоа, додека не ти го разори умот или додека – не дај, Боже! – целосно не те уништи.
Покрај тоа, внимавај никогаш да не ја проценуваш својата духовна состојба врз основа на количината на своето подвизување, бројот на чворовите на бројаницата, бројот на метании и слично на тоа. Смирено барај милост Божја и спасение за сите луѓе, и после сè, еден ќош во Рајот за себе грешниот и тоа не поради друга причина туку за да не се грижи и да не тагува Христос поради тебе, дека си во адот.

Ако себеси се сакаш повеќе од другите, мораш да знаеш дека не живееш со духот на Христос. Ако во себе препознаваш многу повеќе способности отколку во другите и ако поради тоа се гордееш, па дури и ако тоа е вистина, знај дека навистина си многу неправеден (зашто му правиш неправда на Бога) и многу неблагодарен, зашто не му си вратил за сè на Бога
Ако уживаш во прекрасните пејзажи, зеленилото и слично на тоа, а не наоѓаш мир во својата ќелија, знај дека сè уште целиот свет живее во тебе. Но, ако монахот излегува (од ќелијата) надвор за да служи, за остварување на некоја духовна цел или дела, тоа многу му користи, зашто трудот носи двојно здравје, душевно и телесно, кога се прави со расудување.

Премногу работа и премногу грижи монахот го прават световен, кој потоа почнува да живее на световен начин, со својата напнатост и грижите од светот. Накратко, тој живее дел од адот уште во овој живот, со постојани немири и патења.
Секаде биди долготрпелив, зашто тоа е најдобар лек што ги лечи долготрајните искушенија. Повеќето искушенија поминуваат единствено со нашето долготрпение (со текот на времето), како што снегот и мразот поминуваат кога стрпливо ја чекаме пролетта, кога ќе почнат да се топат под зраците на сонцето. Мразот и снегот не се топат од многугрижливоста, туку со долготрпението.

Надежта во Бога е најголемата сигурност за човекот. Довербата во самиот себе е нашиот најголем и најлош непријател, која ненадејно и немилосрдно не носи и остава бедни на беспатица.

Немој како порој хаотично да се бориш, за да не ја потрошиш одеднаш сета своја сила, туку бори се усрдно и со расудување (посебно ако си таков по природа), за да не те фрли непријателот во напнатост, ако, од усрдност се присилуваш себеси, без расудување и над своите сили.
Ако по природа си тврдоглав, не се присилувај без расудување, за да не почнеш да мрмориш незадоволно и да се откажеш, и да не те победи непријателот преку твоето непочитување и рамнодушноста кон Божественото.
Смекни го колку што можеш, своето грубо срце покрај ранетите души, да стане чувствително и смирено, и смирено моли се за Божја милост и Бог ќе ти ја даде.

Најдобар лек за нашата најголема трагедија е поголема трагедија на друг, под услов ние да ја споредиме со нашата за да ја сфатиме големата разлика и големата љубов која ни ја укажува Бог, допуштајќи мало страдание да дојде на нас. Тогаш дури и ќе му благодариме на Бога и ќе страдаме заедно со оние кои страдаат повеќе од нас, и од срце ќе се молиме на Бога да им помогне. Бог ќе го овенча оној кој не мрмори незадоволно, туку страда со радост, оној кој дури бара и нови неволји само за да му се простат неговите гревови и да може да учествува во Страдањата Господови, во знак на благодарност.

Нека е благословен оној кој успева на ваков начин да го избрка плашливиот ѓавол, кој тогаш ги собира своите демони и исчезнува. Благословен е оној кој ја погодува таа мета.

Нека добриот Бог го просветли и нека му даде сила (нека го утврди) целиот Свој народ, за да може Неговиот народ да го удира ѓаволот како мета, тој да не може да мрдне од адот (таму да го врши своето правило, и ако е можно да се покае), а да ги остави Божјите созданија на мира, да не додаваат нови, туку да ги отфрлат старите гревови.

Помолете се за мене, слабо Божјо создание, чие „тело и душа боледуваат од многу гревови...“ Се надевам дека Бог со вашите молитви ќе ме удостои со вистинско покајание.

Со љубов Христова
вашиот брат, монах Пајсиј

(Од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Подготви: Жаклина Стојановска

 


 Друго:

 

ЗА ДЕВСТВЕНОСТА И ЉУБОВТА II crkva.sumrak.dr.jpg

ЗА ДЕВСТВЕНОСТА И ЉУБОВТА I crkva.shuma.jpg

 

 Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 823
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »