Ми кажаа за една жена дека лечи болни, користејќи различни свети нешта. Кога слушнав што прави останав вчудоневиден од техниката на ѓаволот. Држи еден крст и пее различни тропари. Пее на пример: „Богородице Дево“, и штом ќе стаса до „благословен е Плодот на твојата утроба“ плука близу до крстот, значи – се исмејува на Христа, та затоа, потоа, ѝ помага ненависникот.

Така, некои коишто се болни, имаат меланхолија (и сл.) од демонски влијанија и лекарите не можат да ги излечат, таа ги лечи, зашто го изгонува демонот којшто ја предизвикува тешкотијата, го праќа кај друг, тие се ослободуваат од маката, и многумина ја сметаат за светителка. Се советуваат со неа, а таа им наштетува на душите, ги упропастува.

Потребно е многу внимание. Нека бега човекот далеку од маѓепсниците и маѓиите, како што бега далеку од огнот и од змиите.

Старец Паисиј Светогорец

 

Извор ФБ профил на:

ПравославноСлово

22.03.2019 лето Господово