логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Треба да одвојуваме многу време за нашите деца. Не е доволно да им зборуваме со „пароли“ – Немој да одиш таму, зашто тоа е лошо! Немој да зборуваш така, зашто тоа не чини! Немој да се однесуваш така и така – тоа ништо не им значи. Треба да одвоиме многу време и најголемиот дел од времето треба ние да ги слушаме нив, а не да им велиме: дојди тука да ти кажам нешто! Многу родители, кутрите, се тревожат за децата и ми велат:

– Отче, со часови му зборувам!

– Ете, тоа ти е грешката. Му зборуваш со часови. Би требало детето да ти зборува со часови. Немој да му зборуваш со часови; и мене да ми зборуваш со часови, ќе ме заболи главата, нема да издржам, па колку и добри и свети нешта да кажуваш. Замислете си сега да ви зборувам едно 4-5 часа без престан! Нема ли да ми кажете:

– Проштевајте отче мој, добри нешта кажувате, но нѐ полудевте! Се изморивме, не можеме повеќе да издржиме! Доста!

Има еден убав израз во Светото Писмо: си нашол мед – јади го со мерка. Бидејќи ако јадеш многу, ќе ти се слоши. Можеби е мед, сладок, многу вкусен, но не можеш да изедеш цело котле! Една, две, три лажички ти се доволно. Ако те хранат само со мед, мед, мед, најпосле ќе ти се смачи.

Грешката е што родителите зборуваат со часови, кога детето е тоа што би требало да зборува. Е тоа би било успех. Едноставно седни го и остави да си зборува со часови. Да ти каже сѐ, како што прават духовниците. Немој да се противиш, не покажувај дека го отфрлаш, ниту гледај нагоре кон таванот и со тоа да покажеш дека си мислиш на нешто друго. Детето знае дали го слушаш внимателно. Ние што ги исповедаме луѓето го гледаме тоа. Сум слушнал луѓе како велат:

– Нема да појдам повторно на исповед кај тој и тој духовник!

– Зошто?

– Затоа што веднаш штом ќе влезам внатре, започнува да си го гледа часовникот, и додека му зборувам е расеан, не ми ја следи мислата, си мисли на нешто друго.

Добро, може и такво нешто да се случи, и ние сме луѓе. И ние понекогаш се расејуваме. Св. Никодим Светогорец вели дека кога човек зборува и си го отвора срцето, тој наликува на елен кој раѓа еленче. Отворањето на срцето на човекот е како раѓање. И како што еленот при најмалиот шум може да се уплаши, да го прекине раѓањето и малото да умре, како и самиот елен, така и ти, отче, ако не внимаваш за време на исповедта, кога го исповедаш другиот и покажеш дека си се изморил, или се проѕеваш, или си го гледаш часовникот, тој ќе разбере дека не го слушаш и толку. Си ја загубил играта! Така и со нашите деца, ако не им дадеме време да ни зборуваат, и тоа неограничено време и можност да ги сослушаме во сѐ, тогаш никогаш нема да воспоставиме комуникација со нив.

Многу пати ми доаѓаат деца, кои навистина имаат сериозни проблеми. Некои проблеми се актуелни, а веќе и други се раѓаат. И му велиш на детето:

–  Слушај, треба да им кажеш на родителите за овој свој проблем.

И детето ми одговара:

–  Отче, се шегувате ли? Ако ѝ го кажам ова на мајка ми, таа ќе умре!

Навистина, беше во право, мајка му, на пример, не можеше да го поднесе ни тоа дека детето ѝ пуши марихуана, да не зборуваме за другите полоши нешта.

– Ако му го кажам ова на татко ми, ќе ме убие!

Овие родители не создале кај своето дете чувство дека може сѐ да им каже. Што и да ми кажеш, што и да слушнам, нема да се избезумам, нема да реагирам грубо и остро, нема да те отфрлам. Кажи ми што сакаш, готов сум да чујам сѐ! Токму како што правиме и ние за време на исповедта. Ни доаѓаат толку многу луѓе и некој ќе те праша:

– Отче, зарем не се ужасна?

– Не.

– Не се згнаси од мене?

– Не.

– Си помислив дека ќе ме исфрлиш надвор.

Ние сме слушаме илјадници такви работи, но во неговите очи тоа изгледа многу страшно. Знаете ли дека има млади луѓе кои се толку чувствителни и многу лесно се вознемируваат, само заради еден лош збор упатен кон некој човек, или заради тоа што одбиле да му помогнат на некого. Тоа го сметаат за толку голем престап, што им е тешко да го кажат.

Еднаш едно девојче во детскиот камп при Митрополијата, сакаше да дојде да се исповеда. Плачеше и велеше:

– Сакам да дојдам, но не можам, страв ми е!

Дојде одговорниот на групата во којашто беше девојчето и ми кажа:

– Отче, детето има да ти каже нешто многу сериозно, но не може. Таа дојде. Се однесував со неа многу внимателно. Беше ученичка во I клас Гимназија.

– Чедо, кажи ми за што станува збор? Јас сум стар и не слушам добро, може и да заспијам додека зборуваш, но ти кажи, Бог ќе чуе…

– Не можам, не можам…

И плачеше. Господи помилуј, што направило тоа дете? Ѝ реков:

– Добро, напиши ми на ливче, стави го под вратата на исповедалната и оди си.

Во најмала рака, си мислев, дека ова ќе да е нешто срамно. Таа напиша едно ливче и што мислите, што беше? Ја клоцнала мачката и таа паднала од балконот!

Добро, страшно е, но…  за среќа живее на првиот кат и на мачката ништо не ѝ било. Сепак девојчето тоа го преживеало толку трагично во себеси, што човек би помислил дека убила некого. Јас ѝ објаснив:

– Добро чедо, намерно го направи тоа?

– Не отец.

Ѝ реков дека на мачката ништо не може да ѝ се случи, но да не го прави тоа повторно, бидејќи ние треба да ги сакаме мачките, да се грижиме за нив, а не да ги клоцаме.

Детето силно го преживуваше ова, се плашеше и за него тоа беше голема трагедија. И ако некој, слушајќи го ова што за детето е толку трагично, се насмее гласно, или ги презре нејзините зборови, тогаш детето ќе си каже:

– Не ме разбира што му велам! Не сфаќа дека за мене тоа е толку многу важно и трагично…

Кога зборуваме со децата, треба секогаш да им зборуваме сериозно за сериозни работи и никогаш на инфантилен начин. Без инфантилни постапки. Детски да, но не и инфантилно. Зашто на таков начин ги омаловажуваме сериозните работи во очите на децата, а детето нема да остане дете, утре ќе стане млад човек и нема да знае зошто треба да оди во црква, да се помоли, да се причести, да разговара со свештеникот.

И така, проблемот на пубертетот не треба да го фокусираме на младите луѓе, туку на возрасните. И ако сакаме да ги решиме проблемите на младите, треба да почнеме од себеси. Ние, родителите, ќе поработиме на себе и тогаш ќе видиме дека ќе имаме резултати и во односот со децата. Ако сакаме да ги поправиме, без да се поправиме себеси, сѐ ќе направиме прав и пепел, само ќе отвориме рани и ништо нема да постигнеме.

Се молам Бог да нѐ просветлува сите, а особено оние кои имаат деца во пубертет, да го применуваат ова големо искуство и да ги одгледаат на прекрасен начин, така што и вие да се радувате, а и тие да бидат урамнотежени и здрави личности!

 

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 655
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 948
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 894
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

« »