логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 crkvata i politikata


Црквата и политиката
7 јули 2018 |


Дали нафтоводот Кистоун треба да се изгради? Дали глобализацијата е добро нешто? За која политичка партија треба да гласам? Овие прашања беа причина за многу дебати, викотници и масовни протести, а понекогаш и насилства. Прашањето е: дали Црквата Божја треба да се впушта во идеолошки расправии и да се вклучува во протести? Дали треба да маршираме и да носиме транспаренти? И ако да, на која страна? Ве замолувам, имајте предвид дека прашањето не е: „Дали индивидуални христијани можат да имаат мислење за ваквите теми и да превземаат индивидуални дејствија?“, туку: „Дали Црквата како Црква треба да се посвети себеси на едната страна од протестот?“ Прашањево го поставувам, бидејќи неодамна слушнав дека Византиската католичка заедница го употребила мојот акатист Исус, Светлина на оние во темнина како литургиски израз на поддршка за движењето против расизмот (Black Lives Matter movement). Чудно чувство на нејаснотија ме обзеде. Од една страна, среќен бев дека мојот акатист е од полза, ама од друга страна, малку ми беше непријатно бидејќи една литургиска молитва се политизира. Од ова некој може да донесе заклучок дека јас верувам, оти Црквата како Црква треба понекогаш да заземе страна во политиката.

Ако е така, опасноста од ова е трократна.

Како прво, политичките движења и каузи ретко кога за тема имаат нешто едноставно, во коешто чисто и јасно се гледа што е добро, а што лошо. Најчесто тие се комплексни и со нијанси на едното и другото, со вистинитост и лага, добро и зло, во различна количина и на двете страни. Понекогаш степенот на доброто и злото во едната страна може да се воочи јасно во ретроспектива. Но, за оваа ретроспектива треба време, а расудителноста тешко испливува на површина кога нештата загустуваат. Многу полесно е да се поедностават комплексните теми и да се дадат заклучоци со зборовите: „Вистината е совршено јасна…“, кога во реалноста проблемот е далеку од совршено јасен. Откако историјата ќе ја даде својата зрела пресуда, кога ќе се има јасна перцепција (како што велат) – но не претходно.

Ова особено е така, бидејќи нашите гледишта и мислења не можат да бидат подобри од информацијата што сме ја добиле, а медиумите ретко кога ни предаваат добри информации. Проблемот не е само во тоа дека Северноамериканските медиуми се поделени меѓу десничарското и левичарското, конзервативното и либералното. Проблемот е дека никоја страна од медиумите не е слободна. Со воодушевување знаеме да кажеме дека имаме „слободен печат“, и ова е точно ако под ова подразбираме дека новинарот, кој пишува непопуларна статија, потоа нема де биде изведен на стрелање, или да исчезне во некој Гулаг среде ноќ. Но, има два начина да се созбие еден вистински слободен печат. Едниот е да се заплашат медиумите со закана за стрелање и Гулаг. Другиот начин е едноставно да се купи печатот. Последново дава гаранција дека само гледиштата на сопственикот ќе бидат публикувани. Ова е многу поевтино, отколку да раководиш со Гулаг и, претпоставувам, ја осликува ситуацијата во која се наоѓаме ние на Западот. (Не велам дека на Истокот е подобро). Нашиот печат не е толку слободен, колку што е купен, и оние што работат за него се слободни да се вклопат во средината.

Ова значи дека, пред да оформиме конечно мислење, треба да се погрижиме да ги слушнеме сите различни и спротивставени гласови во дебатата, и само тогаш да се обидеме да ја препознаеме вистината. Во повеќето случаи, секоја од страните има некои правилни, а некои погрешни работи. Тоа не значи дека не треба да поддржуваме некоја страна, туку дека нашата поддршка треба да биде пригушена онолку колку што проблемот е комплексен. Обично ние избираме една нијанса од идеолошкото сивило пред друга, а не го избираме идеолошкото бело пред црното.

Второ, и како логички заклучок, обично христијаните и сите луѓе со добра волја можат да се најдат на двете страни во дебатата. Доминатното искушение е да се демонизира спротивната страна и да се претпостави дека тие ја избрале таа страна бидејќи се лоши, зли луѓе. Велиме: „Сигурно никој совесен не би можел да поддржи (додај било што против што протестираш)! Совршено е јасно дека нашите противници немаат аргументи на нивна страна, и дека тие ни се противат бидејќи се (додајго омилениот термин за потсмевање)!“ Термините што исмеваат обично служат наместо одржливи и силни аргументи. Постои изобилство на исмевачки етикети што можеш да ги избереш. Оние на спротивната страна можат да бидат нацисти, фашисти, комунисти, либерали, фундаменталисти, расисти, антисемити, хомофоби, трансфоби, исламофоби и многу други етикети што денес обично завршуваат со „фоб/ичен“.

Ако претпоставуваме дека проблемот е црн или бел, и ако затоа ја демонизираме опозицијата, ние речиси неизбежно ќе се исполниме со силно чувство на самоправедност, која нè ослепува за легитимноста на спротивните аргументи и човечноста на оние што ги употребуваат нив. Се гледаме себеси како војници на вистината и светлината кои водат војна против армиите на темнината и варваризмот. И (како што вели изреката), сè  е дозволено во љубовта и војната. И во оваа војна ние сме оправдани да ги злоставуваме нашите опоненти, да им викаме, да ги нервираме, да ги ословуваме, да ги лишуваме од правото да бидат живи и да бидат слушнати. Дури и насилството против нив се оправдува бидејќи тие се најголемите непријатели на вистината и светлината, и по секоја цена мораат да бидат елиминирани. Можеме да си се вратиме од нашиот насилен протест со топло чувство на самоправедност, безбедно во сознанието дека нашето насилство гради подобар свет.

Ништо не го ослепува човечкото срце и ништо не ја замолчува совеста така ефективно како насилството во служба на наводната вистина. Ако се сомневате во ова, обидете се да ја видите Германија во 1920-тите и подоцна, кога многу луѓе – нацисти и комунисти – користеа насилство како средство против спротивните идеологии. Јасно е дека кога ние ползуваме злоставувања и насилство во служба на нашата кауза, ние злоставувањето и насилството не ги нарекуваме со нивните имиња. Ние не злоставуваме и не користиме насилство. Ние сме само за цивилизираност и за подобар и пољубезен свет. Неквалификуваната поддршка на политичка кауза, која користи насилни протести како средство на дискурс, многу често се спушта на овој вид конфронтација.

Трето, поистоветувањето на Црквата со некоја политичка група нè одвлекува и оттргнува од нашата вистинска должност, а тоа е благовеста на Евангелието, создавањето на нова преобразена заедница, и прославување на Бог. Црквата во тој случај повеќе не е единствениот инструмент на Бога и Тело на Неговиот Син, туку само уште една НВО, уште еден силен глас на пазарот кој повикува на социјална правда. Нашето занимавање со едноставни политички каузи премногу лесно ја политизира Црквата и ефикасно ја разјадува нејзината есхатолошка природа. Повеќе не се сметаме себеси за туѓинци и патници на земјата, туку политички животни, следбеници на десничарството или левичарството. Еден поглед на христијанските заедници, што се стремеа да бидат релевантни во 1960-тите години и се занимаваа со вакви теми, може да ни биде за поука. Сите тие го загубија кредибилитетот во очите на светот, кога станува збор за безвременото Евангелие. Светот им аплаудираше на нивните политички позиции и на нивното учество во протестните маршови, а потоа целосно и засекогаш ги игнорираше. Или, според Господовите зборови, откако ја изгубија силата на солта, овие цркви беа изгазени под нозете на луѓето (Матеј 5,13).

Некој можеби ќе го воочи предупредувањето во Христовите зборови кон Неговите апостоли пред Вознесението. Тие го прашаа дали сега е времето за востановување на царството на Израил, т.е. за политичкото вознесение на Израил во светот, кои тие сметаа дека е претскажано кај пророците. Господ им укажа дека таквите нешта не треба да ги интересира, и дека нивната задача е проповедта на Евангелието до краиштата на земјата. Политиката – па дури и божествената политика – не е интерес на Црквата. Должноста на Црквата е поврзана со повозвишени, вечни нешта, како што ѝ доликува на заедница, закотвена во идниот век.

Но, некој може да праша, што со темите поврзани со абортусот? Зар не треба Црквата како Црква да заземе политична позиција за ваквите нешта? Да, и токму ова го илустрира проблемот. Бидејќи абортусот не е првенствено политички проблем, туку морален проблем со политички последици. Политичките проблеми обично се бојадисани со сивило, со валидни аргументи на двете страни од прашањето. На пример, претпоставувам дека има добри причини за изградба на нафтоводот Кистоун и добри причини да не се изгради. Има добри причин да се гласа за републиканец и добри причини да се гласа за демократ. Но, нема добри причини да се убие дете (под претпоставка дека детето нема да умре ако остане само на себе, т.е. под претпоставка дека бременоста не е абнормална/ектопична). Овој проблем не е меѓу сиво и сиво, туку меѓу црно и бело. Така што, при застапувањето за одредена кауза, ако не се работи за морален проблем толку јасен како овој, претпоставувам дека Црквата како Црква треба да биде надвор од политичкиот ринг. Христијаните индивидуи во Црквата можат да земат учество во ваквите каузи, ако сакаат. Но тие не можат да кажат дека говорат во името на целата Црквата, или дека целата Црква безусловно се согласува со нивната позиција.

Ние живееме во либерална демократија, во која отворената политичка дебата е дозволена и посакувана. Тука е и слободата на собирање и мирен протест. Тоа е многу добро и може да помогне за се изгради поздраво општество. Но, градењето на подобро општество не е примарна задача на Црквата, и никогаш не била, дури ниту во Византија. Нашата задача е да го проповедаме Евангелието, да го исцелуваме и преобразуваме човечкото срце, и да Го прославуваме Бога. И ние, како индивидуи, откако гласавме, споревме, протестиравме и придонесовме најдобро што можеме во изградбата на подобар свет, мораме да погледнеме горе во небото и да се помолиме: „Маран-ата! Нека дојде благодатта, а светот нека одмине.“ Ми имаат кажано дека грчкиот термин за означување на постерите при протестите е ефемера. Ова, мислам, многу добро кажува сè.

отец Лоренс Фарли

Превод: Г.Г.

Извор: https://blogs.ancientfaith.com/nootherfoundation/the-church-and-political-causes/

 

 Преземено од: МИСТАГОГИЈА

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 237
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 691
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »