логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Недела пред Богојавление

Чедо Тимотеј, ти во сè биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на евангелист, службата своја исполнувај ја добро! ашто јас веќе станувам жртва, а времето на моето одење настапи. Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив; понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото доаѓање. 2Тим. 4,5-8

Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.” Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови. Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.” Мк. 1,1-8

Пред јавувањето на Господа пред народот и Неговото совршување на домостројот на нашето спасение, св. Јован Претеча бил испратен за да ги подготви луѓето да Го прифатат. Подготовката се состоела во повик кон покајание. Оттогаш, покајанието станало пат кон нашиот Господ и Спасител, предворје на верата во Него. Самиот Спасител Својата проповед ја започнал со зборовите: „Покајте се и верувајте во Евангелието“. Човекот кој го бара своето спасение, покајанието го упатува кон вера, а верата кон покајание. Покајанието му го покажува гревовното бреме и го плаши со неподмитливиот суд на правдата Божја. Но, доаѓа верата и му Го покажува Избавителот, Кој ги зема гревовите на светот. Покајникот се прилепува до Избавителот и, симнувајќи го гревовното бреме преку исповед, радосно Го следи по патот на Неговите заповеди. На тој начин, верата се раѓа од покајание, и врз него стои. Чувствувајќи го избавувањето, покајникот цврсто се држи за верата. Верата живее од покајание. Без покајание, верата е како безживотна фиданка, сува и неживодејствителна.

Св. Теофан Затворник

Извор: http://pravoslavie.mk.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 142
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 338
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »