Пред неколку години во мојот скит престојуваше еден човек, кој живеел спроти Православниот манастир, надвор од Лондон, познат по неговиот основач, Манастирот на Свети Јован Крстител во Есекс. Англичанецот живеел преку улица од манастирот. Но поради забуни од неговата Мајка Црква, тој сакал нешто подуховно, подлабоко…

Отишол во Индија, во Калкута. Студирал на тој колеџ четири години… Кога ги завршил студиите, сакал да му заблагодари на директорот на школото. „Ви благодарам! Научив многу. Не верував дека вашата религија е толку духовно длабока…“ И човекот му се заблагодарил на директорот, а овој, пак, го прашал: „Задоволен ли си? Го најде ли она што го бараше? Тој одговорил: „Да ви ја кажам вистината, не, не го најдов. Сѐ уште барам нешто повеќе. Не знам, имам некое внатрешно незадоволство“. И директорот на Теолошкиот факултет, на онаа туѓа религија во Калкута му рекол: „Ако сакаш нешто подлабоко, тогаш оди и биди „внимателен“ кај Православните. Не кај Католиците. Тие се несериозни“. И ова му беше кажано од некој кој е од друга религија. И тој се вратил во Англија, отишол во манастирот пред неговата куќа и си рекол за првпат: „Да одам во манастирот и да видам“. „Толку многу години“ – игуменот се смеел кога го кажувал ова – „ние бевме преку улица од неговата куќа, тој гледаше многу луѓе како влегуваат и излегуваат од ова место. Никогаш не помислил да отиде преку улица… Требаше да отиде во Калкута и оттаму да го пратат назад „преку улица“, спроти неговата куќа, каде што беше манастирот“. Тој беше многу возбуден. „Тоа беше она што го барав“, – рече, – „а не знаев каде е тоа“. Во манастирот спроти него…

Тој беше поучен, беше направен огласен (кој се подготвува за крштение) кога ни го кажуваше ова, а сега чека да биде крстен.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Извор: Амвон.мк