„Кога Евхаристијата и Причеста повторно ќе станат центар на христијанскиот живот, трагичните случувања и дефекти ќе бидат надминати и исцелени. Ако црковниот живот не е заснован пред се` на Христа, а тоа значи на постојано и живо заедничарење со Него, во светата Тајна на Неговата присутност - тогаш неизбежо произлегува нешто друго што се наметнува да доминира како центар, како фокус во парохиските преокупации и активности.

         Тоа може да биде политиката, празноверниот културен етницизам или материјалниот услов и имот како единствена цел. Ако не е Христос, ќе биде нешто друго, нешто световно, па дури и грешно, нешто што под божемна неопходност ќе го вообличува, а всушност ќе го дезинтегрира животот на Црквата.“

о. Сергеј Четвериков.


п.с. Секуларизмот ја прифаќа религијата, но под свои услови. Тој и одредува место и функција под услов религијата да ја прифати функцијата која и е доделена, и да ја исполнува.

 

Избор од ФБ профилот на : о.Горан Стојчевски