логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

     Атонскиот старец Ефрем (во светот-Иоанис Мораитис) се родил на 24 јуни 1928 година во градот Волос (Грција). Кога наполнил 19 години тој засекогаш се преселил на Света Гора, станувајќи послушник на светитот старец Јосиф Исихастот, безмолвник и пештерник. Откако основал 19 православни манастири во САД и Канада старецот Ефрем од 1995 година, се повелкол во пустиња заради бемолствување, молејќи се за сиот свет. Сега ние издаваме уште една проповед на отец Ефрем од книгата во подготовка «Искуство на спасението», која стана квнтесеснција на неговиот пребогат духовен опит во текот на речиси шеесет години монашки живот.

  

 Драги  мои чеда!

    Во моментот, на земјата се лее многу крв, многу невина крв, која е почиста од Авеловата, крвта на убиените младенци, тоа е крв на невините младенци, незаштитени суштества, која ја пролеваат самите мајки!

    Сите болници и породилишта се претворија во кланицата Иродова. Милиони и милиони младенци во целиот свет се фрлаат во контејнер или во канализација, па така и мачките не ги фрлаат. Во еден филм е покажано, како убиецот, лекарот-акушер го убива со скалпел младенецот во матка, а потоа со посебен уред ја крши главата на детето  ја извлекува од матката. Мајката за време на тоа, ништо не гледа, станува од лежалката и спокојно си заминува дома.

    Пред неколку дена ми дојде при рака публикација на еден лекар, и би сакал да ви ја прочитам, за видите, што претставува абортус од научна гледна точка. Статијата се нарекува «Последниот удар». Ќе ви ја прочитам дословно.

    Според соопштението на весниците, се подготвува донесување на законски проект, кој го одобрува абортусот. Тој законски проект, ќе биде најпрестапен од сите, кога било донесени од страна на парламентот на Грција. За грците во овој момент, кога под закана се наоѓа само то опстојување на нашиот народ како нација тоа ќе биде последен удар. За жал, престапот се воведува во статус на закон. Но, пред господата пратеници го изгласаат донесувањето на овој законски проект, би сакале да изнесеме два предлози:


    1) Сите тие да го гледаат филмот «Безмолвниот (немиот, безгласниот-прим прев.) крик». Таму со помош на ултразвик снимен е еден абортус. Страшна глетка... Кога орудијата на убиството проникнуваат во матката, ембрионот го чувствува присуството на страното тело и почнува да се спротиставува, правејќи рески движења. Бројот на отчукувањето на срцето од нормални 140 удари во минута, расте и до 200. Во моментот кога хируршкото орудие за убивање се допира до ембрионот, се случува нешто незамисливо ужасно. Зародишот ја отвора устата во нем крик и умира! Лекарот-акушер кој ја правел снимката и направил од 1949 година се до сегашно време 10 000 абортуси, бил надовор од себе, откако ја видел таа ужасна глетка, така што ништо слично на тоа тој неможел себеси да се претстави, поради што решил не само да сопре да прави абортуси, туку и да се бори за нивна забрана.

    Доколку господата пратеници го погледаат тој филм, сметаме дека тие би претпочитале да им ја откинат раката, отколку да гласаат за тој закон.

    2) Нашиот втор предлог е во следното:

Ајде, господата пратеници да се погрижат, тој филм да биде прикажан на телевизија и грчкиот народ да увиди и разбере,  дека 300 000 абортуси кои секоја година се извршуваат во Грција, не се прости хируршки операции, туку 300000 озаконети престапи. Доколку донесувањето на тој законски проект не биде спречено, тогаш крвта на тие незаштитени созданија, како море ќе ја потопи и ќе ја погуби Грција. Тогаш многубројните непријатели на нашата татковина ќе напишат со големи букви: «Грција повеќе не постои». Тој натпис кај нерпијателите ќе предзивика престапна радост, а кај вистинските православни грци-болка и срам.

    Колку е ужасен абортусот, колку голем престап е тоа! Треба да се заврши со тоа. Невините суштества не се должни да умираат на таков ужасен начин и само поради тоа што некој смета, дека неможе да си дозволи да има второ дете. Ние сами решаваме за Бог? Односно, определуваме дали можеме или не да ги израснеме децата, кои од Бог ни се дадени? Решаваме за Бог, што Он да прави?

    Престапот почнува да прима огромен загрозувачки размер. Конечно, жените, треба да го осознаат сиот ужас, да се трудат, да ги спречуваат оние кои по ѓаволско дејство се подготвуваат да го извршат, затоа што тоа го прават или од незнаење, или под притисок на околностите, или поради внатрешни превирања. Главниот соучесник овде е ѓаволот кој предлага неосновани изговори, видливи слабости: недостаток на средства, болести, потреба од маж, и од друга страна незнаење, имено со сево ова се ползува ѓаволот и со успех ја поттикнува мајката на овој трагичен грев.

    Незнам дали знаете, што тие деца, зародиши, после абортсот не одат во небитие (непостоење прим.прев.). Секој ембрион, тоа е веќе полноцен човек, со душа. Тие деца продолжуваат да живеат во Друг свет, и од нив на Небесата се составила веќе многумилионска војска. Сите тие викаат кон Бог, за тоа, што биле убиени без вина, дека не примиле Свето Крштение и не станале православни христијани. На кого лежи вината за ова?  Можно е и да не се говори, јасно е на кого. Кај Бог за тоа крвопроливање има едно име-престап! Со што може таа крв да биде измиена? Со што се измива нечистотијата? Со вода, со чиста водица. Така и овде е нужно, вода да тече непрестано, од два несекливи извори, а тие несекливи извори се очите. Внатрешното покајание должно е да се пројави како несеклив извор на солзи, се до крајот на животот.
    
    Конечно, гревот се простува, откога ќе биде откриен во Светото и сесилно Таинство на Исповетта, каде што се простува сѐ. Бог е љубов и «оној кој пребива во љубов, во Бог пребива и Бог-во него» (1 Јов. 4:16). Но, Он е и Правосудие. Затоа, жените кои направиле ваков грев, нека не се успокојуваат себеси дека веќе се покајале за извршувањето на абортусите. Тие се должни сиот живот да пролеваат солзи на покајание. Многу од нив, иако веќе се покајале, не чувстуваат олеснување. Зошто? Затоа што не се покајале внатрешно, не пролеале доволно солзи, за да ја измијат крвта на извршниот абортус или абортуси. Покајанието нема граници. Доказот за љуовта и благоутробието Божје е животот, односно тоа што човекот живее и по извршувањето на престапот. Живее, а тоа значи, дека него Бог уште го чека, а ако го чека, тоа значи дека човекот не смее да ја изгуби шансата, туку обврзан е  да ја исползува.
    
    Кон епитимијата, која духовникот ја наметнува, за тој сериозен, исклучителен грев, важно е да се однесуваме многу внимателно. Епитимијата помага за душевно исцеление, но, како што веќе рековме, потребно е да бидат откриени изворите на солзи, со кои се измива крвта на збортусот, за да може потоа човекот да почувствува заедница со Бог. Поточно речено, тука само една исповед не е доволна. Од потребата да со промениме срцето на Бог, за да не остане во Него огорченост и болка, за Тоа да стане пак такво какво што било пред човекот да го направи гревот, потребни се само два извори на покајни солзи. На тој начин, тогаш кога ќе заврши нашиот живот, срцето Божје ќе биде приморано да се умилосрди.
    
    Ќе ви наведам едноставен пример. Да си претставиме дека детето со својата непослушност и навредливо однесување ја вознемирило мајката.Ако тоа се покае и рече: «Прости мамо, јас веќе така нема да правам», мајката најнакрај ќе одговори: «Добро, оди и не прави веќе така». Прошката е добиена. Но, ако тоа со солзи се фрли во нејзините прегратки, и почне горко да плаче, да проси и измолува, за таа да му прости од сето свое срце, тогаш во срцето на мајката нема да остане трага од огорченост и навреда. Тоа се случува со човекот, кога тој се кае и се обраќа кон Бог после извршениот грев.
    
    Некои прашуваат: «Зошто луѓето, кои постојано се каат, плачат, дури и оние кои, така да кажеме, се поблиску до Бог, кои носат раса и Му го посветиле Нему сиот живот, живеат во пустиња, кои се исповедаат, не прават гревови, веќе примиле прошка, водат особен начин на живот?»  Па еве вака: колку повеќе се кае човек и колку повеќе пролева солзи, толку повеќе Срцето Божјо се променува. Се случува длабинско помирување на грешниот човек со Бог, особено во случај, кога е направен престапниот грев на абортусот, потоците на солзи треба да не секнуваат се до последниот здив.

    Ќе раскажам еден случај.
    
    Во Македонија во еден храм, каде што се чувале мошти на многу почитуван Светител, имало престолен празник. Во тој храм работела некоја благочестива жена. Таа помагала да се подготви црквата за празникот, расчистувала, а по обедот еднаш прилегнала да одмори, имено сакала малку да полежи, а потоа да ја продолжи работата.
Легнала и спиела неколку дена. Повикале лекар. Лекарот погледал и вели:

    -Не обидувејте се да ја разбудите, нешто се случува со неа, а од медицинска гледна точка тоа неможе да се објасни. Порано или подоцна самата ќе се разбуди.
    
    Незнам колклу време минало, но конечно жената се разбудила, дошла на себе и прашала:

    -Дали започна бдението?

Таа мислелеа дека спиела неколку часа. А тие ѝ одговориле:

    -Не се уште не започнало но, ќе започне.

Жената поверувала. Кога најнакрај ја осознала ситуацијата, го замолила старешината на храмот:

    -Ве молам, повикајте ги овде сите жени  од нашето село.

Се собрале сите кои можеле да дојдат и таа разкажувала:

    -Слушајте, еве што видов. Со еден блескав маж се спуштав надолу. Одевме се подолу и подолу во срцето на земјата, таму видов темници, темнина, видов заклучени, многу нешта видов. Меѓу луѓето кои ми беа покажани, видов жени кои направиле абортус, и тие ја впиваа својата крв, која останала од абортусот! Кога се ужаснав од она што го видов, ангелот ми рече: «Сега ќе се вратиш на земјата. Собери ги сите жени и раскажи им, за она што го виде овде, за да бидат задржани од тој престап. Доколку достојно не се покајат, ќе се најдат во таква положба».

    Ние сите сме должни да им помогнеме на луѓето да го избегнат тој престап. Доколку дознаеме сдека некој сака да изврши абортус, потребно е, со упорност, да се погрижиме тоа да не се случи и да ги објасниме последиците. При првата тешкотија која наишла, ова некако стана мода, таа оди на лекар и прави абортус, како да се работи за куче или маче. Да ја запреме, да поразговараме, да ја разубедиме, да ѝ помогнеме да осознае, како страшен престап се спрема да направи!

    Како духовник, ги советувам оние, кои го направиле тој грев еднаш или неколку пати: погрижете се преку солзи да пронајдете душевно исцеление или говорејќи со јазикот на антропоморфистите, да ја извлечете од Божјото срце болката и горчината. Човек, кој се кае, плаче, се подвизува, се принудува себеси, го приклонува кон себе срцето Божјо. Великите отци на Црквата говорат, дека покајанието е толку велико, што потполно може да го извлече од срцето на Бог сеќавањето за прегрешненијата, односно да стори така, како и да немало гревови буквално.

    Гледате ли колку е големо величието на покајанието! Што треба сите да направат, и пред сѐ јас? Да се покајат! Колку пати човек говори: «Прости!»-толку пати, Господ одговара: «Простувам». Но, исто така потребно е да се осведочи прошката во Таинството на светата исповед и со смелоста, подарена од Таинството, притоа осознавајќи ја безграничната сила на покајанието, да пристапиме кон Престолот на благодатта Божја.

    Нема да се плачеме, да паѓаме во очајание, но ќе прибегнеме кон Таинствата. Очајание?-никогаш! Во овие рамки се одвива и нашата главна борба. Каков било престапник да се чувствуваш себеси, никогаш не се предавај на очајание. Биди цврст во својата надеж, да не бидеш фрлен во ровот на очајанието и да те погубат, и тогаш ќе се случи «од оган во пламен». Со своето очајание ти го навредуваш и понизуваш Бог. Утврди го Бог во своето срце, во сила и великолепие, кои Нему Му доликуваат, зашто Он е во состојба да го избрише секој грев. Ако Бог бил распнат и ги избришал гревовите на човештвото, што се тогаш во споредба твоите сопствени гревови, грешен човеку?!

    Поради тоа, ние ги примаме сите кои доаѓаат во таа спасителна бања, во тоа пристаниште, кое се нарекува Исповед. Тука го примаат секој еден кораб, искршен од окенаските бури. Нека биде искршен тој и од ветрови и од бури, ограбен од крадци, сепак тихиот брег е откриен за него. Јарболите се икршени, едрата искинати, останал само еден корпус но, коработ пристига на брегот и по ремонтот, веќе е сосема нов брод.

    Дојде еднаш кај мене еден многу оштетен човек, ми дојде на исповед жена (ми беше многу жал за неа!) и се кае, несреќната, поради тоа што го направила...педесет абортуси! Замислете си: педесет убиени деца и ти си должен да решиш, што да сториш! Бидејќи таа е се уште жива, значи дека Бог уште ја трпи, очекува покјание, следствено и ти како духовник, должен си кон неа да се однесуваш не поинаку, а со љубов. Ја прифатив неа со љубов, ја утешив како што можев и ѝ назначив лек, кој ѝ беше потребен.

    Размислете, колку години таа го држела сето тоа во себе, била измачувана од гревот но, не смеела да го открие. И сега дошла со надеж на спасение. Навистина голема љубов Божја! Голема и радост на ангелите: «На Небесата има голема радост за еден грешник кој се кае!» (Лк.15:7) Овде не станува збор толку за тоа што грешникот се кае, туку дека Бог го спасува, но и на Небото во тој момент е голема радост: сето Небо се радува и ликува, ангелите го воспеваат и прославувааат Бог за спасението на таа бесмртна душа!

    «Блажени се оние, чии престапи им се простени, и чии гревовои се покриени!» (Пс.31:1) т.е среќен е оној човек, кој се удостоил на прошка на гревовите. Каква благодарност, ќе му возврати човекот на Бог! Еве да размислиме:  и илјада години да сум живеел, да сум ги направил сите престапи, на кои се способен нјастрашниот престапник, а потоа ме просветила милоста Божја: сум се променил, сум се покајал за се и додека трепнеш сум бил оправдал, сум бил измиен, вознесен на Небото! И што со тие илјада години? Изчезнале, тие години не се рачунаат, ги нема, измиени се, избришани од списоците на бесовите. Таква е Божјата заповед! Гревот е исповедан и дословно како да сте притиснале на копчето delete на компјутерот, гревот е простен. Простен! Простен!!! Резултатот е нула, твоето «лично дело» е чисто. Дали е можно после тоа да не се поклониш кон Бог благодарејќи и да не паднеш при Неговите нозе, ридајќи од љубов?

    Поради тоа, деца мои, од темнината на гревот, во кој се наоѓаме, да преминеме во светлината на покајанието, исповедувањето, љубовта и надежта на Бог одејќи заедно рака за рака кон своето спасение.

    Овој мал подарок, што го добивте, сто пати нека се умножи во вашата душа, длабоко да се вкорени во неа, за да застанете на добар духовен пат и покајанието секогаш нека биде во вас. Подвизувајте се колку можете за да ја држите чистотата во душата и телото, затоа што непорочноста означува голема смелост пред Бог.

    Благодатта на Светиот Дух да ве осенува и чува во Христа! Амин.

    

Извор:http://www.pravoslavie.ru/smi/54133.htm


Преведе од руски: М. Белева
   



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6393
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5591
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная