логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Људмила Федоровна Ермакова, православен психолог

Доколку во минатото манифестираната детска суровост беше сметана за ретка појава, во последно време, тоа за жал преминува во нова статистичка „норма“. Кон тоа придонесуваат определени фактори на современиот живот.

  1. Прерано се одделува детето од мајката и се предава во системот на општествено воспитување: јаслите, детската градинка – или дадилките помеѓу кои има многу добросовесни луѓе, но на детето му се потребни, пред сè, мајчинска топлина, љубов и заштита. Децата на современото доба рано се лишуваат од покровот на мајчинската заштита и започнуваат да пуштаат “боцки” коишто не само што го заштитуваат, туку и му помагаат „да го добие своето“. Никој не го учи на компромис. За него, агресивното однесување носи резултат.
  2. Способноста да се оди на компромис, флексибилност, отстапливост, исто така, може да се научи првенствено од мајката. Сепак, денешните мајки, опседнати од митологемата „родова еднаквост“ помеѓу мажот и жената, многу добро забораваат на функционалните различности. Ние во својот развој одамна се движиме во обратен правец и веќе се приближуваме до „црвената линија“ – не во биолошка, туку во социјална смисла, – во којашто мажите, жените, возрасните, децата се заедно, но се едвај поврзани едни со други и практично не комуницираат помеѓу себе.
  3. Децата живеат во доминантно агресивна средина. Повеќе од 80% од семејствата се разведуваат – тоа е проследено со најтешки облици на конфликти и скандали. Радиото, телевизијата, интернетот, списанијата, жолтиот печат се исполнети со криминални приказни. Родителите недоволно се обидуваат да ги заштитат децата од сето тоа.
  4. Родителите се невнимателни во однос на првите манифестации на агресивност кај малите деца, и со тоа, всушност ја поддржуваат.
  5. Кај религиозните луѓе сè почесто се појавува прашањето: „Може ли првородениот грев да стане причина за појава на детска суровост?“ Архимандритот Рафаил (Карелин) во својот прилог „Казна над неродените“ пишува: „Докажано е дека децата не ги наследуваат само физичките својства, но и определени духовни квалитети од своите родители. Емоционалниот живот на родителите се одразува врз наследството и преминува, во вид на предодреденост кај нивните деца. Родителите коишто донеле решение за убиство на своето дете, веќе внеле во својот генетски фонд предодреденост за убиство којшто ќе ја обременува психата на идните деца, а понекогаш душевното својство не се пренесува директно, туку со прескокнување на поколенијата. Поради таа причина родителите, одлучувајќи се на убиство на своето дете, извршиле криминал не само пред нив самите, но и пред децата коишто ги оставиле во живот. Родителите, предавајќи им го својот потенцијал на суровост и потсвесен стремеж за убиство, често самите стануваат жртви на суровост од сопствените деца и притоа се чудат: а од каде е пак сето ова, од каде, според нивното мислење, оваа неправедност?“
  6. Со самото тоа што чедоморството кај нас не се намалува, расте детската суровост.

Како родителите и учителите да се фатат во костец со детската суровост? Првенствено, на жената да ѝ се врати нејзиното законско место како љубена жена, грижлива мајка, чуварка на семејниот праг. Најдобрата кариера на жената – тоа се здравите деца, силното семејство. Но, тоа е тешко, далеку полесно и поинтересно е, како што обично се вели, да се посвети себеси на работа и „самореализација“. Сепак, нешто умее да каже и народната мудрост: „не може да се седи на две столици“ – такашто секогаш има избор. И колку почесто жената ги одбира децата, толку поретко нашите деца ќе бидат сурови.

Превел од руски м-р Пантерлеј Кондратјурк Со благослов на о. Горан Тасески

Извор: http://pravoslavie.mk.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1453
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 915
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1174
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »