Зошто во последно време наркоманијата поприми размери на епидемија - бела чума, која стотици милиони луѓе ги претвора во психички и физички инвалиди, во живи трупови? Зошто роднините не се радуваат на средбите? Зошто зборот пријателство исчезнува, а го заменува друг збор „партнерство“, без оглед дали е тоа партнерство врзано за работа, одмор или љубовни авантури, партнерство слободно од било какви морални обврски?

Зошто катастрофално расне бројот на семејства кои се распаѓаат, така што изгледа дека наскоро семејството ќе биде прогласено за преживеана институција? Зошто бракот, во кој мажот и жената се соединети со љубов и верност еден кон друг до самата смрт, веќе станува исклучок?

Зошто се испоставува дека видливата семејна благосостојба честопати е само надворешен покрив на внатрешната пустош, молчелива согласност на брачните другари меѓусебно да се трпат? Зошто луѓето, доаѓајки во својата куќа не наоѓаат задоволство во меѓусебно општење, туку повеќе сакаат со часови да седат пред телевизорот?

Сликите кои се менуваат на телевизорот им се помили од човекот со кој треба да делат радост и тага. Телевизискиот екран и дрогата се и реален свет во кој човекот бега од реалноста, која ја притиска неговата душа со некаква оловна тежина.

Пророкот Мојсеј неколку дена пред неговата смрт го собрал народот и им изрекол благослов на оние кои ќе ги слушаат Божјите заповеди и проклетство за оние кои ќе ги нарушат и отфрлат. Овие заповеди не се напишани само на камени таблици, туку и во самата човечка душа. Денес луѓето ги заборавиле и изгубиле.

Земјата се' повеќе се осквернува со гнојот на развратот и човечката крв. Нашиот Господ Исус Христос рекол:
„Ќе најдам ли вера кога ќе дојдам на земјата?“
- односно вера која се манифестира во љубовта; вера која треба да биде главна потпора во животот.

Бројот на луѓето кои не само што веруваат, туку и живеат според верата, постојано опаѓа. И верниците и неверниците се како луѓе кои се паднати во мочуриште, само што верниците тоа го сфаќаат и се обидуваат да се извлечат од живата кал која ги голта, а неверниците не сфаќаат што се случува, тие гинат со затворени очи, не веруваат во Светото Писмо, рамнодушни се кон Бога или Го мразат.

Меѓутоа, и во таквите луѓе постои сведоштво за апокалитичната ноќ која се спушта над светот - ова внатрешно сведоштво на нивната сопствена душа за тоа дека радоста веќе ја нема, дека животот е празен како дим. Очајанието е губење на надежта. Современите луѓе немаат надеж. Немаат на што да се надеваат, самите не знаат што да очекуваат од иднината.

Кога поминуваме покрај затвор, нашата душа ја обзема чувство кое притиска како затворот да е живо битие кое липа од болка и тага, а нашето срце го слуша овој нем плач. Таму каде што луѓето се мачени и убивани, се чини дека не само земјата, туку и воздухот ги чуваат трагите на нивното мачење, како да по смртта нивните тажни сенки лебдат на ова место.

На земјата и дење и ноќе се одвива убивањето на деца - злосторство на кое не му се гледа крај, злосторство заштитено со закон, кое го оправдале оние „актери на културата“, кои како потсмешливо да се нарекуваат носители на моралот.

Првата освета веќе дојде: луѓето ја изгубија радоста и во нив атрофира способноста да љубат. Човекот несвесно се стреми кон непостоење, но од последниот чекор - самоубиството - го штити инстинктот за самоочувување, човекот се плаши од смртта и живее, но како по инерција.

Постојано расне бројот на душевно болни со очигледни својства на безумие, но кај неспоредливо поголем број луѓе овие симптоми се скриени, како да се „пикнати“ внатре. Психологијата станува еден од водечките правци во современата медицина.

Институциите, училиштата и различните организации имаат психолози на својот платен список. Најбогатите, најнапредни луѓе стануваат постојани пациенти на психоаналитичарите. Фармацевтските заводи во огромен број издаваат психотропни и препарати за смирување
.
Но се' е залудно. Се чини дека и самото срце на земјата почнало да крвари.

Пресвета Богородице спаси не .

Архимандрит Рафаил Карелин

 

Избор од ФБна о.Горан Стојчевски