логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

Свети Антониј Велики, со цел да ја засили мислата за несогрешување и совршенство, бидејќи ние луѓето постојано се прашуваме дали можеме да ги достигнеме, а во реалноста всушност сатаната нѝ ја става на ум оваа помисла само за да не бидеме радосни, продолжува со овие зборови: Размислувај и говори на себеси: ʺНема да останам на овој свет: и нема да згрешам пред Богʺ!
    Размислувај и говори, па дури и ако не го мислиш тоа:ʺКолку ќе останам на овој свет?ʺ Ако почнеш да размислуваш дека можеби денес, а можеби пак утре ќе умреш, нема да согрешиш. Никој не греши кога мисли на смрт. Меѓутоа, потребно е да имаме совршена смелост пред Бог, да не се плашиме да направиме скок во смртта, бидејќи тоа е скок во Рај, во Царство Небесно. Сето она што нѐ задржува во светот, сето она што нѝ прави да се плашиме, тоа треба да го отфрлиме.
    Не е потребно да се молиме на Бог со зборовите: ʺБоже мој, спаси ме, направи да бидам добро, помогни миʺ. Што сака Бог нека биде! Патуваш по море и бродот почнува да тоне. Патуваш со авион и тој се запалува. Што ти е гајле? Никогаш немој да се молиш Бог да ти помогне. Самиот Бог ќе ти помогне, ако ја имаш оваа смелост пред Него. Не треба да прифатиме да помине ниту еден ден, а да немаме потполна смелост пред Бог. Никој не може да Го почитува Бог ако нема смелост (пред Него). Немојте да јадете, немојте да пиете; прво средете ги сметките со Бога и ќе видите колку е лесен животот. Не биди лаком и не се предавај на прејадување, за да не се обноват во тебе претходните гревови.
     Во времето на Антониј Велики луѓето преминувале во вера од идолопоклонската лага, од неморалност и разврат, од ерес и раскол, така што претходни гревови означуваат живот на лага, незнаење, а Бог нѝ го дарува овој живот за да задобиеме чистота: ќе дадеме одговор за секое наше дело. Гревот станал едно со телото и душата на луѓето; тоа била некоја природно-неприродна состојба. Толку многу гревот го беше уништил човечкиот организам така што човекот живеел противно на природата како да е тоа нешто природно. Човекот станал како животно, со разврат и нечесен живот, со заколнувања и идолски беснеења, со гордост и со сите страсти, така што она противприродното  превладало како секојдневна природа до таа мера та човек се прашувал дали постои барем една личност со чист живот.  

 Кога човекот се враќал кон Бог, неговите гревови се простени со Крштението и монашкиот потстриг, што претставува многу свесен и одговорен чин, и човекот задобивал особена сила на чистотата-единствена претпоставка да живее во Бога. Наспроти сето тоа, човекот, и по очистувањето кое Бог му го дал, се сеќавал на својата неприродна состојба, острастеноста во која паѓала човечката природа-иконата Божја. Но, тој не се сеќавал на претходните гревови како искуствена состојба, како обновување на гревовите во своето срце; живеел како никогаш да не согрешил. Имал само чувстување на својата физичка грешност, но, живеел во Бог и во добрата на духовниот живот. Немал сеќавања, не чувстувал потреба да се врати на старо; немал други недоумици за стариот живот. Бог можел да управува со него.


  

 Но, постоеле околности кога целата сила на минатиот живот се враќала како непогода во човечката душа и човекот ја губел снагата да се спротистави на тоа; природата ја задобивала својата противприродна снага. Дивото  магаре, кое се криело во срцето, се будело и ги барало своите права, така што човекот се враќал на гревот, иако веќе го бил примил белиот хитон на Крштението. Сепак, можел повторно да ја побара благодатта Божја, И Црквата ќе му простела. Кога во текот на многу години ќе докажел дека останал блиску до Бог, тогаш би ја задобивал претходната сила и чистота. А за да му помогнат на човекот Светите Отци за него одредувале долгогодишна епитимија, која траела од три до дваесет и пет години, многу пати сѐ до крајот на животот.     

Луѓето тогаш не биле самољубиви како ние и не поседувале начин на размислување свртен само кон себе. Ние еден ден грешиме, а следниот ден, бидејќи сме се исповедале, сакаме да се причестиме. Тие биле сигурни дека се одалечиле од Бог, дека излегле од Рајот и дека сега огнениот меч ја чува Светета Причест. Значи, барале да се оддалечат од Светата Причест заради свое спасение, за да живеат во пеколот на одсуството од Светата причест, за да докажат својата љубов кон Бог, и потоа да можат повторно да се причестат.    Малку по малку Црквата почнала да ги намалува годините на епитимија, поради слабоста на својата паства. Значи, бидејќи многу верници ја отфрлиле благодатта Божја и порадо бирале во својот живот да живеат во агонија, Црквата за да не ги напушти, ги следела во своите колебања, “за барем некој од нив да се спаси”, како што вели светиот апостол Павел.  

 Смалувањето на годините на епитимија било доказ дека се зголемил бројот на болни луѓе во Црквата. Наспроти сето тоа, постоел и напредок кој се случувал напоредно. Онолку колку се зголемувал гревот, дотолку благодатта Божја станувала поизобилна, создавајќи на спротивната страна голем број на чисти луѓе. Тие уште од детството се воздржувале и останувале чисти и непорочни сѐ до крајот на својот живот. Нивната чистота  се состоела во воздржание од телесни гревови, но, првенствено на оние во умот, како што се состојбите на хула, гнев, нарушување на дадените заклетви, гордост, празнословие и неверување, ереси и особено самољубието-јас да бидам мерило и моите желби и слично на тоа.
    Целата оваа војска свети луѓе се зголемувала станувајќи на тој начин противтежа на гревот, така што Црквата со голема радост исповедала, дека како тело, напредувала. Покајникот го менува својот живот, создава ‹нов живот›″ кој се обновува од слава во слава, од совршенствово совршенство, од светиња во светиња″, станува нов свет, нов човек. Во овој случај демонското влијание постепено се повлекува, Бог нè освојува и започнуваме да се искачуваме на басамците на безгрешноста. Сега Бог нѝ помага нашите страсти, кои новата природа ги ‹изгонува›, да неможат да се пројават.
    Меѓутоа, гревот не престанал да постои и никогаш нема да престане, освен ако Бог не ја укине нашата слобода. Но, Бог никогаш нема да укине, така што никогаш нема да престанеме да имаме власт над себе, да бираме помеѓу гревот и светоста. А тој избор можеме да го направиме во секој миг од нашиот живот. Односно, со нашето мечтаење, со нашите помисли, желби или преку нашиот вид ние можеме повторно да се вратиме во идолопоклоничка состојба, и да ги поставиме, еве заради пример, парите, жената, самољубието, нарцизмот, упорноста или што и да е друго, како наше божество.
    Особено, можеме да западнеме во непослушност кон Бог, што е еднакво на идолопоклонство; т.е. толку да веруваме на своите помисли, на своите желби, особено на нашето мислење и знаење, на тој начин што тие да владеат со нас, а Бог за нас да нема духовна наслада и сила. Во овие случаи човек секогаш паѓа во демонски дејства. Демонот задобива право, влегува во луѓето и постепено неговите права стануваат неотуѓиви, а луѓето се мачат и борат до крајот на својот живот.   

 Како што веќе кажавме, покајникот го менува својот живот, создава ‹нов живот›″ кој се обновува од слава во слава, од совршенствово совршенство, од светиња во светиња″, станува нов свет, нов човек, демонското влијание постепено се повлекува, Бог нè освојува и започнуваме да се искачуваме на басамаците на безгрешноста. Сега Бог нѝ помага нашите страсти, кои новата природа ги ‹изгонува›, да неможат да се пројават. Понатаму, Он во нас сè изменува,  дури и она што е најскриено во нашето битие, и тогаш стануваме едно со Него; достигаме до состојба на безгревовност, природна состојба на Божјиот човек. Кога имаме искушенија, желби, кога се враќаме на стариот човек, тоа значи дека во нас живее уште она што е неприродно.

  

 Кога ја задобиваме природната состојба, можеме да кажеме дека и во нашето тело и во нашата душа, а и тоа како јадеме и тоа како постиме и како спиеме и стануваме или бдееме-сè во слава Божја чиниме. Тогаш се исполнува молитвата Оче наш: «Да се свети Името Твое». Нè обзема благодатта Божја која засекогаш нè осветува и нѝ прнесува небесни доживувања. Тогаш стануваме странци  на земјата, «чудна глетка и чуден звук». Бог ги спушта небесата и не враќа во првобитната состојба на праведност. Ова чудо сепак не е чудо, тоа е природа и дело на Црквата. Ако Црквата сето тоа не може да го направи од нас, тогаш значи дека тоа не го прима нашето срце, бидејќи сме навикнати на други нешта.
    

Од оваа состојба на бестрастие човекот може повторно да се врати и тоа засекогаш, во страстна состојба. Веќе наведовме неколку примери. Сега ќе се задржиме на јадењето, бидејќи тоа е доста вообичаен проблем, а истовремено тоа претставува и лизгав терен на кој секој може да падне. Човекот тежнее да јаде јадења кои го задоволуваат неговото грло и стомакот. Стомакоугодувањето, задоволувањето на стомакот, повеќе се однесува на прејадувањето, но има врска и со добрата исхрана, односно кога јадам јадења кои гојат и кои пружаат задоволство, кои изискуваат умешност и трошок. Така се обновуваат нашите претходни гревови. Затоа нашата Црква придава толку големо значење на воздржувањето од јадење и настојува на зедничка трпеза. Поинаку на бидува христијански живот. Сега можеме да разбереме зошто се смета дека постот е сеќавање на Бога, трагање по Него и Негово исчекување. Постот означува исчекување на Духот Свет, вера и наш двиг кон Бог и Неговото Царство. Да не го забораваме тоа.  

 Кога имаме можност да бираме колку јадење сакаме, оправдувајќи се дека не знаеме колку и што треба да јадеме, ние со тоа избираме, тоа најдоброто, т.е. иконата Божја, тоа создание кое Бог го створил, да го измениме во демонски лик; живееме болно, а мсилиме дека живееме со духовен живот. Свесно запаѓаме во стари гревови. После тоа, единствена можност да се спасиме е преку мачење или покајание во последниот миг од животот. Но, никој не зне дали ќе му биде даден последен час од животот. Ќе излезеш од Света Гора, ќе се качиш на брод, а времето прекрасно. Но, се случува нешто, бродот се превртува и ти си изгубен. Нема последен час за тебе. Тоа исто се случува и со болеста. Човекот е склон да го сака животот-всушност тоа е љубов кон смртта, односно човекот не верува дека ќе умре. Зошто? Затоа што не живее со духовен живот. Кој живее со духовен живот, тој ја сака смртта. Кој живее грешно, тој ја мрази смртта и сака да ја сопре. И таа да дојде, тој не би поверувал дека ќе умре и затоа за него не постои последен час.

 

Извор:    http://vidovdan.org/2017/03/02/svet-covek-normalan-covek/

подготви: М. Б.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 137
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 322
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 195
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »