Гледам некои млади мајки по пат, кои возат, со детето зад нив, трчаат да го префрлат од еден курс на друг. И гледаш, на лицето имаат страв – а децата, уште поисплашени. Мајката со нетрпение го чека да излезе, и штом заврши едниот курс, го зема, го става во автомобил, па го носи на пливање, оттаму – на пијано, од пијано – на кларинет, на германски, па на – психијатар. Знаете ли колку проблеми се раѓаат така? Односно, тоа се болни родители – детето да направи сè, да научи сè, постојано да носи петки, да е одличен, никако да не доживее неуспех.

Не ги учиме децата дека во животот постои и неуспех. И многу пати, неуспехот е убав, односно има и добра страна. Тој е корисен, му помага да човекот што не успева, станува помек, подобар. Не е добро да се биде без никаков неуспех. Зошто? Тогаш човекот е неискусен, без опит. Таквиот човек е како недопечено тесто, кое, можеби, изгледа убаво, но не е допечено. Човекот се „пече“ преку искушенијата.

Ако не се научите да паднете на некој тест, тогаш што ќе стане со вас во иднина? И кога мајката ќе го фати нејзиното десетгодишно детенце за гуша, затоа што не донело… што ставаат сега, на децата им цртаат некакви ѕвездички, сонциња или насмеани човечиња? Едно, две? Аха, на крај се бројат ѕвездичките. Полудуваат децата за овие ѕвездички, ги бројат, и на крај, и умот им станува како ѕвездичка…

Митрополит Атанасиј Лимасолски од беседата За трпението и смирението во бракот

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/neuspehot-kako-uspeh/ .

Септември, лето Господово 2016