логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Сето ова што ќе го прочитате можеби ќе ви звучи чудно, но чувствувам голема потреба да го напишам и да го споделам. Не го сметам за важно да го кажам моето име, туку мојот живот. Имам 30 години и живеам во Скопје. Роден сум во прекрасно семејство, каде се живееше во љубов и хармонија и, иако ја загубив мајка ми на 12 години, во животот ми беше давана огромна љубов од мојот татко, баба ми и постарите брат и сестра. Сите тие луѓе беспрекорно се грижеа за мене. Секој пат ми даваа нови шанси, а јас ги повторував истите грешки. Направив многу повеќе грешки одошто сите мислат, а најтрагично е тоа што некои од нив не сум ни ги гледал како такви, сè додека не дојдов во Бигорски.  

Во манастирот сум пола година и имав доволно време да размислам и да ги согледам сите пропусти во животот. Седејќи тука, заклучив дека најголема пропуст ми беше тоа што Го исфрлив Бог од мојот живот. Можеби ќе ви делува како да сум се мрднал од умот, но сè ова што го кажувам се вистинити настани од мојот живот. Уште од дете копнеев да бидам посебен и поразличен, па се обидував тоа да го направам на најразлични начини. Од Запад, по сите медиуми се пласираше тој развратен живот, за кој дури сега сфаќам дека е погрешен; на еден начин како гревот да беше легализиран. Се рекламираше: секс, дрога, алкохол, цигари, бунтовност, некоја глупава филозофија: „живеј брзо, умри млад“, а мене сето тоа бескрајно ме привлекуваше и ми делуваше сосема „кул“. Како растев, сè повеќе и повеќе се фасцинирав од тој начин на живот и го прифатив многу лесно, мислејќи дека тоа е вистинскиот начин да се ужива во животот. Времето минуваше, а некако работите почнаа и да не бидат толку сјајни како на почетокот. Сè повеќе ги снемуваше забавните моменти, а јас сè повеќе станував роб на страста кон дрогата. Започнав сè друго да ставам во втор план, дури и работите што најмногу ги сакав. Почнав да ја губам чувствителноста што ја имав како дете, станував егоистичен, рамнодушен, себичен, и мислев дека сите тие особини ми се доблест. На моменти ќе се замислев, ќе ми паднеше тешко и ќе се запрашав: „Што правиш, човече? Гледаш дека ја изгуби контролата над животот!“ Но, тоа беше кратко. Дрогата царуваше над мојот живот. Многупати собирав сила да ја победам зависноста, некојпат заради себе, а многу пати заради најблиските, бидејќи очигледно беше нивното страдање. Делумно ќе ја победев, ќе застанев на нозе, ќе положев некој испит, ќе фатев девојка, ќе отпатував некаде, и повторно, полека, полека, без да забележам, ќе потонев подлабоко одошто претходно сум бил. Од втората половина на 2015 и почетокот на 2016 година чувствував огромна внатрешна празнина и некое тапо чувство во градите, кое никако не исчезнуваше. Едноставно ништо повеќе не ме правеше среќен. Сето тоа делумно го пригушував со дрога и алкохол и секојпат кога ќе ми се укажеше шанса – со девојки.

 Пресврт во мојот живот се случи кога на мојот татко му ја украдов кредитната картичка, со мисла дека ќе земам пари само еднаш за да купам дрога, а додека тој забележи – јас да ги вратам. Малку по малку, влегов во една безизлезна ситуација и, размислувајќи што да правам, се решив да ги избегнам сите тие расправии дома, доаѓајќи во единственото место каде што никој не би ме осудил и би ме примиле таков како што бев. Тоа место беше Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“. Без да знам нешто за ова место, дојдов во хаотична душевна состојба и без некоја голема надеж дека ќе се променам. Проблемот со пороците беше ништо, во споредба со мојата лоша психичка состојба. Само што дојдов, видов дека нема ништо од сето она во кое јас уживав. Сепак, се појавуваше некоја мала надеж во мене, која потајно ми кажуваше дека ќе успеам. Можеби беше себично од моја страна, но решив сосема да заборавам на целиот тој хаос што го имав оставено зад себе и да почнам да работам на себеси. На почеток имав одбивност кон Христијанството; и покрај тоа што татко ми цел живот ме убедуваше во спротивното, јас сепак го гледав како нешто за прости и неедуцирани луѓе. Како одминуваа првите денови, почнав да го чувствувам мирот што владееше насекаде во манастирот, а и кај монасите започнав да забележувам некои работи. Имаа толку многу љубов и разбирање, што ги немав сретнато на ниедно место каде што сум бил. Почнав да се запрашувам што е тоа што ги држи одвоени од целиот свет. Тоа беа најразлични луѓе, со најразлични карактери, но сите имаа ист сјај во очите, низ кои како да се гледаше чистота на нивната душа. Беа вистинска мистерија за мене. Како почнаа Великите Пости со тримирот (тридневно целосно воздржание од јадење и пиење), иако бев сè уште во апстиненцијални кризи, решив да бидам храбар и да правам сè што прават монасите. Не беше воопшто лесно, и покрај тоа што давав сè од себе. Не можев да постигнам ни половина од тоа што тие го правеа. Таков ентузијазам немав видено. Со многу тешкотии го издржав тримирот, а потоа отидов и на првата исповед, каде за прв пат разговарав со о. Партениј, човек кој е одговорен за целиот Бигорски Манастир, Манастирот во Рајчица, а, се разбира, и за сите нас што имаме проблеми со зависности. Тој е човек со неизмерна љубов, на која никој не останува рамнодушен, дури и луѓе од друга вероисповед. Тој е толку трпелив и верен, и секојпат кога ни беше тешко, нè охрабруваше со мудри поуки. Нашите таги беа и негови таги, но тој никој пат не очајуваше. Во неговиот глас секогаш имаше нова надеж. На првата исповед, покрај тоа што му ги кажав сите проблеми што ги имав, му кажав и дека не верувам во Бога. А тој со потполно смирение ме праша: „Зошто, дете мое?“ Јас на тоа одговорив: „Од толку многу религии, од каде да знам која е вистинската?“ Се замисли и ми одговори кратко, без никаков сомнеж: „Седи тука, биди послушен и Бог ќе ти се покаже“. 

И покрај тоа што ми го кажа, немав некои очекувања. Сè уште бев скептик во однос на постоењето на Бога. Сакав да отседам краток период и да си одам; не ми ни падна на ум дека ќе останам половина година. Беше тешко, се трудев да одам на послушание, да бидам редовен на богослужбите... И неочекувано, скоро кога ја изгубив и најмалата трошка надеж за суштествувањето на Бог, на една од богослужбите почувствував нешто што не може да се опише со зборови. Чувство кое како да не беше од овој свет. Чувство кое со ниедна дрога го немав осетено. Некоја радосна тага, која ме успокојуваше и ми даваше надеж дека сите работи ќе се средат. Траеше неколку секунди, а потоа, целиот замислен и возбуден, со нетрпение го чекав моментот кога ќе го видам Отецот и ќе му го кажам моето доживување. Дојде и тој миг и целиот сè уште под импресии пробав да ја опишам состојбата во која бев. А Отецот ми кажа: „Сега, чедо мое, кога Бог го допре твоето срце, немој да Го изневериш. Остани до крај, и да бидеш пример и да им помогнеш и на други деца да се спасат“. Искрено, после тој настан бев целиот збунет и зачуден и си велев во себе: „Човече, Бог постои!“ Цело време мислев на Бога, но во својата глава не можев да создадам никаква слика за Него. Впрочем, како некој и би можел да создаде слика за Тоа предвечно и несфатливо Битие!? Седејќи и размислувајќи така, сфатив дека после 30 години срцето мое го најде она што го бараше, и тоа во Божјиот дом. Како минуваше времето, желбата за дрога исчезнуваше, а јас не само што поверував, туку почнав и да го чувствувам делувањето на Бога. За секој мој труд бев награден, а за секој пропуст – опоменат. Времето изминуваше и полека се приближуваше најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден. Во манастирот владееше прекрасна атмосфера и покрај тоа што имаше многу работа. Очигледна беше неизмерната радост кај сите. Богослужбите на Страсната Седмица, Неделата на Христовите Страдања, беа чудесни и само ја потврдуваа мојата вера. Како изминуваше Страсната Седмица, дојде и вечерта пред Велигден, а јас уживав во сцената, која беше полна со живост и во која огромен број на луѓе од сите возрасти, одеа заедно кон Божјиот дом. Се замислив и си реков: „Светот би бил многу посреќно место за живеење, кога сите ние, во текот на целиот свој живот, би го задржале духот што го имаше на Велигден“. Дојде полноќ, и сите, без разлика дали се познаваат или не, едни на други си кажуваа: „Христос Воскресе!“ Во тие мигови навистина верував дека сум на вистинскиот пат, дека ќе бидам исцелен и сета болка ќе исчезне.  После половина година помината во манастир, со Божја помош и по молитвите на мојот духовен отец Партениј, подготвен сум да продолжам со животот, да се борам да бидам добар Христијанин, а со тоа и добар син, брат, внук, другар... Подготвен да се носам со сите последици и да стојам на располагање на луѓето што најмногу ги повредив до крајот на животот. И најважното што го научив во овие шест месеци - тоа дека сите ние луѓето сме толку несовршени и дека без Бога ништо не можеме. Иако многумина од нас го негираат Неговото постоење, Он е насекаде, и чека од нас да ја отфрлиме гордоста, да се покаеме, и да признаеме дека сме немоќни без Него. Да сфатиме дека за секој успех ни помогнал, а секој наш пад е само последица од тоа што самите ние, со нашата слободна волја, која Бог ни ја дал, сме се оддалечиле од Него. Мора да се трудиме да живееме правилно и да се надеваме на Бога. Така секогаш ќе бидеме посреќни, зашто сè е минливо, а само БОГ Е ВЕЧЕН!

01 септември 2016 лето Господово,

Бигорски Манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная