логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


✤✣✤

Меланхолијата

(ΙI дел)

✤✣✤

Прекрасно е да имаш луѓе што ги сакаш, не велам да немаш. И не ја потценувам болката од разделбата, што те доведе до депресија, но не би требало да чувствуваш таква потреба од било кого, што без него да го губиш разумот. Биди со него, радувај му се, насладувај му се, но биди подготвена, доколку го изгубиш, да ја знаеш тајната што ќе ти ја донесе радоста која си ја имала кога тој човек бил покрај тебе.

Во секој миг треба да си во состојба да кажеш:

„Се радувам што те имам. Среќна сум во твојата близина, црпам убави нешта од тебе, но да знаеш дека и без тебе нема да се срушам. И без тебе ќе издржам. Сум открила во себе едно копче и кога ќе го притиснам ја оживувам надежта, своето достоинство, љубовта кон Бога и се чувствувам добро. Тој не ме сака повеќе, ме напушти, ме предаде. Ама Бог ме сака, се чувствувам добро и копнеам, се молам и си замислувам убава и силна иднина. Не е крај на сѐ, ќе го надминам ова.“

Тешко е, зашто чувствуваш голема болка. Болно е, зашто поради тоа отцепување од другиот крвариш. Слично се случува и кога на пример ќе те отпуштат од работа. Тогаш имаш не само финансиска зависност, туку и својата вредност си ја црпел од таму. Кога ќе те отпуштат, си велиш:

„Сега не вредам. Не сум полезен повеќе.“

А како тоа не вредиш. Зарем вредеше само затоа што беше таму? Секако вредиш, само бидејќи си се прилепил и си се сродил со работата, велиш:

„Јас и ти едно сме. За мене работата е сѐ. Јас сум мојата работа.“

Не си ти твојата работа. И Бог ти дава прилика да го сфатиш тоа. Тој како да ти вели:  Ајде оддалечи ја малку работата од себе. За да можеш да ги видиш и останатите твои дарби. Ти си мислеше дека црпеш сили само од таму, но јас ти велам дека така само се потценуваше себеси. Сега си уште повеќе ценето, дете Мое!“

Затоа на почетокот зборував за подвижниците, кои немаат ништо. Дури и да им го земат тоа што го имаат, тие пак велат:

„Земи го! Не сум поврзан со тоа толку, што да црпам од него неопислива радост. Имам нешто убаво во собата, едно убаво пенкало за пишување. Земи го!“

Можеби си читал за оној подвижник што трчал по крадците но не за да ги фати, туку за да им го даде она што заборавиле да го украдат. Им викал:

„Заборавивте нешто, деца! Земете го!“

Тие се трогнувале и велеле:

„Прв пат гледаме вакво нешто! Друг да беше веднаш ќе нѐ пријавеше во полиција, а овој трча по нас да ни даде и други работи!? Зошто!?“

Бидејќи тој подвижник можел да биде среќен и без тоа.

Многу е тешко тоа, разбирам. Затоа и не ти велам да ја надминеш својата депресија и меланхолија денес или утре. Потребно е време – месеци, може и години. Треба да ги усвоиш лекциите што Христос ти ги предава преку животните удари и разделбите – како кога ќе си ставиш ханзапласт на раната и потоа, одлепувајќи го, велиш: „Оф, не можам да го одлепам“, бидејќи се залепил за кожата и треба да го одлепиш, а тоа ти причинува болка. Но треба да го одлепиш.

Така е и во животот. Откако ќе се одлепиш од својот надворешен источник на радост, си велиш:

„Најпосле сфатив дека во мене постои голем источник на радост! Постои Христовата благодат, Неговата сила, присуство. Кога се причестувам и Го примам Христа во себе, кога се молам, се допирам до Него. Кога го призивам Неговото име, се обраќам кон Него. Кога ја барам Неговата благодат, Он ме покрива, ги испраќа Своите Ангели. Сето тоа се само зборови, но ќе дојде време кога ќе ги живееш тие зборови, ако посакаш да Му одговориш на Бога во својот живот, зашто може и да не Му одговориш...

Продолжува

Извор. Бигорски манастир

 

Друго:

Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (Ι дел)

 p.andreas-konanos

Друго: 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1552
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 990
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »