логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(сега, архимандрит, игумен на манастирот Гигоријат на Света Гора)

kapsanis.jpg


Во последно време многу се говори за соединување на "црквите". Во реалноста се работи за соединување на отцепените од едната, света, соборна и апостолска Црква, на инославните (неправославните) христијани. Не постојат многу цркви, за да се соединат. Само една Црква основал Богочовекот Господ Христос. Континуитетот на таа Црква претставува нашата, една, православна  католичка (од Катхолоу = полн, вистинит) Црква. Од оваа една, католичка Црква, дефинитивно се отцепи Рим во 1054. година поради одбивањето на православните да се потчинат на неговите неканонски побарувања за првенство на власт во целата Црква, како и поради други заблуди. Поради многуте отстапки на папството, на Запад во 1517, почна борбата на протестантите (или евангелистите) против римокатолицизмот, кои ги одведе западните христијани во мноштво на поделби. Како што е познато, денес постојат многу стотици протестантски групи, посебно во САД.

Значи, вистинската Христова Црква не е разбиена за да говориме за соединување на Црквите. Напротив, таа и покрај гонењата и недостатоците на нејзините членови, продолжува да го држи истото евангелие и истата вера во Спасителот Христос, верата на Светите Апостоли и на Светите Отци. Според тоа, погрешно би било да се говори само за повторно соединување на отцепените од Православната Црква, инославните, кои свесно или несвесно се наоѓаат во заблуда или ерес.

Кој, без да се сомнева, верува дека само православната Црква е една света , соборна и апостолска според Светиот Символ на Верата, не треба да зборува за соединување на црквите, туку за враќање на инославните кон вистинската Црква. Така учи еминентниот современ теолог о.Геогије Флоровски: "За мене повторното соединување на христијаните е  токму тоа - светско ориентирање кон Православието". Но за жал, денес на оваа тема  постои голема конфузија или поради незнаење, или поради маловерие. Затоа често слушаме, дури и од званични усти,  дека помеѓу православните и инославните не постои суштинска разлика; дека едната, света, соборна и апостолска Црква се состои од сите "цркви", православни и неправославни, бидејќи наводно ниедна историска црква не може да има неповредена  вистина, и со сите сили треба да дојде до соединување со инославните, па дури и до причестување од истиот свет путир. Сето ова, и многу друго, представува сериозно отстапување од верата на светите Апостоли и Отци и претставува ерес, бидејќи го погодува темелот на нашата вера.

Нашиот православен народ, кој е чувар на Православната Вера, треба да ја знае вистината. А вистината е оваа:

1) Постојат многу сериозни разлики со инославните. Овие разлики се познати и се учат по школите. Сите тие поединечни разлики се собрани во учењето за Црквата. Кој претставува центар, одлучувачки фактор, највисок авторитет во Црквата?  Богочовекот Исус Христос или некој човек? Според нашето православно учење предводител, непогрешлива глава, критериум и извор на Вистината е Богочовекот Господ Исус Христос и Пресветиот Дух, кој се симнува не на еден човек, туку на целата Црква. Според римокатоличкото учење, највисок авторитет и непогрешлив критериум е еден човек, непогрешливиот римски папа. Без папата, наводно црквата не може да постои ниту да биде соединета. Кај протестантите повторно критериум и извор на вистината  не е римскот папа, туку секој протестант може да ја изнаоѓа вистината, или барем дел од вистината, без неопходноста на авторитет на целото тело на црквата. Значи, во двата случаја имаме една субјективност, било да се работи за римокатоличката субјективност или за протестанската. Кај римокатолиците папата е еден. Кај протестантите има онолку папи колку и протестанти.

Во длабочината (и кај едните и кај другите), го уочуваме истиот голем  грев: отстранување на Богочовекот од страна на човекот. Западните христијани, отстранувајќи го Богочовекот и поставувајќи го за центар човекот, стануваат човекоцентрични. Човекоцентризмот претставува суштина на сите ереси на Западот. Ние, напротив, остануваме во светото Богочовечко предание на Православието.

Во крајност гледано, цела оваа тема е – тема на спасението. Кој може да се спаси во таква црква чиј што центар не е Богочовекот, туку "непогрешливиот" човек?

Затоа ние, Православните, не можеме да се согласиме да се соединиме со римокатолиците или со протестантите додека и понатаму упорно остануваат во човекоцентризмот. Секое соединување со инославните, пред да се вратат на Богочовечкото предание на Православието, претставува предавство на Христос, Кој само заради тоа и се овоплоти (прими тело и душа човечка), страдаше, воскресна , се вознесе и ја основа Својата Црква, за да стане центар на нашето спасение и да го укине секој човекоцентризам, кој претставува: повторување на прародителскиот грев (гревот на Адам и Ева), егоизмот кој ја уништува вистинската заедница со Бога и со луѓето, неверувањето во Бога и отпорот на човекот безусловно да се предаде на спасителната благодат Божја.
     
2) Една друга тема, која често се истакнува во пораките на црквените луѓе и во световниот печат е, таканаречениот заеднички Путир. Велат, за да постигнеме единство треба да почнеме да се причестуваме во црквите едни кај други. Инославните во нашите цркви и ние во нивните. Но, како да се причестиме во црквите на инославните кои се во заблуда?  Заедничкиот путир претпоставува заедничка вера. Ако имаме различна вера, а взаемно се причестуваме, тоа значи дека заедничариме и во верата на инославните. Ако јас, како Православен, се причестам во еден неправославен храм, тоа значи дека и во верата заедничарам со заблудите на неправославните.

Карактеристично е дека светите канони на нашата Црква, кои сите ние треба да ги почитуваме и да ги чуваме, бидејќи се востановени од светите луѓе и Собори, забрануваат не само зеднички Путир, туку и заедничко молење со инославните, а тоа е затоа што и простото заедничко молење со инославните представува учество во верата на оној со кого се молиме, или  во најмала рака, му дава лажно чувство дека не е во заблуда, па според тоа не е потребно да се врати кон вистината.

Христос во Светите Тајни, во култот, во догмите е единствен и не можеме да се соединуваме преку тајните и преку култот кога не сме соединети и догматски (во верата). Соединувањето само низ тајните и низ култот представува еден вид шизофренија и разбивање на единството во Христа. Новиот Завет учи дека "еден е Господ, една е верата, едно е крштението".


3) На крај, треба да стане јасно дека планот на Ватикан за "соединување" на Православните со Рим се состои во обостраното развивање на добри односи, контакти, симпозиуми, заеднички молитви и заедничарење низ Светите Тајни, како и во отапување на свеста на православните, така што Православните би се навикнале да се причестуваат во римокатоличките цркви. Кога ова ќе се постигне, тогаш и ќе дојде до соединување. Бидејќи, што е всушност  соединувањето, туку токму тоа - причестувањето во црквите кај другите. Тоа е таканаречен лаички екуменизам, бидејќи наводно до соединување нема да дојде одозгора, од страна на епископите и теолозите, туку преку народот, кој психолошки ќе се припреми со сите овие средства за да не реагира и да не попречи во соединувањето одоздола.   

Планот на лаичкиот екуменизам веќе почна да се применува со успех. Многу православни, под влијание на климата на верската рамнодушност, а и под влијание на проповедта на протагонистот на лаичкиот екуменизам, велат: "Какво значење имаат догмите? Љубовта предводи! Љубовта наметнува да се соединиме,  иако постојат догматски разлики. Постојат дури и некои православни кои почнаа да се причестуваат и да се исповедаат по римокатоличките цркви...."

Христијанската љубов ни наметнува да ги сакаме нашите браќа инославни; да им го признаваме тоа што им е добро;  да се молиме и да работиме без фанатизам, како би им се открила вистината на Православието. Но до ова не смее да дојде со жртвување на вистинската вера и тоа поради некое единство, кое нема да се базира на вистината, туку на спогодбата,  дипломатијата и на било каква цел. Вољата Божја е таа, како што, тоа го изразува Светото Писмо во светото Предание: Соединување во Вистината.     

Овој момент, како и секогаш, нашата една Православна Црква го поседува вистинското Евангелие Христово и затоа и представува единствена надеж на светот. Од ова гледиште, нашиот најголем придонес за инославните и за целиот свет е да ја држиме неизменета и жива нашата Света Апостолска и Светоотечка вера.

      

Подготви: С.С.


Посети: {moshits} 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1552
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 990
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »