логоFacebookTwitterYouTubeeMail

о. Григориј Јакимов

ГЛАД

Денес, напладне, посакав да одморам. Уште пред да легнам си замислив желба: кога ќе се разбудам, барем половина од грижите да ги снема. Не знам за вас дали ќе се насмеете, ама јас го направив тоа, знаејќи си за неостварливата желба. Нормално, во себе, оти таквата реакција – да се смееш за ништо, е помалку чудна. И уште од почеток да разјаснам: моите грижи, на кои им нема крај, се банални, повеќе се секојдневни работни и семејни обврски. Значи, банални грижи што многумина со радост и повеќе од тоа би прифатиле, само да им се врати времето или да ги одмине чашата, како што се вели. Многумина би прифатиле и трипати или петпати повeќе од типот на моите грижи, само да се здрави, само за да имаат чиста и здрава облека, да можат да сркнат топла чорбичка.
Луѓе страдаат – си велам, а јас паѓам, тонам во бездната. Од ни од што во битие создадениот се враќам кон ништото. Боголикиот јас, наместо кон вподобување, образот го губам. Зарем затоа Животодавецот животот ми го подарил? Зарем затоа Словото умот ми го дал? Зарем не е животот живеење со сопнувања, паѓања, но и станувања? Зарем не е умот за преумување (покајание)? Како амнезичар се прашувам каде сум, што требаше да направам, што е тоа што во стомакот ми вие, а стивнува со корка леб.


Глад!
Тоа е зборот заборавен. Телесна и духовна глад. Се раскинуваат овие две како прегладнети кучиња за време на оброк. Телото е гладно за секоја страст, а душата за духовна храна (за Словото). Ако изеде телото повеќе, душата останува гладна, а гладот предизвикува слабеење, суши, изнемоштува, омалаксува... А ако, пак, душата изеде повеќе, тогаш за радост негова телото не останува гладно, т.е. колку повеќе јаде душата, толку повеќе останува и за телото. Но, прашањето е зошто овде постои баланс, а со хранењето на телото се предизвикува дисбаланс? Бидејќи душата сака да се храни здраво или барем тежнее кон здравата исхрана, сака да јаде од оние пет леба и две риби што Христос ги благословил, и нахранил пет илјади мажи плус жени и деца (Матеј 14, 13-21). Сака да биде нахранета со Самиот Христос. Но, зошто дозволуваме душата да гладува? Што ќе предизвика нередовната исхрана?
Кога кучињата се гладни и кога стопанот ќе им фрли парче леб, тие се раскинуваат меѓу себе, и тука јаде посилниот. А, од друга страна, сигурно знаете колку пријателски се однесува заситената мачка со глувчето пред неа, во состојба е цел ден да си игра и пак нема да го изеде. 


Ова ни фали на повеќето од нас воцрковените. Редовна исхрана, или континуиран литургиски и аскетско-исихастички живот под будното око на својот Старец. Ова е тоа што го забораваме: редовност во молитвеното правило, редовност на Литургија, редовност во исповед. Затоа сме во постојана падни-стани ситуација, затоа сме во гранично, т.е. противприродно кон природно, или природно кон противприродно живеење, зависи. Затоа, постојано сме (ако сме воопшто) во процес на чистење на срцето од страстите. Затоа сме како мрзлива домаќинка која ги остава садовите насапунети за да ја изгледа турската сапуница, а потоа уште неколкупати ќе се прекине во плакнењето за да ги провери известувањета на FB. А Апостолот Павле ни вели: Молете се непрестајно (Сол. 5, 17). Молитвата ќе ги оддалечи очајанието, безнадежноста, небрежноста и мрзливоста, зашто ќе створи нова одлучност, нова жед за нови борби (Старец Ефрем Филотејски). 


Да! – ќе рече некој. Го правам тоа честопати. Се трудам да се молам. – Тогаш остави сѐ и врви по Мене, ни вели нашиот Господ Исус Христос. Се сеќавате на приказната со богатиот младич (Матеј 19, 16-30).
Такви сме ние, барем повеќето, секоја чест и од Бог благослов за исклучоците. Со копнежот за полесен, поудобен, посреќен живот, копнежот за подобро утре на своите деца, со многубројните наши идеи и замисли за нивниот и наш по-живот и остварувањето на истите – си го направивме животот покомплициран, безвремен, каде во борбата за точно и навремено исполнување на зададените обврски, забораваме на себе и на најсветата заедница, семејството. Поради ова забораваме и да јадеме. Доручекот ни е за време на ручек, вечерата ни е кога треба да легнуваме, скоро секогаш поединечно – лош пример за децата. А молитва, читање Свето Писмо, читање житија на светии, заедничка семејна молитва, е веќе реткост или нередовност. А баба ми и дедо ми немаа многу, ама не забораваа сабота вечер кон недела да застанат кон исток со запалена свеќа во рака. Ја кажуваа само Оче наш, секој по ред неколкупати, оти само таа ја знаеја. На Литургија одеа онолкупати колку што ќе служеше свештеникот во селото. Денес имаме и повеќе, и знаеме повеќе, а се храниме нередовно. Како да не допираат доволно до нас зборовите на Апостолот, или ни изгледаат можеби застарени!? Затоа, можеби за посилно да зазвучат, светиот Старец Ефрем Филотејски вели: Молете се, ве преколнувам, според советот на Апостолот Павле: молете се непрестајно! Отците тихуватели велат, ни кажува тој, дека умот кој престанал да Го созерцува Бога, станува или животински или ѕверски. Напротив, преку молитвата, а особено со умната молитва, умот станува боголик и просветлен со Божествено озарување.  


Браќа и сестри, навистина, и едно мало дете да прашаме како му поминува денот, откога ќе ни раскаже, веднаш ќе заклучиме дека прави сѐ, но недоволно си игра. Брзиот начин на живеење ги опфати сите генерации, и по градовите и по селата. А време никако да стигне. Денот ни е премал, но време за молитва мора да има. И има!
Да размислиме само, колку нови пороци прифативме со раширени раце. Само еден пример ќе наведам, едно големо зло сите држиме во рака, и старо и младо. И секој веќе на својот смарт телефон има свој Facebook профил. И секој од нас што го користи, го користи од свои причини и потреби. Некои за добро, некои за лошо, по некои заглавуваат, па си отвораат нови рани и страдања. Но, сето ова е тема за која посебно треба да се дебатира или пишува. Но, тука не е целта. Само сакам да напоменам дека секој од нас барем петпати во денот ќе го отвори својот профил, и ќе потроши барем по пет минути на секое отворање. Ако толку време трошевме за Исусовата молитва, секој трет христијанин ќе имаше умно-срдечна молитва. А за реалната фактичка состојба помината на FB, секој од нас нека суди. Затоа, немаме многу оправдувања. Најпрво ние возрасните, а потоа и најмалите да ги научиме, секоја уста да шепоти: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната)!“ Бидејќи преку молитвата градиме нераскинлива заедница со Бог. И од неа ни зависи нашето спасение. Бидејќи молитвата е таа што нѐ приближува и соединува со Бог. А кога човекот се наоѓа во близина Божја, сосем природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор (Старец Ефрем). Оној, пак, што внимава на себе, внимава на сите околу себе, не греши и се восовршува, расте според растот Христов.


Затоа, ве преколнувам, молете се непрестајно! Молитвата е најубавата храна за душата. Не оставајте ја да гладува.

 

Извор: ПРЕМИН бр.101/102

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1221
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1767
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1180
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

« »