Архимандрит Спиридон
Христос во руските зандани

 

За едно покајание....

sobirskashuma.jpgСо тој човек се запознав во следните околности. Во една зандана од Њерчинското заточеништво  изби бунт помеѓу затворениците. Затворениците се поделија на два табора и многу свирепо се спречкаа. Бев одреден итно да одам во затворот, односно во таа зандана. Така и направив. Затворот беше опколен со војници. Затворениците, поделени на две страни, стоеја во затворскиот двор. Кога влегов во дворот и им се обратив на затворениците, дел од нив, опколувајќи ме, со внимание почнаа да ја слушаат мојата проповед. Кога видов дека ги допре тоа што го зборував, ја повикав и другата група на затвореници, која беше непријателски расположена кон првата, за да и таа група го слушне зборот Божји, и за да го прекинат непријателството помеѓу себе и да се смират. На тоа лидерот на другата група, Сахалинец, ми возврати со грозна пцовка и ми се закани со тупаница. Јас тогаш се симнав од местото од каде што проповедав, тргнав право кон него и со сите мои свештенички одејанија паднав пред неговите колена и така клечејќи пред него му реков:
                 "Сине миј мил! На колена клечам пред тебе и те молам, послушај ме, исполни ми ја мојата солзна молба, измени го својот живот, стани поинаков човек! О, кога овој час, овој миг, би те видела твојата мила мајка, дека клечам пред тебе на колена, и таа би паднала на колена, а ако е веќе умрена, таа од страшна тага за твојата душа би се превртела неколку пати во гробот!"
             Измолувајки го така затвореникот јас ја постигнав својата цел; тој ме дигна од колена, па ние двајца, следени од многумина кои стоеја крај него, тргнавме кон местото од кое на сите почнав да им проповедам. После проповедта, истиот тој затвореник самиот ми даде тврд затворенички збор дека веќе нема да биде лидер ниту во еден бунт.
   После се, истата вечер, бидејќи го направивме опелото за неколку затвореници, почнавме со сеноќна богослужба. За време на служењето уште два пати проповедав. По завршетокот на богослужбата затворениците посакаа да се исповедат и другиот ден да се причестат со Светите Тајни. И овој заточеник посака исто.  Следниот ден во девет часот наутро влегов во црква кога, види, го сретнав токму Сахалинецот. Здогледувајќи ме, ми пријде и ми шепна: "Бачушка, јас не можам да се исповедам и да се причестам, се срамам пред затворениците". " Роден мој, послушај ме денес како што ме послуша вчера. Зошто го менуваш Христос за лажниот страв?  Послушај ме, радост моја, исповедај се и причести се". Истиот час го поведов во олтарот и таму го исповедав. Неговата исповед навистина беше потресна!
     Треба да се каже и тоа дека тој затвореник стекнал високо образование и дека во затвор дошол потполно невин. После три месеци излегол од таму толку осуровен што за него веќе ништо не било свето. Порано бил пратен на Сахалин поради убиство. После некое време побегнал од таму. Седум или осум пати бегал од затвор, и сите тие бегства биле залиени со човечка крв. Не штедел ни стари ни млади. Во многу затвори бил "Иван Грозни", т.е.затворски цар. На него беспоговорно му се потчинувале сите затвореници во тие затвори во кои бил на робија. На Сахалин со свои раце задавил многу затвореници како муви. Сите затвореници му се плашеле и го почитувале како свој неограничен владетел. Во еден сахалински затвор изрекол смртна пресуда на шестмина затвореници, и тие во точно одредениот час си извршиле самоубиство. Кога , после него, во општата исповед исповедав уште неколку затвореници( кои предходната ноќ не се јавија за исповед, а кои ги познавав од порано од многубројните исповеди) почнав да служам Света  Литургија. После читањето на Св. Евангелие одржав беседа за сепростувачката  љубов Христова кон оние грешни кои се кајат. После причестувањето, кога излегов со чашата Господова, на дверите одржав десетминутна проповед. Почнав да ги причестувам затворениците. На ред дојде и оној Сахалинецот. Тој ја отвори устата и кога му ја ставив лажичката со светите дарови во неа, тој наеднаш се занесе, очите му се исполнија со солзи, и во истиот час почна да се тресе. Само што се оддалечи од Чашата Христова и погледна кон иконата на Спасителот, тој ги подигна во воздух своите џиновски раце и громогласно, сите да чујат, извика: " Христе! Христе! Зар мене ми прости? О, Боже! Зар мене, на таков страшен убиец и разбојник ми прости? Па јас сум како грчки сунгер целиот натопен со човечка крв; јас околу стотина невини души сум убил. Колку пати пустошев цркви! О, Господе! И Ти на мене ми прости?! О, милосрден Господи! Јас ја силував својата мајка, сестра, деца, се предавав на скотолоштво! О, кој може да се спореди со мене по гревовноста - и Ти, Господи, Ти ми прости?! Слушаш ли , Господи, па јас цел живот хулев на Тебе, Те проколнував, а Ти Христе,мене баш се ми прости? О, колкава е Твојата љубов кон мене, Господи! Јас нема да можам да ја поднесам, нема да го преживеам денешниов ден, ќе умрам, таа ќе ме убие!"
   При ваква незбидната сцена јас неможев понатаму да причестувам, влегов во олтарот и таму, се наслонив на светата Трпеза, и горко заплакав. Заточениците така почнаа да ридаат и да липаат, што ми се чинеше дека целиот храм се претвара во неподнослив јаук кој го кинеше сечие срце. Таму стоеја и некои богомолци и неколку од нив паднаа во занес.
   Службата заврши и јас слушнав во дворот на затворот некаква чудна разбрануваност. Кога се приближив до прозорот имав што да видам. Оној сахалинецот на колена ползеше пред другите затвореници, молејки ги да му простат се што направил. А околу него се собра толку мноштво затвореници, што целиот двор изгледаше како некоја густа жива маса на луѓе, кои како ластовици околу своето гнездо, се стискаа околу овој осуденик.
 Едни го бакнуваа, други пак, и самите заразени од неговото покајание, се каеја за своите гревови и го преколнуваа својот престапнички живот, а некои пак, ги подигаа очите кон небесата, молејќи го Бога да им ги прости гревовите.
 Додека ручав кај началникот на затворот, овој затвореник се јави кај началникот и го замоли извесно време да помине во самица. Овој заточеник ми пишуваше многу писма, а во последното ми напиша дека штом ќе ја издржи казната, ќе отиде во Валаамскиот манастир.

 ruski.zatvor.jpg

Saint Petersburg Kresty Prison

ruski.zatvor1.jpg

Подготви: С.С.

 

Посети:{moshits}