логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

(Обновено)

 o.metodij.jpg
Светоста на светот
30/11/2013      за човекот, светскиот дух и злото

Успение на Пресвета Богородица, детаљ.

Постмодерниот омјаз на секуларизмот од крајот на вториот милениум со таков апсолутизам се промовира како Spiritus Mundi, што остава впечаток дека древниот ѕвер – дуализмот е веќе мртов и светот полека влегува во новиот еон со еден ум и една дипотрија. Идејата за лажното единство се мултиплицира на сите нивоа во животот на глобалната политеиа. Но секуларизмот е чедо на старата блудница која го опиваше умот на манихејците, богумилите и нивните браќа по прелест.

Не помалку фатално и денес човештвото вегетира во гностичката нарколепсија со која дуализмот со своите не седум, туку седумдесет пати по седум носорошки кожи ја блокира острината на духовниот осет на човештвото. Turning and turning in the widening gyre, the falcon cannot hear the falconer; things fall apart; the centre cannot hold… (The Second Coming). Овие стихови на Јејтс се манифест на постмодерниот секуларизам. Според овој светоглед светот, материјалниот свет според својата природа е зло. Нужно зло со кое човекот треба да се измири. Зло со кое човекот треба да склучи сојуз (или завет). Затоа се чини дека сè е допуштено и сè е на полза. Полуизгорените човечки тела кои во гро-план ни ги сервираат информативните телевизиски програми. Сите употребливи механизми за анестезија на совеста од токсикоманијата до фанатичниот активизам на љубителите на планетата и животинските видови. Секуларизмот ги јаде сопствените деца.

Духовниот свет, од друга страна, е добар. Анемично добар. Апстрактно добар. Тој во очите на современите гностици е аморфна мешавина од полусфатливи (најчесто двосмислени) низи од егзотични метафори, позајмени од делекоисточните пагански религии, и бизарната еуропејска љубопитност за сето она што може да се сведе или доведе до апсурд. Заблуди толку примамливи за згоениот епикурејски дух на Западот.

Злото е ‘рбетот на нашево постхристијанско раздобје. Тоа е шлагвортот на свкпното философско становиште на денешниов секуларизам. The Falcon cannot hear the Falconer.

Но дали природата на светот, на светот видлив и на светот невидлив има некаков заеднички именител со злото? Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло. Природата на светот е светоста. Светот е свет зашто е свет неговиот Создател. Тој посведочи дека сè што е создадено е навистина мошне добро (1Мој. 1,31): и философијата, бидејќи таа ја облагородува и осмислува жедта кон вистинољубието; и науката, бидејќи таа го прави човекот блескав сотрудник Божји; и уметноста, бидејќи the quality of art is that it makes people who are otherwise always looking outward, turn inward (David Sylvian).

Затоа да застанеме смерно, да стоиме со архангелско благоговение во доброто и да внимаваме, зашто човекот и светот немаат залог во небитието на злото.
Успение на Пресвета Богородица, детаљ.

Успение на Пресвета Богородица, детаљ.
Успение на Пресвета Богородица, детаљ.

Што ни открива во оваа смисла етосот на светоста? Како православната христијанска антропологија ги апсолвира овие вистини за човекот и светот како Божјо создание?

На човекот му е својствено да Му се уподобува на Бога и да се искачува по лествицата на совршената доброетел. Бог имено затоа и стана човек, – според зборовите на свети Атанасиј Александриски, – за човекот да стане Бог по благодат. Овој потенцијал на обожување е вроден дар. На тој начин Бог му ја даде можноста на секој човек да биде свет, т.е. да стане свет по мерата на усличнувањето, на сличноста со својот Создател, како што детето наликува на својот родител. Таа сличност, односно блискост не може да биде формална (механичка).

Свети Григориј Ниски во таа смисла употребува една мошне луцидна споредба. Тој вели: “Како што железото ставено во оган ги прима својствата на огнот кој има посилна природа, така и човекот кој е во блискост со Бога (кој се причестува со Бога, што значи учествува во единството со Бога) ги прима својствата на светоста Божја”. Токму затоа, на светиите, на светите луѓе им доликува почитта што ја имаат во Црквата, бидејќи тие се оствариле себе си како икони Божји. Според православната теологија на иконата, пак, почитта која ја упатуваме кон ликот – светителот, се однесува на прволикот – на Бога.

Ние православните ги почитуваме и им се молиме на нашите светии како на пријатели и сотрудници Божји, кои со својата совршена љубов имаат смелост и слобода пред Бога да се застапуваат за нас. Тие не се богови во паганска смисла, ниту самите од себе имаат сила да чудотворат како некакви живи кумири. Тие се во Бога вечно живи личности кои со својата љубов Му се уподобиле на Бога, низ делотворната грижата во Домостројот на спасението. И токму таа саможртвена љубов е клучниот белег на човечката светост.

Во својата проповед по повод канонизацијата на свети Јован Шангајски, отец Дејвид Мозер, им се обратил на присутните со следните зборови: “Зошто светата Црква го прославува свети Јован? Заради неговите чуда? Не! Заради неговите подвизи и исцелувања? Не! Заради неговото испосништво и бдеење? Не! Ние го прославуваме затоа што тој навистина Го љуби Бога. А сите негови подвизи и сите негови дела биле плод на таа љубов, зашто без неа сè друго не би имало значење”.

Бог стана Човек не за да ја корегира човечката природа, туку да ја афирмира нејзината беспрекорност како богоизворно совршена. Она што падот и гревот низ историските еони го разнебитија во човекот, преку Синот Божји се обновува и враќа во првобитната убавина. Оној што е Господ и Христос, вистински Бог од вистинскиот Бог, зеде образ на слуга, станувајќи, како што вели свети Василиј Велики, сообразен на телото на нашето смирение, за да нè направи сообразни на образот на Својата слава. И имено светиите се тие образи (икони) на славата Божја. А етосот на сообразувањето со таа слава е патот на осветувањето, патот на благодатното обожување на човекот. Во тоа се покажува совршениот динамис на Бога како креативно Битие. Затоа и ние секојдневно се молиме таа волја да биде наш пат, наша стварност: Нека биде волјата Твоја…!

Нашето личното преображение тогаш е микрокосмичка епифанија на светоста Божја во човекот. Оттаму произлегува и обичајот во Црквата од апостолско време верниците меѓусебно да се нарекуваат светии. Секој човек од мајка роден, приведен е во постоење имено за да биде светител. Човечката природа е светителска природа и тоа е врвната инстанца на православната христијанска теантропологија.

Затоа секогаш и во сите времиња има и ќе има светии. Дали ние знаеме за нив или незнаеме, дали Бог ѝ ги открива на Црквата заради духовна полза на нејзините членови или не, тоа е друго прашање. Бог единствен го знае срцето на секој човек и ја гледа невестинската белина на неговата светост.

Митрополит Американско- канадски г. Методиј Златанов
„Вавилон и Ерусалим“

Извор: Агапи

 http://agapi.mk/svetosta-na-svetot/

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 259
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 758
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »