Канонизирани светители во 2013 година

01Во јануари 2013 г. Украинската Православна Црква ги канонизира свештеномачениците Адриан Вожаков (+1937) и Димитриј Сурмели (+1937). Протоереј Димитриј Сурмели, по потекло грк, е стрелан поради тоа што „под маската на религиозната дејност, извршувал контрареволуционерна агитација“. А протоереј Адриан Вожаков е убиен поради тоа што продолжил да служи Света Литургија и да крштева деца во својот дом, откако бил затворен неговиот храм од страна на болшевиците. Нивниот спомен ќе се слави на денот на нивната прослава – 5-ти јануари.
___20120211_1418071998Во февруари 2013 г. Руската Православна Црква го канонизира преподобен Далмат Исетски (1594-1697). Преподобен Далмат живеел во тешки години на несреќи и сиромаштија. Два пати пред негови очи неговиот манастир бил разрушуван до темел и потоа два пати повторно изграден, а самиот тој бил неколку пати блиску до смртта. До крајот на својот живот останал прост монах, и покрај тоа што бил основач на манастир. Неговиот спомен ќе се чествува на 25 јуни / 8 јули и 24 јуни / 6 август.
petar-petrovic-njegosВо месец мај 2013 г. Црногорско-приморската митрополија на Српската Православна Црква, во манастирот Цетиње, го канонизира митрополит Петар II Његош (1813-1851). Митрополит Петар од својата 17 годишна возраст е истовремено световен управител на Црна Гора (1830-1851) и Црногорски митрополит. Автор е на многу поеми и стихотворби и од многумина е сметан за највидниот претставник на српската литература. Неговото црковно почитување е одредено на 19-ти мај.
89ec16f96ccf7e1c4afecf6192d18830На 11 јули 2013 г. Константинополската Вселенска Патријаршија со синодско решение кон ликот на новомачениците ги причесли и последниот император на Трапезундската империја – Давид Велики Комнин и неговите три деца Василиј, Георгиј и Мануил, и неговиот внук и наследник на тронот – Алексеј, кои маченички пострадаа во Константинопол на 1 ноември 1463 г. Канонизацијата е поврзана со 550 години од нивната маченичка смрт, како и со 560 годишнината од паѓањето на Константинопол (1453 г.) под османлиска власт.
Gerondas_Porfurios_eikona1Во месец ноември 2013 г. Вселенската Патријаршија го канонизира старец Порфириј Кавсокаливит, еден од најпочитуваните современи аскети во православниот свет. Бог го прослави со дарот на чудотворството и прозорливоста уште пред неговата смрт. Неговиот спомен се слави на 2-ри декември.
Извор: Кои светци канонизира Православната църква през 2013 г.

Извор: Маран Ата