Тајно скриениот старец-Бугарин
(починал 1868 год.)

 

atonski.strci.jpgЕден руски пустиник, схимонах Макариј, кој живеел во пештера на Керасија, а починал 1888 г. го раскажал следното:
 Схимонахот Арсениј, шумар од големата лавра, пред да се замонаши 18 години бил капетан на сердарите (христијанска стража на Света Гора) и неколку години овчар. Ги познавал сите патеки во Светогорската шума, па затоа му дале послушание како шумар. Отец Арсениј секогаш го извршувал она што го барала од него управата на Лаврата. За време на извршувањето на должноста чувар тој дознал за пустиник кој живеел сокриен и за него случајно спомнал отец Макариј. Еве како било тоа: Пред Велигден 1861 год. кај о. Макариј дошол о. Арсениј и го запрашал дали нешто подготвил за Велигден? И кога овој му објаснил дека нема ништо, о. Арсениј му рекол дека тие денови доаѓа брод од соседниот остров од архипелагот натоварен со масло, сирење, јајца и други продукти, па го советувал да се симне до Лаврата и да се снабди со продуктите. А кога о. Макариј рекол дека нема пари, Арсениј му ветил дека самиот ќе плати: со еден збор го натерал о. Макариј да тргне со него. По патот о. Макариј почнал да го распрашува Арсениј бидејќи бил шумар и овчар дали познава некој пустиник кој живее во тајност-сокриен. Арсениј молчел. Не сакал да ја открие тајната, но исто така и не сакал да го ожалости старецот. Тогаш Арсениј рекол: „Ако гревот на клетвата го презедеш врз себе, тогаш ќе ти кажам”. А овој му ветил велејќи дека кога ќе го види сокриениот старец, најнапред ќе му каже дека Макариј е крив.


 Кога од молдавскиот скит се спуштиле кон Лаврата, шумарот на половина пат свртел десно носејќи го преку непроодни места, објаснувајќи му  каде живее старецот и како ќе го најде. Но, тој се сомневал дека Макариј ќе може да се спушти во провалијата во која живеел старецот. Така разговарајќи си тие пристигнале до провалијата: од трите страни се спуштале карпи надолу како во гроб, а за симнување било многу тешко. Арсениј рекол: „Ете, ако можеш да се спуштиш тогаш тргни. Кога ќе стигнеш до самиот раб погледни под карпата и таму ќе го најдеш неговото живеалиште”. Макариј започнал да се спушта. Подоцна тој кажувал дека колку и да е тешко да се качуваш по скалите на врвот на Атос, неспоредливо е полесно од оваа симнување.


Во почетокот му пречеле кондурите па ги фрлил долу; потоа и мантијата бидејќи му пречела да се симнува. Откако се симнал долу си ги зел работите што ги фрлил. Застанувајќи на рамното место погледнал наоколу и ја здогледал колибата на старецот. Покрај неа имало три дрва маслинки и една смоква. Приближувајќи се го здогледал старецот кој седел пред колибата. Кога старецот забележал човек, се прекрстил, плукнал и веднаш влегол во колибата и се затворил.


 Макариј од о. Арсениј слушнал дека пустиникот освен грчки, бугарски и руски, знае и турски и француски. Макариј дошол до ќелијата, кажал молитва и почнал да тропа на вратата. Пустиникот долго време не одговарал. Макариј гледајќи дека овој го мислел дека е демон, започнал да го уверува дека е монах и христијанин.


 atonski.strci1.jpg- „А што ти е потребно?” Го запрашал пустиникот на чист руски јазик.
 - „Дојдов да те видам.”
 - „Кој те донесол овде, Бог или демонот?”
 - „Бог” одговорил Макариј.
 - „Од каде знаеш дека е Бог? Можеби е ѓаволот”!
 - „Бог”, убедено одговорил Макариј.
Пустиникот и понатаму го молел да си замине бидејќи нема што да прави таму.
 Единствено што Макариј одговорил е дека најпрво би умрел покрај неговата келија, но да замине нема. Тој со себе ништо не зел - ниту облека ниту леб.
 - „Колку неодговорен човек си, јас се уште не сум сретнал такви”, продолжил пустиникот.
 А Макариј и понатаму го молел да  му отвори.
 - „О, знам кој ти рекол”, проговорил пустиникот, „тој човек е расипан!”
 - „Старче не е негова вина, јас сум виновен!”
 - „Оди си оттука, те молам, оди си”
 - „Нема да одам, ќе седам покрај твојата врата до Велигден и овде ќе умрам. Нема да одам додека не те видам!”
 - „Кажи ја „Богородице ...”, рекол пустиникот. Кога Макариј ја кажал молитвата, старецот ја отворил вратата. - „Што сакаш од мене?”
 - „Благослови оче”, рекол Макариј и паднал пред нозете на старецот.
 - „Бог да благослови”, одговорил старецот и седнал на прагот, повикувајќи го и Макариј да седне. Околу еден час поминале во молчење, па старецот станал и рекол: - „Сега оди си од каде си дошол!”
 - „Оче, ако може сакам од тебе да чујам некој збор за моја корист”
 Гледајќи ја простодушноста на Макариј, старецот го запрашал: „Каде живееш? Кој ти е духовник?”
 -„Живеам во пештера на Керасија, а духовник ми е отец Нифонт Капсокаливијсќи”.
 -„А кое е твоето ракоделие?”
 - „Правам лажици”.
 - „Какви”?
 - „Обични и со благослов” (со изрезбана рака која благословува).”
 - „Ете, ако сакаш да ме послушаш, тогаш немој повеќе да правиш лажици со „благослов”.
 - „А зошто? Таквите лажици во Русик и Сарај повеќе ги купуваат”.
 - „Нека ги купуваат нив, но ти немој да ги правиш!”
 - „Не знам”, рекол замислено Макариј, „еве духовнкот отец Ероним е искусен во Русик, па тој ништо не вели, туку ги зема оние со благослов”.
 - „Отец Ероним, забележал пустиникот, навистина е искусен духовник и управува со своите браќа, но тој не се впушта во ситници и затоа не гледа какви лажици не треба да се прават, бидејќи тие можат да стигнат до раце на неверници и еретици, кои можат да се подбиваат со изобразениот благослов. Па и во православното семејство лажицата не е икона или крст; таткото со неа може да го удира својот син, може да послужи за играчка или да се валка некаде заедно со непотребни работи; а кога таму, на таа лажица стојат два крста, еден кој го претставува благословот, а другиот го изработуваш на ракавот на рацете која благословува: значи два крста ќе бидат понижени, а тоа е грев!”


 Макариј ветил дека во иднина нема повеќе да прави лажици со „благослов”; сакал уште нешто да го праша старецот но не знаел како. На крајот рекол;
 - „Ти оче од кој род си?” Старецот одговарал преку волјата:
 - „Јас сум од сите родови?”.
 - „Можеби си Русин?”
 - „Не, јас сум Бугарин”.
 - „Од каде знаеш толку добро руски?”
 - „Сам живеев на Морфан кај еден старец Русин јеромонах. Сум живеел и во скитот Света Ана, во Капсокаливија и во Проватон - со еден збор, сум заобиколил повеќе места и на крајот Господ ми го открил ова место, каде живеам веќе 16 години”.
 - „А колку години си живеел на сите тие места?”
 - „Па мислам дека повеќе од осумдесет, а откако сум дошол на Света Гора, не сум излегол одовде”.
 - „А колку години имаш?”
 - „Сто осумнаесет”.
 - „Со што се храниш и од каде наоѓаш облека и се што ти е потребно?”
 - „Имам побратим (потстрижен кај ист старец), кој е игумен на еден остров и тој ми доставува, доаѓајќи со чамец секои три месеца”.


 На крајот Макариј го запрашал старецот дали ќе дозволи да го посети и друг пат.
 Тој му одговорил дека и да сака, нема да успее. Така се разделиле.
 И навистина; после некое време решил Макариј да го посети истото место кинејќи си ги кондурите и облеката, но местото не можел да го најде. Следната година повторно го замолил Арсениј да однесе на истото место. Арсениј му ја исполнил желбата а Макариј со исти потешкотии повторно се спуштил до колибата на старецот, но  старецот не бил повеќе меѓу живите, свежиот гроб со крстот сведочеле за неговата смрт, а погребението го извршил неговиот собрат игумен кој го посетувал.
 Ожалостен што не го затекнал старецот, тој тргнал кон морето каде што се сливаат бистри поточиња што извираат покрај старчевата колиба. Пристапот кон морето не бил тежок. Таму кај што се влива потокот стоел бел крст кој служел како знак на игуменот.
 
 Освен за овој старец отец Арсениј знаел за уште три други сокриени старци, но за местото каде што тие живееле не сакал никому да каже, па колку и да го молеле. Тоа значи дека иatonski.strci2.jpgмало и дека уште постојат такви сокриени старци кои никој не ги познава освен оние кои се најверни. Еве пример:
 Пет години по заминувањето на Турците (околу 1835 год.) сердарите ловеле дивокози под врвовите на Атон. Еднаш рано наутро, поминувајќи ги стрмнините, наишле на некој гол старец, кој стоел на влезот од некоја тешко забележлива пештера. Зачудени од необичната средба, започнале со разговор:
 - „Благослови оче”.
 - „Бог да благослови”.
 - „Како живееш?”
 - „Му благодарам на Господа. А како живее Света Гора?”
 - „Многу добро, после заминување на Турците!”
 - „Какви Турци?”
 - „Како какви? Оние кои живееле на Света Гора после грчкото востание!”
 - „Какво востание!”
 - „Зарем не знаеш дека десет години се пролеваше православна крв за да се симне турскиот јарем?
 - „Не, не сум знаел. Овде нас не има седумина и никаде не одиме, па затоа не знаеме за тоа!”
 - Велејќи: „Благослови оче!” сердарите (стражарите) продолжиле по својот пат.
 Подоцна кога дошле во скитот „Св. Ана”, раскажувале за оваа средба. Тогаш се собрале повеќе оци, па заборавајќи на староста и на немоќта, веднаш тргнале да го бараат старецот! Но, старецот не бил онаму каде што го виделе сердарите, па ниту другите шестмина за кои зборувал старецот. Велеле дека тие се оние  најсокриени седум подвижници кои ги причестувал познатиот духовник Христофор од Јанокопула.
 

Превод: Илија Поп Гонев

Посети:{moshits}