логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 




01.jpg

18 ноември 2014 лето Господово


Славна си и преславна, Горо Атонска! Ти си неугаслив светилник на разумната молитва кој постојано праќа зраци во немирното море на светот, покажувајќи го безбедното пристаниште од бурите. Во тебе цветале најретките и најмирисни духовни кринови, достојни следбеници на Претечата во покајанието, на апостолите во послушанието, на св. Антониј во подвигот, на Пресветата Дева во молитвата и смирението... Ти си одгледала вистински чеда на благодатта, огнени столбови на молитвата, смирени старци величествени во своето љубовно служење, светии кои во овие непристапни карпи се сокриле од погледот на светот, но кои со својот молитвен подвиг го држат светот. Да, ова е земниот рај на Црквата Христова, Градина на Пресветата Богородица, предворјето на Царството небесно. Тука таинственото сјаење на благодатта Божја и денес ја осветлува и со љубов ја стоплува целата веселена, преку живото и непрекинато светоотечко предание. Тука постојано се излева молитва за целото создание; тука небото станува земја, а земјата – небо; тука смртниот човек непрестајно беседи со бесмртниот Бог.

И колку немоќни се човечките зборови во напорите барем и најмалку да ги доловат небесните случувања во таа Света и триблажена Гора! Можеби затоа молитвената тишина која царува таму е најсилниот израз на таа неовоземна убавина: и тие неми, камени, велелепни зданија, и самата благословена природа, и тивките ангелоподобни монаси – сето тоа се слева во една нечујна и непрестајна молитва кон седобриот Творец. Особено за време на долгочасовните богослужби во храмот, човечките гласови се мешаат со ангелските во заедничкото, небоземното славословие кон Бога.

Навистина премилостива е нашата Пресвета Владичица Богородица што нè удостои и нас, помладите Бигорски монаси, да стапнеме во Нејзината најсвета Градина, да се поклониме на Нејзината неискажлива слава, да го почувствуваме Нејзиниот Мајчински благослов што така силно е присутен во Атонската Гора. Тој бесценет благослов на небесната Царица му беше даден на нашиот старец, архимандрит Партениј, уште пред многу години, удостојувајќи го да пребива таму извесно време. И новото Бигорско општежитие, и целокупната обнова на духовниот живот во Бигорската обител, и плодовите од тој живот, старецот ги смета како благослов од Градината на Пресвета Богородица. Затоа тој во срцето никогаш не ја остави светата Гора, туку постојано, како нејзино верно чедо, се враќа и со радост ѝ брза во пресрет, носејќи ги со себе своите браќа, за со нив да ја сподели таа небесна љубов што засекогаш го врзала за ова предворје на Царството Небесно. Еве сега и нам, неговите помлади чеда, ни се дарува тоа блаженство, заедно со него да ја посетиме  таа чудесна Градина и да ѝ заблагодариме на Пречистата Дева.

„Небесниот Град“

Пристигнавме во Урануполис на 9 ноември. Со право овој град се нарекува „Небесен град“, зашто се наоѓа пред самите двери на „парчето небо на земјата“. Сведок на големи нешта е ова малечко гратче; испратило тоа многу свети отци и подвижници, видело како тие тука ја раскинуваат и последната врска со овој суетен свет. Ете, и нас со бесшумен поздрав нè испрати на ова поклоничко патување, кое започна од Григоријатскиот манастир на св. Николај Чудотворец.

02.jpg

03.jpg

Обителта на светиот Григориј Исихаст

04.jpgИ навистина, требаше нашето поклонение да започна оттука, од првоначалниот манастир на нашиот старец и игумен,04.jpg о. Партениј. Со колку само голема љубов нè пречекаа неговите некогашни собраќа, но и помладите монаси и искушеници! Новиот игумен на таа свештена обител, високопреподобниот отец Христофор, како вистински Христоносец нè прими во неговиот манастир и со солзи во очите и кроток глас раскажуваше за блажениот старец Георгиј Капсанис, неговиот славен претходник. Несомнено достоен ученик на големиот и богомудар старец! Со најголема благодарност за укажаната татковска љубов, нашиот игумен се поклони на гробот на достојноблажениот старец Георгиј, просејќи ги и понатаму неговите свети молитви. Таа вечер својот благослов штедро ни го испрати и светата великомаченичка Анастасија Римјанка, на торжественото светогорско бдение во чест на нејзиниот спомен. Беше тоа една чудесна сеноќна молитва, преводена од митрополитот на Китрос, Катерини и Платамон, г. Георгиј, кој како гостин допатува на ова бдение. Благодатното присуство на св. Анастасија беше посведочено и од благоуханието на нејзините чесни мошти.

Ја напуштивме свештената Григоријатска обител на 12 ноември со срца исполнети со голема благодарност кон старец Христофор и неговите христољубиви собраќа. Запловивме кон манастирот на свети Јован Крстител, основан во XIV век од уште еден светител од Охридската Архиепископија роден во Костур, св. Дионисиј Светогорец.

05.jpg

06.jpg


07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 12.jpg

 11.jpg

  Дионисијат – чекална за Царството небесно

13.jpgОвој мистичен и преубав манастир на светиот Јован Претеча зрачи со светост и молитва насекаде.13.jpg Издигнат на карпа, налик на некој духовен светилник кој на морепловците им го покажува патот кон вечното блаженство... Тука како да се губи и секоја најмала врска со земното... Со право нашиот старец го опиша како една таинствена чекална за Царството Небесно. Чекална исполнета со сигурни патници за тоа толку посакувано одредиште. Свештена тишина постојано го покрива овој манастир. И самите браќа монаси, духоносни старци и подвижници, повеќе ангели отколку луѓе, како бестелесни суштества се движат во него и се собираат во храмот со звукот на клепалото. А таму, во храмот, во тоа ненадминливо дело на византиското творештво, секојдневната богослужба – секојдневно бдение. Часови и часови на задлабочена молитва, потонати во рајот, секојдневно стремејќи се кон вистинско обожување. Колку ли само големо богатство за светот се овие смирени монаси – молитвеници!

Акатистната икона на Мајката Божја е само една од премногу светињи на кои се удостоивме да се поклониме во оваа ризница на светоста.

Заминавме од манастирот на свети Дионисиј со восхит и зачуденост од Божјиот оган што гори во срцата на „оние за кои овој свет не беше достоен“. Пред нас се појавија ѕидините на уште едно достојно за восхит дело на милоста Божја и човечката љубов кон Бога – манастирот Симонопетра. Пристигнавме таму на 13 ноември.
14.jpg 15.jpg

 16.jpg

 17.jpg

17.jpg

 18.jpg

 Манастир – карпа

19.jpgИзграден на непристапна карпа, со самиот изглед манастирот сведочи за едно големо Божјо чудо.19.jpg Чудесно е неговото создавање, чудесна е и неговата убавина, чудесна е неговата историја, чудесни се и тие што во него живеат. Доволно е само да се слушне нивното ангелско пеење за време на богослужбите, за да може да се сфати дека тие навистина се блиску до ангелите. Гостољубието со кое оваа свештена обител го прегрна нашиот старец и браќата, во ништо не е помало од она Авраамовото. Браќата монаси на овој прекрасен манастир зрачат со некаква внатрешна благост, така што кога ќе ги погледнеш, бран на спокојство ја заплискува твојата душа. А нивниот игумен, достојнопочитуваниот архимандрит Елисеј, како духовен аристократ го води братството по патот на обожението, преку подвигот на љубовта. Израснат од дете покрај големиот старец Емилијан Метеоритски и Симонопетриски, старец Елисеј во целост ја воспримил неговата духовна префинетост и убавина. На средбата со него, беше вистинска наслада да се слушаат неговите поуки и раскажувања за животот со старец Емилијан.

Откако ги нахрани нашите души со братољубието на симонопетријците, благословот на Пречистата Владичица наша нè однесе во гратчето Кареја.

23.jpg24.jpg

25.jpg



Кареја – главен град на монашката република

Сместен во средината на Атонскиот полуостров, во шумовит предел, градот Кареја веќе подолго од десет столетија е духовен и управен центар на Света Гора. Ова единствено монашко гратче во светот, украсено со впечатливи градби и улички, дише со посебен мир и спокој. На неговиот плоштад се издигнува прекрасната соборна црква на Протатонот, посветена на Успението на Пресвета Богородица. Овој храм - споменик со својата ненадмината убавина и ден денес сведочи за боговдахновеноста на византиските мајстори. Во него се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја „Достојно ест“, икона – заштитничка на целата светогорска заедница, но и на целото православно монаштво. Неслучајно нашиот старец Партениј пред 5 години порача идентична изобразба на оваа икона за нашиот свет манастир. И еве, сега, по милоста на нашата Заштитничка и непрестајна молитвеничка за родот човечки, се поклонивме на првообразот на Нејзината чудотворна и преславна икона. Тој ден Божјата промисла нè однесе на поклонение и во свештената Ќелија на св. Георгиј Фанероменос, чијшто храм некогаш го изградил познатиот подвижник од XIX век, светиот Хаџи-Георгиј, кој извесно време се подвизувал таму заедно со своите ученици. Колкаво беше нашето изненадување и восхит, кога од тамошниот аскет, гостољубивиот отец Исаак, дознавме дека сме дошле во таа ќелија во навечерието на споменот на старец Хаџи-Георгиј! Кроткиот отец Исаак ни го отвори храмот и ни ги изнесе моштите на св. вмч. Георгиј, на кои со благодарност и љубов се поклонивме.

Следниот ден, 15 ноември, се упативме на поклонение во уште една светиња на светиот Великомаченик – светата славјанска Атоно-зографска обител.

27.jpg28.jpg

26.jpg

 

Зограф – светогорски споменик на нашите предци

29.jpg

Како што нашето поклоничко патување започна со бдение,29.jpg Божјата промисла си уреди и да заврши со бдение. Бдение во чест на уште еден великомаченик, светиот Георгиј Победоносец, во неговиот славен манастир на Света Гора. Стотици и стотици верници го исполнија големиот соборен храм и присуствуваа на бдението по повод празникот Обновување на храмот на св. вмч, Георгиј во Лида Палестинска – Ѓургиц.  Зографскиот манастир, основан во X век од тројцата охридски браќа, светите Арон, Мојсеј и Давид, со векови бил граден и помаган од нашиот христоверен народ, кој таму дал недобројни монаси подвижници. Особено значајна за нас била големата духовна поврзаност на Зографската обител со Бигорскиот манастир во преродбенскиот деветнаесетти век. И, ете, сега по застапништвото на Пресвета Богородица и молитвите на св. Георгиј, тие врски повторно воскреснуваат во полн сјај. Никогаш не би можеле да го заборавиме гостољубието на високопреподобниот отец Амвросиј, игумен на таа света обител, и неговите пожртвувани браќа, и никогаш не би можеле достојно да заблагодариме за гостољубието и честа што му ја укажаа на нашиот старец и браќата. А како печат на оваа духовна врска на братољубието се добиените мошти од светиот отец наш архимандрит Анатолиј Зографски (†1848), бигорскиот монах, родум од мијачкото село Могорче, израснат во славното мијачко Лазарополе, кој со своето смирение и светост станал духовник на рускиот цар Николај I Романов, и успеал во секоја смисла да го воскресне тогаш замрениот Зографски манастир. На молба на нашиот игумен, старец Амвросиј со најголема љубов одвои честица од черепот на отец Анатолиј и ја подари за првоначалниот манастир на овој богомудар преродбеник.

30.jpg32.jpg


31.jpg

 33.jpg

 34.jpg

 35.jpg

 36.jpg

 37.jpg

 38.jpg

 39.jpg

Со овој голем благослов за нас, ја напуштивме Градината на Пресвета Богородица, исполнети со неизмерна благодарност поради Нејзината мајчинска љубов и закрила кон нас, недостојните. Нејзините најсвети молитви, и молитвите на сите што со добар подвиг се подвизувале и се подвизуваат во таа чудесна и најсвета Атонска Гора, нека бидат со нас. Амин!

 Извор: Бигорски манастир

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1483
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 938
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1187
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

« »