логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Чуда во манастирот Сопоќани1
Манастир Сопоќани

Манастир Сопоќани

Манастир Сопоќани

Истерување на демон од опседната девојка

Овој случај на исцеление се случи во едно муслиманско ромско семејство кое живее во Нови Пазар. Станува збор за една девојка која страдаше од демон со кој беше опседната. Марија секојдневно добиваше напади, при кои се однесуваше неконтролирано рушејќи сè пред себе. Покажуваше натприродна физичка сила во однос на својата возраст, а имаше околу 15 години. Сите молитви кои ѝ беа читани, како и самиот чин на крштевање и прва причест беа проследени со неартикулирани движења и звуци. Особено внимание кај лекарите од ВМА2, кои во една прилика се нашле во храмот додека ѝ се читале молитви, им привлекол внимание предметот во вид на топка, кој од стомакот на Марија се издигнувал кога ѝ се принесувал крстот. Кога ја виделе оваа необична појава лекарите признале дека ова нема никаква врска со некоја одредена болест како што најпрво се сомневале, тогаш и самите признале дека овде се работи за чудо. Но најголема радост на крајот од сè е фактот, дека уште четири души беа приведени кон Црквата Божја. Имено, целото нејзино семејство прими свето крштение и сега се меѓу најревносните верници. Марија подоцна раскажуваше за тоа, како Светите Лекари самите ѝ се јавиле во сон додека ѝ се читале молитвите.

Исцеление на болен од тумор во мозокот

Следното големо чудо на Светите Лекари е поврзано со Јован Д. од Косовска Митровица, на возраст од околу 20 години, кој боледувал од тумор на мозокот. По утврденото заболување на клиниката на ВМА овој млад човек се подготвувал за многу ризична операција. Неговата роднина го довела во манастирот Сопоќани заради молитви десетина дена пред одењето во болница. Предопрационите испитувања кои биле извршени во ВМА покажале дека туморот веќе го нема. Сето тоа се случи во месец април 2003 година.

Исцеление на болната од туберкулоза на бубрегот

Неколку години наназад дојде една госпоѓа Наташа Ц. од Белград, инаку доктор на економија, и замоли свештеник да ѝ чита молитви за здравје пред моштите на Светите Лекари, бидејќи подолго време боледува од туберкулоза на десниот бубрег. По извесно време госпоѓата Наташа повторно го посети нашиот манастир, но овој пат не поради молитви, туку за да Му заблагодари на Бога и на Светите Лекари поради исцелувањето на оваа тешка болест.

Исцеление на болна од дископатија

Откако добила парче памук, натопено во маслото од кандилото кое гори над моштите на Светите Лекари, сестра Славица која боледуваше од дископатија (пукнат дискус помеѓу 4-5 пршлен), по прочитаните молитви, навечер пред спиење со тоа го намачкала болното место. Утрото, кога се разбудила, нејзината радост била неопислива, болките потполно исчезнале и таа се вратила на своите домашни работи и обврски кои потполно била спречена да ги врши.

Исцеление на бездетни брачни парови

Најголем број исцеленија има над бездетните парови. Млад брачен пар од Босна, бидејќи биле бездетни, дошле да им се прочита молитва за здравје, по што набрзо добиле два сина. Едниот е роден на Божиќ, а другиот на Петровден следната година.

Во почетокот од летото на 2003 година во манастирот дошол млад брачен пар од Нови Пазар, кој по неколку години во брак немале деца, над нив беа прочитани молитви и дадени им се одредени духовни совети. Два месеца подоцна овој брачен пар пак дојде но сега веќе за да Му заблагодарат на Бога и на Светите Лекари, бидејќи жената веќе беше во благословена состојба, поради што чувствуваа голема радост и благодарност.

Свештеникот и неговата сопруга од околината, три години немаа деца. По прочитаните молитви се случи исцеление на овие слуги Божји, кои за неколку месеци очекуваат принова.

Кражба на моштите

Уште едно големо чудо кое ни укажува на будното око на Божјата промисла е крадењето на моштите на Светите Лекари од нашиот манастир на 25/12 октомври 2003 година. Тројца бугари беа примени од страна на дежурниот јеромонах. Воведувајќи ги во црква свештеникот, по вообичаеното претставување на историјата на манастирот ги послужил гостите кои како и сите верници купиле свеќи и по некоја икона. И додека брачниот пар го муабетеле отецот со прашања, третиот ги извлекол моштите од кивотот. Не сомневајќи се воопшто и најљубезно испраќајќи ги гостите до автомобилот, отецот се вратил да ги целива моштите и да ја заклучи црквата, и тогаш забележал дека ги нема. Веднаш ги известил останатите браќа и веќе по неколку минути двајца монаси и еден гостин тргнале по нив. Со Божја помош, бидејќи не знаеле по кој пат би можеле да одат бегалците, го престасале автомобилот со кој крадците тргнале кон излезот од Нови Пазар. Случајот веќе беше пријавен во полицијата, која ги запрела бегалците и ги привела на распит. По повеќечасовно испитување крадците ја признале вината и укажале на местото каде што ги закопале моштите. Моштите се вратени во манастирот доцна во ноќта, околу еден часот по полноќ. Браќата и гостите кои се затекнале во манастирот ги дочекале моштите со биење на камбаните и веднаш бил испеан молебен канон на Светите Лекари. Со ова брзо враќање на моштите во манастирот, се потврди по којзнае кој пат љубовта и подготвеноста на Светите бесребреници Козма и Дамјан да ги услишаат молитвите на оние кои им притекнуваат барајќи помош од нив.

Чудо во манастирот Зочиште, Косово



Отец Генадиј Беловолов


Манастир Зочиште
Манастир Зочиште

Има разни чуда. Но тоа беше некако посебно чудо. Се случи во косовскиот манастир Зочиште.

Кај нас тој манастир би го нарекле Козмо-дамјановски, но во Србија манастирите традиционално се нарекуваат со едно име, по правило, според местото каде што се наоѓа, иако името на овој манастир е тешко за изговарање. Нам тоа ни успеа дури на вториот ден од нашиот престој во него.

Првото што настојателот, архимандритот Стефан, ни го рече е тоа, дека главна светиња на манастирот претставуваат моштите на светите бесребреници Козма и Дамјан. Кај нас ги нарекуваат „безмездни лекари“, а на српски тоа звучи понагласено „бесплатни лекари“ (нагласокот е поместен: безмездни – тоа се оние кои не земаат „мзда“ (награда), што ние го сфаќаме како мито, а кај Србите се токму бесплатни). Тие мошти многу се почитуваат, им доаѓаат не само од Косово, туку и од Србија, што за Србите сега претставува голем подвиг. Уште повеќе моштите ги почитуваат и Албанците, како што раскажува отец Стефан. Треба да се знае дека манастирот е сместен во албанско опкружување. Во селото покрај манастирот се гради џамија. Позади ѕидините точно по распоред допира гласот на имамот. Манастирот како да се наоѓа во позадината на непријателот.

„Како тоа Албанци!? Па тие се муслимани!“ – се запрашав себеси. Отец Стефан кротко се насмевна, ги рашири рацете, како да вели: „па сепак… Па што прават тие? Доаѓаат, се молат, ги доведуваат болните, особено децата…“

Колку повеќе отец Сефан ми објаснуваше, толку повеќе приликите ми стануваа понесфатливи. „Па како се молат тие во православна црква?“ – „Молчешкум, по свое. Ние не слушаме“. – „И тие ги целиваат моштите?“ – „Тоа е нивна работа. Ние специјално за нив ставаме покривач на подот. Тие легнуваат под моштите. Лежат и добиваат помош“. Сето тоа ми се чинеше некако неверојатно. Не можев да замислам слична слика кај нас во Русија, на пример, кај моштите на свети Сергеј Радонешки да доаѓаат муслимани.

„Па тогаш, ги слуша ли Христос нивните молитви?“

„Многумина се исцелуваат…“

Се разбира дека потполно му поверував на отец Стефан, но, признавам, ми дојде во умот дека такво нешто треба да се види лично, со свои очи. Почувствував дека ако некому во Русија му раскажам дека Албанците доаѓаат во православни манастири да се исцелуваат, можеби нема да ми поверуваат, премногу е сето тоа неверојатно.

Козма и Дамјан ми даруваа такво чудо. По трпезата, кога веќе ги пакувавме куферите, подготвувајќи се за заминување, чув гласен детски крик. Бидејќи во нашата група имаше пет деца, првата помисла ми беше: да не се случило нешто? Но во малиот манастирски двор видов сцена која ме зачуди: мајка и татко го водеа по манастирската патека своето дете од пет-шест години, кое на сиот глас очајнички вриштеше, како некој да го коле. Устата му беше широко отворена што изгледаше како да му го зазема поголемиот дел од лицето. При тоа себеси се удираше со рацете по образите или почнуваше да се гребе по лицето и телото. На него веќе се гледаа траги од тие гребнатини, дури до крв. Ужасна глетка!

Во пресрет им дојде монах кој ништо не ги праша, туку ги поведе со себе во црквата. Имав чувство како веќе да ги познава. „Кои се тие?“ – го прашав. „Албанци, дошле кај Козма и Дамјан“. – „Ги знаете?“ – „Не, никогаш не сум ги видел кај нас, веројатно се оддалеку…“ – ми одговори.
Албанското семејство во Зочиште

Албанското семејство во Зочиште

Во црквата монахот некако смирено и навикнато ја зеде платнената простирка и ја посла под моштите. Родителите го спуштија детето така што главата да му биде точно под моштите. Во текот на првите минути детскиот врисок само се засили. Храмот го исполнија урлања. Ми беше жал да ја гледам кутрата мајка, наведната над своето дете, со ништо не може да му помогне. Отецот стоеше некако настрана, стискајќи ги дланките на стомакот. Одвреме навреме погледнуваше те кон синот, те кон иконите.

Албанското семејство во Зочиште

Во храмот немаше никого освен албанското семејство, монахот и мене. Останатите поклоници, иако го слушнаа врисокот, не се осмелија да влезат во црквата.

Врискањето постепено почна да се стишува и да преминува во лелекање.

Во тој миг случајно во џебот на подрасникот го допрев фотоапаратот „идиот“ и ми текна. „Сега имам единствена можност да снимам вистинско чудо. Па потоа некој нека се обиде да не поверува“. Го извлеков фотоапаратот и направив неколку снимки. Треба да се каже дека таткото на семејството спокојно реагираше на тоа.

Сето тоа потраја десетина-петнаесет минути. Детето потполно се смири, полежа уште некое време под моштите. Да не го подигнеше мајка му, веројатно ќе заспиеше таму. Монахот го собра прекривачот. Обрнав внимание на тоа дека, во текот на целата таа сцена, жителот на манастирот не проговори ниту збор. Сè правеше молчејќи, не гледајќи ги родителите. Неколку пати клекна кај детето и го гледаше, но при тоа не се крстеше.

Кога детето речиси сосема се смири, му пристапив на таткото и го прашав на српски: „Како се викате?“ Се претстави: „Фадиљ“. И тој мене ме праша: „Вие сте словенец?“ Изгледа дека ме издаваше мојот мек изговор, а исто така и бев премногу светлокос за Србин. Изгледа за него појавата на Русин на Косово беше понереално од појава на Словенец. Му реков дека сум руски свештеник од Русија, но со тоа мојата залиха од српски фрази ми беше исцрпена. Го прашав дали знае уште некој јазик? Се покажа дека знае германски. Откако пронајдовме заеднички јазик, рамноправно поразговаравме. Тоа ми раскажа дека е по потекло од Косово, но сега живее и работи во Германија во сервисна станица. На Косово доаѓа еднаш-двапати годишно. Има две деца. Со помалото излегле несфатливи проблеми. Лекарите не можат да помогнат. И тој специјално дошол тука во манастирот. Не издржав а да не го прашам: „Но вие сте ,муслим‘?“ – „Да, да, јас сум муслиман“. Застана и се замисли како да бара објаснување за мене (а можеби и за себе) поради фактот што муслиман дошол во православен манастир. По паузата изусти зборови, кои заради документалноста, сакам да ги наведам на германски: „Kraft ist hier“ („Силата е овде!“). Ги повтори овие зборови три пати, секој пат поцврсто, поубедено, притоа енергично покажувајќи со показалецот кон подот на храмот. Такви зборови да чуеш од Албанец кај моштите на христијански светители – многу вреди. Муслиманинот ја исповедаше силата на нашата вера. Ми преостана само да возвратам „jawohl“ („се разбира, „токму така“).

албанци зочиште3

„А како се вика вашиот син?“ – „Бесмир“ (бес – зол дух, демон). Ех, кога би знаел тој Албанец што значи тоа име за Русите!

Семејството се враќаше низ манастирските порти со поинакво расположение. Природно, во овој случај благодарноста се излеа на мене. Албанецот почна да ми ја стиска раката: „Данке, данке“. Го прашав како се вика на албански „благодарам“? „Фалендирим!“ – тоа беше првиот збор на албански јазик што го чув во животот. На разделбата се сликавме за спомен покрај портата на манастирот.

Кога се разделивме, помислив какво чудо се удостоив да видам (па дури и да фотографирам)! Чудо не само во исцеление на детето, туку поглавното и поголемо чудо е во тоа што видов како Албанците доаѓаат во српските светилишта по помош, во оние светилишта кои самите тие ги рушеа, кај оние Срби, кои самите тие ги протеруваа. Зашто, токму тој манастир пред десетина години Албанците го срушиле, монасите ги протерале, соборната црква ја минирале и ја кренале во воздух. И ете ги сега како самите доаѓаат во него по помош и исцеление. Што е тоа друго, освен духовна победа на Србите! Ми се чини дека тој Албанец никогаш нема да крене рака на српска светиња.

Морам да кажам дека оваа сцена во храмот се одигра не само во присуство на моштите, туку и пред иконата на Богородица „Августовска победа“. Ете ви и уште една победа за Србија од оваа икона во месец август.

По тоа чудо во Зочиште некако станав поспокоен за судбината на Косово. Порано или подоцна онаа сила, за која тој Албанец ми кажа, задолжително ќе победи…

Чудо со иконата на светите Козма и Дамјан од манастирот Зочиште, насликана во 1870 година
Отецот Антониј Давидович ја нашол оваа стара и чудотворна икона на светите бесребреници, и самиот тој го раскажува следново:

„Разрушувањето на манастирот не е дело на локалните Албанци, туку на дојденци од Албанија. Локалните Албанци исто така ја почитуваа светињата. Рушењето беше извршено професионално, така што од манастирските ѕидини, со дебелина од еден метар, не остана речиси ништо. Сè беше раздробено, и само две симетрично легнати бетонски плочи го привлекоа моето внимание. Тоа беа единствените крупни остатоци среде ситните парчиња. Една од бетонските плочи лежеше точно над местото каде што се наоѓаше левата певница (клирос) и каде што почиваа моштите на светиот Дамјан. Сега под самата плоча лежеше половина од иконата на светите Исцелители. Имено, токму таа половина на која беше насликан ликот на свети Дамјан. Другата половина од иконата, расцепена од рушењето, лежеше под другата бетонска плоча – токму таму, каде што некогаш почиваа моштите на свети Козма.албанци зочиште

Тоа беше чудо Божјо: ете двете бетонски плочи – единствените кои се сочувале масивно среде кршот од ќерамиди и камења – во текот на годината служеле како покрив за половинките од иконата на светите Исцелители. И на тој начин, половинките од иконата се наоѓаа во единствените две суви места од разрушениот манастир. Бетонските плочи ги сочувале парчињата од иконата, наоѓајќи се токму таму, каде што до евакуацијата на браќата се наоѓаа моштите на угодниците“.

албанци зочиште

Во текот на истата година беше завршена реставрацијата и конзервацијата на светата икона. Веднаш по завршувањето на конзервацијата, во саботата на 23 октомври иконата беше изложена во црквата на Свети Сава на Врачар. Во текот на следните 24 часови беше извршена служба со сеноќно бдение и литургија. По отслужувањето на акатистот, иконата се врати назад – во обновениот манастир Зочиште во Метохија. Само за еден ден, додека светињата беше достапна за поклонение, десетици илјади верници белграѓани се поклонија на иконата. Во тој број беше и авторот на овие редови. Чудесен е Бог во Своите светии!

Исцеление на немо дете – раскажува монахиња Варвара

„Во едно побожно српско семејство, малиот син почнал лошо да зборува, а со текот на времето и потполно онемел. Таткото на детето го донел синот во Зочиште со надеж во помошта од светите Лекари. Возрасните излегле на улицата, а детето останало да си игра во црквата, каде што случајно заспало под ковчегот со моштите. Кога се разбудило, излегло надвор од храмот, и мижејќи од дневната светлина и полека, рекло: „А што ќе јадеме денес?“ Ова чудо се случило пред рушењето на манастирот во 1999 година, од страна на УЧК.

Чуда раскажани од протосинѓелот Јован Јеленков, игумен на манастирот Сочаница во Косово

Во Зочиште, манастирот е познат по исцеление на многу болести, особено на бездетност. Прво чудо за коешто слушнал, е следново: Дошол некој брачен пар од Лесковац, за да им бидат читани молитви за да добијат пород, зашто 22 години биле без деца. Им биле прочитани молитви, биле поучени да се венчаат, и потоа добиле дете, син, на кое се појавил знак, така што на неговото лево уво јасно се видел знак на буквата К, а на десното Д. – т.е. почетните букви на овие светители, чии мошти се наоѓаат таму.

Отецот лично видел, како многу неподвижни болни се исцелиле, откако ќе им биде прочитана молитва, или ќе легнат под моштите. Некој човек од Ораховец, се шлогирал, и веднаш, наместо на лекар, бил донесен тука, и откако му биле прочитани молитви, се исцелил.

Бисерка Јовановиќ од Косово, ослепела, па нејзиниот сопруг ја довел во овој манастир, каде што се исцелила откако легнала под моштите. Самата таа тоа го раскажала. Мажот ѝ стоел, а таа заспала, и почнала да вика: леле, ми изгореа очите. Сонувала како двајца луѓе носеле оган и ѝ го фрлиле во очи. Таа станала, а мажот почнал да вика: „Што ти е, што ти е?“ А таа сфатила дека прогледала, иако лекарите ѝ кажале дека невозможно е таа да прогледа.

Една жена дошла кај него и му го раскажала следново: „Јас сакав да се омажам, ама не ми одеше. Се молев да се омажам, и овие светители ми најдоа маж за да се омажам. А потоа се породив точно на денот на празникот, 14 јули, и родив ќерка, која ја крстивме со името Александра“.

Некои се молеле за да добијат работа, за да стапат во брак, деца, и нивните молби биле исполнувани, по молитвите на светите Лекари.

Во 1995 година, од Австрија дошол некој Србин, кој сакал да запали свеќа со запалката, со која палел цигари, но никако не можел да запали. И одеднаш од кандилото над моштите, на оддалеченост од 10 метри, долетал пламен, и му ги запалил свеќите. Тоа го сфатиле како чудо од светителите, дека не им е угодно да се палат кандила и свеќи со иста запалка, од која се палат и цигари.

На 8 јули 1997, отецот Јован бил нападнат од грб од страна на еден наркоман, кој по препорака на некој свештеник бил испратен таму на лечење, и му задал 11 убоди од нож, а отецот сето тоа го преживеал само по нивните молитви.

Наредната година манастирот бил нападнат од Албанците, а монасите читале акатист на светите Козма и Дамјан, и никој од нив не загинал. Потоа Албанците ги повеле на стрелање со автобус, но ги ослободиле, по молитвите на светите Лекари.

Собрал и превел: Свештеник Јани Мулев

Православна светлина бр. 27

1 Свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, Врачево 2008.

2 Воено-медицинска академија.

3 Преземено од: http://www.srpska.ru/article.php?nid=19646

4 Преземено од: http://manastir-zociste.blogspot.com/2012/09/blog-post.html

5 Преземено од сајтот на манастирот Лепавина: http://manastir-lepavina.org/vijest_ru.php?id=3116

 

 Извор: Ортодоксија и ортопраксија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 855
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1126
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1070
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »